Премногу арогантност покажуваат одредени навиваачи на Интер, несфатливо бајаги со оглед дека нештата не се розеви ко у Сити на пример или Баерн.
Три пати се послаби од лани (гајле ми е каква е конкуренцијата), имаат лоша клупа и алтернативи, и посебен акцент треба да се стави на средината која е составена само од тројца добри играчи, стартерите, толку. Гаљардини, Весино и Видал да ги споиш пак нема да искочи доволно добар играч за тимов у моентов.
Гледам некое задоволство од меркатово зимоска ?!? Даден е сенси кој иако беше инвалидизиран, беше единствена алтернатива која одговара на фудбалот на Инзаги за средината, а донесен е ... никој. Со хакан, барела и броз на три фронта у ниедно сценарио нема да се издржи зашто фудбалов на Инзаги многу ги троши фудбалерите, Брозович до сезонава никад не бил седнуен на клупа у тек на меч, сезонава неколку пати веќе тоа се деси. Прв пат ќе се осудам да кажам дека Марота усра у едно меркато кај нас кое може многу да не кошта на крај, Госенс е супер играч, али е повреден моментално и не се знае кога ќе се врати, приоритет требаа да стават на средина уз задржување на Сенси бар до Јуни, нарочито што Барела им е изгубен двете со Ливерпул ама ова скроз го изигнорираа од управата на тимот изглеа.
Инзаги како тренер повторно покажува големи слабости, не зборам за тоа демек се бранел и чувал водство зашто тоа не е точно, он не ни знае да чува водство никад тоа не го праел, со Лацио секоја сезона над 50 голови примаше, едноставно му издишаа играчите ко што беше случај и со Јуве и во останатите големи натпревари кои се физички доста захтевни. Али крив е што на 1-0 прими гол од контра 6 на 3, ова е недопустливо, несфатливо и катастрофално за било кој калчо тим, ова ни Венеција не би си го приуштиле.
Милан заслужено си доби, презаслужено, честитки до навивачите, сезонава ќе е претешка за сите, тоа и го очекував, али денес зицерот што го имаа Интер а не го искористија може многу да ги кошта јер је прв меч од оној тежок период кој допрва следи за нив во кој наместо да влезат поопуштени, испаѓа дека ќе газат на апла тенок мраз.