ATP тенис - општа дискусија

Член од
23 август 2010
Мислења
39.356
Поени од реакции
113.673
А во што ќе го стигне? Во меѓусебните? Веќе неколку години наназад на сите подлоги освен земја Новак е изразит фаворит. Последниот пат кога играа и на земја го доби. Во мастерси? Надал ако не се лажам го нема освоено Синсинати, најбрзиот мастер на турот. Шансата на овие години со оваа игра да го освои се блиску до нулата. Во број на слемови? Да не беше глупоста на УС ОПЕН Новак веќе ќе имаше 21 а овде како прв фаворит ќе бркаше слем број 22. Новак во следните 2-3 години секогаш ќе биде прв фаворит на АО, Вимблдон и УС Опен.

Те молам објасни како ќе го стигне.
Го има освоено Синсинати, 2013 во два ТБ против Иснер. Ги нема Мајами, Шангај и Париз со тоа што некои Шангај му го рачунаат како освоен зашо на местото од тој турнир се играше турнирот во Мадрид во сала. Небитно, тие Мастерси ги нема освоено.

Јас се слагам со Божино, Новак ќе е ГОАТ на крајот на нивните кариери, без разлика дали ќе заврши со помалце или повеќе слемови во однос на Роџер и Рафа. Ова го реков уште лани на РГ, тоа беше печат на муабетот за ГОАТ, го добиваш Надал на негов терен каде што има 13 титули, кај што е недопирлив, што повеќе да се каже?

Мислам дека треба Рафа да заврши со 3-4 слема пред Новак за да може да се смета за ГОАТ, а тоа е речиси немогуче. За мене Новак е најкомплетен од нив тројца, што се гледа по неговите резултати и рекорди, Надал е најголем шампион и победник, не дека другите двајца не се ама Рафа има најдобар однос на победи/порази кога ќе стигне во финале на Слем а и општо, и Федерер како најелегантен тенисер на сите времиња, онака уживање за око е да го гледаш додека гази на терен, односно ко да не ни стапнува на истиот од што е лесен и совршено граден.

Околу тоа офанзивен/дефанзивен тенис срамота е да се зборува, нити Новак нити Надал не се дефанзивци, онака допирна точка со такви играчи немаат. Ај прво од Рафа ќе почнам, кога и да му даде прилика противникот он го бомбардира од основна, претежно со својот форхенд како негов доминантен удар. Новак исто, совршен сервис, совршени удари од двете крила, секоја кратка топка од противникот значи поен за него. Е сеа тоа што некад зема поени од 4 метри позади основна клизајќи по терен не значи дека е дефанзивец туку дека противникот го притиснал а овој му го украл поенот. Д од дефанзивци немаат двајцата.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Добар обид да ги групираш Ноле и Рафа демек со исто достигнување.
Не баш, повеќе ми личи како на нивно одлепување од Федерер со оглед на моменталната форма, годините итн. Никаде не ги ставив на вага Рафа и Ноле, факт е дека моменталните бројки се убедливо на страната на Ноле, а како што кажа Стефан, мечот на Ролан Гарос лани беше целосна пресвртница во однос на тоа. Дополнително стојам врз ставот дека Федерер набилда слемови во поразлично време, да не речам "weak era" и неговиот дебел негативен меѓусебен скор со Рафа и Ноле не е случаен. Во поглед на елеганцијата и начинот на кој ги изведува ударите, капа доле, играм рекреативен тенис на повисоко ниво и јасно ми е што значи и како изгледа Роџер на врвот, а Данил Медведев на дното :)
 
Член од
17 јануари 2022
Мислења
67
Поени од реакции
144
Го има освоено Синсинати, 2013 во два ТБ против Иснер. Ги нема Мајами, Шангај и Париз со тоа што некои Шангај му го рачунаат како освоен зашо на местото од тој турнир се играше турнирот во Мадрид во сала. Небитно, тие Мастерси ги нема освоено.
Да бе, скроз се помешав за Синсинати. Сега дури се сетив дека го гледав тој меч.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.717
Поени од реакции
43.745
Да бе, скроз се помешав за Синсинати. Сега дури се сетив дека го гледав тој меч.
Џоковиќ го немаше освоено само Синсинати до пред некоја година, ваљда за тоа. :))
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
И ја мислам дека Рафа ќе треба да има 3-4 слема повеќе од Џокович за биде во дискусија за ГОАТ. Едноставно многу заостанува во недели на прво место и нема освоено ниту едно АТП финале.

Тоа што највеќе го двои Новак од другите е што ги има комплетирано мастерс турнирите двапати и му фали уште по една победа во Синсинати и Монте Карло за да ги има сите 9 турнири освоено трипати. Пример Рафа и Фед имаат 7 од 9 мастерси освоено и се далеку позади во оваа категорија.

Статистчки гледано Новак е најдобар all-around играч.
На земја само Надал и Борг имаат подобар winning percentage од него. На трева е исто така еден од најдобрите. За бетон да не правиме ни муабет.

Иначе ако освојува уште слемови Новак, а не гледам зошто не би, мислам дека на Вимблдон има најголема шанса за уште 2-3 титули. На другиве макс уште една, дали и толку.
 

Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.728
Поени од реакции
2.794
Не знам за вас, ама мене Циципас у последниве 2 години ми стана најгаден тенисер, апослутно не почитува ниедно правило, иде у ВЦ 30 минути, си збори со татко му стално на терен и да не набројувам.. апсолутно беше во право Медо.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.318
Малце погрешна слика дава меѓусебниот однос и доминацијата на тврда подлога во корист на Ноле само заради оние 7-0 кои ги набилда во 2015 и 2016 години во кои Рафа не постоеше и му беше буквално спаринг партнер.
Многу се подценува Рафа и неговата игра на бетон, пред посериозните повреди во периодот 2010-2014 беше монструм и пата-пата со Ноле, сетете се само какви егал мечеви одиграја во тој период дури во 2013 го победи бек ту бек во Канада и на УС Опен.
Нема дилема дека Ноле е нај ол араунд играч и најконстантен само ме нервира кога Надал се класификува како еднодимензионален шљаќер :D

Покрај Вимблдон 2018 за кој сметам дека му беше најбитниот пропуштен слем на Рафа(меч кој го доминираше од размена) заедно со малерозниот АО 2014 утрешниов меч му е да се биде или не, со евентуална победа и 21 слем има прилика на РГ за 22 кој ќе се ултра тешко достижни за Ноле гледајќи дека Медведев e речиси невозможно да се добие на бетон.

VAMOOOOOOOOS! :popce:
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.897
Поени од реакции
11.198
Само не сакам утре да гледам уште една драма во 5 сета каде ќе изгуби Надал. Убедливо најмалерозниот турнир за него е ова и ова мислам дека е последна шанса за да го освои уште еднаш. Али Надал е, најчесто го прави она што не очекуваме, дури ни најголемите фанови. Медведев го сметам за фаворит али ќе иде едно 1000че за Надал утре, скроз навијачки, добар коефициент е башка :D
 
Член од
9 октомври 2013
Мислења
120
Поени од реакции
283
Само не сакам утре да гледам уште една драма во 5 сета каде ќе изгуби Надал. Убедливо најмалерозниот турнир за него е ова и ова мислам дека е последна шанса за да го освои уште еднаш. Али Надал е, најчесто го прави она што не очекуваме, дури ни најголемите фанови. Медведев го сметам за фаворит али ќе иде едно 1000че за Надал утре, скроз навијачки, добар коефициент е башка :D
stavi i 2000 den deka dvajcata ke osvojat barem 1 set 1,5 kvota da go istajs 1000 ceto :P vo slucaj na pobeda na medvedev
ili tocen rez 3-2 za nadal 7 kvota za 3-1 e 6.5
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.897
Поени од реакции
11.198
stavi i 2000 den deka dvajcata ke osvojat barem 1 set 1,5 kvota da go istajs 1000 ceto :P vo slucaj na pobeda na medvedev
ili tocen rez 3-2 za nadal 7 kvota za 3-1 e 6.5
Хахаха не бе уживај не сум нешто по кладењето, ова чисто онака спортски :D
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.717
Поени од реакции
43.745


Циркузантиве станаа ГС шампиони. :D Ама ми направија ќејф ептен. Браво!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Какви копита се ова австралијанциве мајко мила. Од тенисерите (сите се кенгури) што играа во финалево (парови) до публиката, кој од кој бетер е. Не се затнаа со исвиркувања и добацувања
Еден идиот го избркаа со обезбедување пошто се дереше додека сервираа :facepalm: :pos:

Али битно Киријос и Кокинакис Грен Слем шампиони :brlav:
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Какви копита се ова австралијанциве мајко мила. Од тенисерите (сите се кенгури) што играа во финалево (парови) до публиката, кој од кој бетер е. Не се затнаа со исвиркувања и добацувања
Еден идиот го избркаа со обезбедување пошто се дереше додека сервираа :facepalm: :pos:

Али битно Киријос и Кокинакис Грен Слем шампиони :brlav:
И на женското финале се однесуваа како сељаци. Јес да нивна игра во финале, ама страшно простачки, со исвиркување и дофрлувања дури и при говорот при доделување на пехарите.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.356
Поени од реакции
113.673
Како што и се случува сегде низ светот кога игра домашен играч, освен можда на турнирите во Швајцарија, Шведска и тие таквите земји каде публиката е како во театар. На било кое друго место во светот кога игра домашен играч се дешаваат вакви работи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom