СТБ нема да биде привлечна акција се додека не си ги реши проблемите дома со приоритетните акции и не почне повторно да дава дивиденди. Опасноста иако мала приоритетните акции да се конвертираат во обични, дали една за една или две за една ја прави СТБ ризична по вредноста на инвеститорите.
А што прашувавте за АЛК, статистиката од нивниот 10 годишен раст кажува дека од нив просечно може да се очекува 22.5% годишен раст на цена. Тој раст е просечен, што значи дека некоја година ќе биде повеќе, некоја помалку ама ќе се движи околу тој процент, што кажува дека за 5 години, во 2027 АЛК може но не мора да дојде на 60 000.
Лично немам акции во АЛК затоа што никогаш не сум можел да си ја објаснам нејзината вредност. Секогаш добивката од дивиденда од 2.5% ми изгледала ситна, а растот на акцијата никогаш не е гарантиран.
Затоа сум пропуштил голема заработка, но не се каам затоа што ни сега не можам да си објаснам зошто би купил АЛК со 2.5% дивиденда наместо КМБ со зал жал на сегашната цена е скоро 6%. Од истата причина повеќе би купил ТЕЛ со нешто под 6% дивиденда отколку 2.5%.
Но, за мене добрата дивиденда е задолжителен критериум во селекцијата на компании. За други не мора да биде.