Да бидам искрен, малку сум разочаран од попустот на Матица, во декември имаа далеку подобар попуст, каде речиси сите трилери им беа по 199 ден, па сега си ја земав само новата од Каризи.
Српските изданија им се на - 30%, а ценовникот го има и на нивната фб страница и на нивната веб страница.
Ама затоа си направив уште еден комплет од 10 од Антолог. Од она, поинтересното, што можам да го издвојам е "Шест проблеми за дон Исидро Пароди" од Борхес/Касарес и "Не правете им сенка на гробовите" од Дијана Петрова. Шарав и со домашни автори, а оваа оди со потпис од самата авторка, што е убав гест, но и маркетинг трик.