Темава како печена.
Завчера летав со Аустриан бидејќи Виз имаат некоја пауза од месец и пол и многу од летовите се суспендирани. Тие што не се, карта е 200 еур. За тие пари не летам со Виз па шо сака нека е.
Виз го користам само поради директната конекција, и во тој случај door to door ми доаѓа некаде 12 саати ( за лет од 3 часа ). Аеродромот што го користат е оддалечен 80км од Стокхолм, нема никаква конекција освен еден автобус. Аеродромчето е мало, на терминалот нема место за седење, те пикаат ко сардини, и одма се познава поинакво понашање од персоналот ( и оправдано пошо сме диво племе ).
Како изгледа еден лет со Виз:
1. Boarding трае еден сат. Или не знаат да почитуваат прајорити патниците, или се враќаат заради поголем багаж, или ако веќе стигнале во авионот започнало преместување, џанам Охрид - Струга со Галеб е.
2. Почнуваат припреми за полетување, галама насекаде, пола од патниците уште зборат на телефон
3. Полетал авионот, стигнал висина и се исклучува знакот за задолжителен појас и почнува журката. Не се губи време, веднаш се станува. Се чекаат редици за вц, како да не сме го напуштиле терминалот пред нецели 30 минути. Кој не стигнал да се премести пред летот ќе се премести сега. Исто така ова е добар период да се закачиш простум до седиштето во кое седи некој познаник и цел лет да муабетиш. Се нарачуваат пијачки и јадења како да сме на прекуокеански лет, не на 2 и пол часовен лет.
4. Почнуваат припреми за слетување. Повторно редици пред вцто.
5. Слетува авионот, гумите уште не го допреле асфалтот. Минимум пет патници започнале да стануваат и да го вадат багажот. Стјуардеси се дерат, патниците немаат гајле.
6. Тие што го дочекале авионот да застане, почнуваат со стартните позиции за излегување од авионот. Пожелно е ако седиш во последен ред да се истуркаш што е можно понапред за побрзо да излезеш од авионот, сепак 3 минути се долго време.
И се ова се случува само на летови од Виз кои оперираат низ Балканов. Истото искуство го имав и кога летав од Софија, Тирана,Скопје.
Мене сите овие случки ми ствараат неверојатна нервоза.
Летот со Аустриан ме препороди
Никој не се премести, немаше шетање по кабината за време на летот, немаше галама, немаше туркање при излез, и општо третманот е поинаков. Слетуваш на главен аеродром, одма поинаква атмосфера. Мирот кој се добива е непроценлив, за се друго постои мастеркард
