- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 39.356
- Поени од реакции
- 113.674
Го има освоено Синсинати, 2013 во два ТБ против Иснер. Ги нема Мајами, Шангај и Париз со тоа што некои Шангај му го рачунаат како освоен зашо на местото од тој турнир се играше турнирот во Мадрид во сала. Небитно, тие Мастерси ги нема освоено.А во што ќе го стигне? Во меѓусебните? Веќе неколку години наназад на сите подлоги освен земја Новак е изразит фаворит. Последниот пат кога играа и на земја го доби. Во мастерси? Надал ако не се лажам го нема освоено Синсинати, најбрзиот мастер на турот. Шансата на овие години со оваа игра да го освои се блиску до нулата. Во број на слемови? Да не беше глупоста на УС ОПЕН Новак веќе ќе имаше 21 а овде како прв фаворит ќе бркаше слем број 22. Новак во следните 2-3 години секогаш ќе биде прв фаворит на АО, Вимблдон и УС Опен.
Те молам објасни како ќе го стигне.
Јас се слагам со Божино, Новак ќе е ГОАТ на крајот на нивните кариери, без разлика дали ќе заврши со помалце или повеќе слемови во однос на Роџер и Рафа. Ова го реков уште лани на РГ, тоа беше печат на муабетот за ГОАТ, го добиваш Надал на негов терен каде што има 13 титули, кај што е недопирлив, што повеќе да се каже?
Мислам дека треба Рафа да заврши со 3-4 слема пред Новак за да може да се смета за ГОАТ, а тоа е речиси немогуче. За мене Новак е најкомплетен од нив тројца, што се гледа по неговите резултати и рекорди, Надал е најголем шампион и победник, не дека другите двајца не се ама Рафа има најдобар однос на победи/порази кога ќе стигне во финале на Слем а и општо, и Федерер како најелегантен тенисер на сите времиња, онака уживање за око е да го гледаш додека гази на терен, односно ко да не ни стапнува на истиот од што е лесен и совршено граден.
Околу тоа офанзивен/дефанзивен тенис срамота е да се зборува, нити Новак нити Надал не се дефанзивци, онака допирна точка со такви играчи немаат. Ај прво од Рафа ќе почнам, кога и да му даде прилика противникот он го бомбардира од основна, претежно со својот форхенд како негов доминантен удар. Новак исто, совршен сервис, совршени удари од двете крила, секоја кратка топка од противникот значи поен за него. Е сеа тоа што некад зема поени од 4 метри позади основна клизајќи по терен не значи дека е дефанзивец туку дека противникот го притиснал а овој му го украл поенот. Д од дефанзивци немаат двајцата.