Пред некое време и ја запаѓав во грди дискусии за дрогата..
Нема да пишам нешто научно како Бацилус затоа што незнам.. Но можам нешто штосум видела со свои очи.. Кој како ќе го сфати така нека игра.. Немам намера да солам памет или нешто..
1во да одговорам на СкајДог - Не е Манга ко мене, не ме ни потсеќа, полоша бев ја шта ти је
Вака сеа..
Не е битно ја што зимам.. Колку.. Зошто.. Како..
Тоа е сепак личен избор..
Пред 1 година запознав многу Ок дечко, постар од мене некоја година.. Тоест ја бев 14 он 17 тогаш.. Ми стана ептен другарче типот.. Се запозна и со еден тип - дилер тежок, сјебан тип.. Ама овој не слушаше што му се збори и се здружија ептен.. А ни пушеше цигари, не зимаше ништо..
И нема везе.. Недела дена одкако се здружија типциве тој пропуше трева, по еден месец беше лошо фрлен на амфети и табли, а понекоа време го продаде мобилниот за да проба кока. Проба, му се засвиѓа. По некоја недела веќе имаше неколку рекети мавнато, и неколклу продавници ограбено. Го фатија, немаа доволно докази, па го пуштија по еден месец притвор.. Го немав видено долго.. По некој месец отидов на журче и единственото што го видов беше тип на земја оптегнат и цела тајфа околу него. Се имаше рокнато, и падна овер. Преживеа.. Ми се згади и излегов од местото.. По некое време го видов во едно нет кафе, се вработил таму, мислев дека се опаметил и дека тргнале на прав пат работите.. Се излажав.. Следното што го чув и тоа следниот ден беше дека бил пријавен во наркоманската.. Терапија со МОРФИУМ..
Што да кажам повеќе..Мислам дека сите ја сфативте работава..
Заклучок би ја стајла онаа старата поговорка - Боже чувај ме од *пријателите* од непријателите можам сам..
Ете што е фората.. Не секој разбира дека на дилерите им е РАБОТА да те навлечат.. И кур ги боли што ќе пропаднеш.. Затоа е најдобро да се држиш на страна од такви луѓе.. Ти зимај си ако сакаш нешто ситно онака..Ама немој НИКОГАШ ради друштво.. Ако тебе ти се пуши трева ок.. Твој личен избор.. Ама со она - Ај ради другарите ке стигнеш до нигде.. Така *групно* најлесно се забегуе.. Ако не ти држи гзот да стојш цврсто на својот став, не влагај во матни работи зашо ќе се изгориш..
Толку од мене.. Кој како си го сфати ова негова работа.. Се надевам дека бар за некој е поука..