На некој начин целосно се понижуваш себеси во таква недефинирана врска.
Веќе сум минала низ такво нешто.
Не знам кај ми беше паметот речиси 8 месеци.
Кога му направив муабет по неколку месеци од нашето гледање за тоа : Што го спречува да бидеме заедно, тој погрешно си го издефинирал сето тоа и помислил дека всушност сакам да имаме односи
(!) (сигурно под дифолт го помислил тоа од девојките со кои се гледал)..и на прашањето ми одговори дека не сакал да ме повреди, што мене ми падна чудно..Како би можел да ме повреди? ..и останавме на тоа. Продолживме да се муваме.
По неколку месеци откако се разделивме ми разјасни дека погрешно сфатил. Бев многу изненадена од погрешната проценка и дури тогаш почувствував болка. Толку време се гледавме, а тој помислил дека јас сум уште една од неговите лесно примамливи девојки.
Околу нашата разделба.. се обидував да ја решам ситуацијата, но тој глумеше недостапен. Подоцна сфатил што навистина загубил, ме побара, но веќе беше доцна. Јас бев во ВРСКА со друг човек, а тој очекуваше дека ќе го чекам.
Бев убедена дека сфатил дека погрешил и ми ветуваше најубава врска во иднина.. му поверував, искрен беше, но не можев да сторам ништо. Јас продолжив натаму. Тој премногу ме навреди и повреди.
Потоа ме бараше пак и пак и цело време така завршувавме со расправии на крајот.
Уште ми е криво што така заврши сето тоа. Знаев дека е добар, но се обидуваше да биде некој кој не е.
Но, битно јас се почувствував понижена. Можеби во друг смисол, но сепак... Тој сакаше авантури и со други девојки покрај мене (беше очигледно), што е понижување за мене бидејќи самата решив да го одолговлечувам нашето гледање, мислејќи дека некогаш ќе основаме сериозна врска.