Како мислиш големи загуби? Се работи са куќа, издвоена, а не стан кој од сите страни ја дели топјината со други. 100м2 + Бојлер (4 лица) + топла вода во кујна? Проблем беа вечерните часови кога температурата паќаше до -7. Преку ден се си е нормално.
Отприлика вака е програмот: Пон-Пет.: 00ч - 05ч зададена температура 20 степени, 05ч - 08ч зададена температура 24 степени, 08ч - 14ч зададена температура 20 степени и 14ч - 00ч 24 степени. Саб. и Нед.: 00ч - 07ч зададена температура 20 степени, 07ч - 00ч зададена температура 24 степени,
Сметки за ел.енергија (вкупна потрошувачка):
1. 15 Окт. - 15 Ное. - 3.923.00ден.
1. 15 Ное. - 15 Дек. - 5.511,00ден.
1. 15 Дек. - 15 Јан. - 7.124,00ден.
Цела куќа загреана + топла вода, а тоа е вкупна потрошена ел.енергија! Напрај математика ти. Извади ја редовната потрошувачка на ел.енергија која е некаде 1.800,00 - 2.000,00ден месечно па види колку е греењето, а за ладење да не ти зборам (не е ниту 1/3 од греењето).
Бафер сакам баш затоа, за верме на дефрост и да го загрева на ниска тарифа (преку вечер кога има резерва од топ.пумпа, а преку ден да го троши), а башка на баферот што можам да го закачам и соларното.
А она што кажав дека топ.пумпа е идеална за подно греење е баш така. Сега водата ја греам од 46-50 степени. За подно би ја греел од 30-35 степени (Идеално).
А за исплаќање - ова е четврта година - така да тука е негде! Од искуство, моја препорака за нова градба (или реновирање) подно греење со топ.пумпа, а ладење со фен кулери. Само при купување на топ.пумпа задолжително за 2/3 поголем капацитет од тоа што ќе ви препорачаат за да имате резерва затоа што моќноста на топ.пумпа е декларирана за одредена температура (која обично е над 0 степени), а на -10 е на пола. Затоа ако ви кажат 10kW - знајте дека ви треба 16kW или повеќе (за да ги немате проблемите што јас сега ги решавав), а разлика во цена ке биде 2 илјади евра максимум Подобра инвестиција нема!