Секоја чест ако успеат да си ги вратат назад парите од Кулушевски, ама мене малце не ми е јасно како планира да игра Алегри, особено полусезонава кога Киеза е повреден.
Ако планира да продолжи со флет 4 4 2, или друга формација со крила, како опции таму му остануваат буквално само Квадрадо, Бернардески и... Рабио.
Ако планира нешто како 4 3 1 2 дијамант, со Дибала на плеј и Влаховиќ + Мората/Кин напред, резерва за Дибала нема.
Ќе имаше смисла можда 3 5 2 со Локатели, Закарија и Меккени во среден ред, Квадрадо и Сандро вингбекс и Дибала + Влаховиќ напред, ама како што кажа некој поназад, не може да се игра со тројка назад ако штопери ти се Киелини со милион години и Бонучи.
Далеку од то дека Кулушевски беше играчиште и ги оправда очекувањата, ама беше опција за ротација на офанзивниве позиции, дали крило, дали позади напаѓачи, дали како шпиц во злочас, вака некако ми се чини дека Алегри ќе треба да менува формација само во зависност од тоа кои фудбалери му се достапни.