Дали е мувањето понижување?

xxjoint

manga
Член од
8 јануари 2010
Мислења
6
Поени од реакции
0
Mslam deka vo nekoja mera e ponizuvanje a vo nekoja i ne e ponizuvanje.Ponizuvanje e koga ke se ozmuvas so nekoj idiot koj ke te iskoristi za edna vecer a potoa ke te ismeva pred drugite, a ne e ponizuvanje ako se muvas za da si gi zadovolis potrebite bidejci te privlekuva a i ti nego zatoa sto ako e taka se ponizuvaat i zenskoto i maskoto i dvete strani se iskoristeni.
 
H

^HITMAN^

Гостин
Мувањето кое како збор сеуште неможам да сватам од каде потекнува е ништо освен безморално задоволување на ниски страсти, кое повеќето од нас го практикуваме. Тоа говори за природата на човекот.
 

Milla*

100% Milla
Член од
15 јуни 2009
Мислења
254
Поени од реакции
41
Сигурно има нешто.... или машкото си е тип што не сака да биде у врска со девојката, едноставно да сака да биде и со други, можеби е заљубен во некоја што не може да ја има, а за да не се досадува си се мува со некоја и др примери....истото може да важи и за некоја девојка....
Според мене не е понижување, само ете така тие личности сакаат да си живеат!
А каков впечаток оставаат не им е гајле...

:helou:
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Мувањето кое како збор сеуште неможам да сватам од каде потекнува е ништо освен безморално задоволување на ниски страсти, кое повеќето од нас го практикуваме. Тоа говори за природата на човекот.

Мување како збор е доста постар, значи се развива негде после Втората светска војна. Првобитното значење му е губење време, денгубење, клошарење и често е употребено како во смисла ``Што се муваш тука више пола саат, дај земи си ги чорапите и мрш да те нема`` ... Тоа значење останува негде до деведесетите години кога во Србија добива ново значење. Таму тоа го претставува самиот чин на флертување, очијукање, разговор, насмевки пропратени со воздишки и најчесто тапа муабети во кои партнерите си се допаѓаат еден на друг и каде што на некој начин чекаат да се залапаат.

Е сеа ... Пошо ние сме понапредни одма сме го скокнале тој дел на флерт и муабет и од ``мување`` сме направиле сосема нов поим. Кај нас тоа мислам дека е појави на почетокот на новиот милениум и го означува чинот на лапање, грицкање врат, фаќање на облините и слично. Еден вид предигра која ретко го достигнува она за што е наменета.

После се направија разни видови мувања.
- мување за една вечер
- мување со другарки, чисто без обврски
- мување пред врска
- мување со некоја паралелно со сериозна врска во која сакаш малце живост
- алкохолно мување
- и така натака . . .


Ја не сум некој голем поборник на ова али треба да се знае дека дојде време во кое сè почнува од мување т.е. дека ако сакаш врска треба да се покажеш како добар мувач/мувачица:wink:
 

Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
На некој начин целосно се понижуваш себеси во таква недефинирана врска.
Веќе сум минала низ такво нешто.
Не знам кај ми беше паметот речиси 8 месеци.
Кога му направив муабет по неколку месеци од нашето гледање за тоа : Што го спречува да бидеме заедно, тој погрешно си го издефинирал сето тоа и помислил дека всушност сакам да имаме односи :tapp: (!) (сигурно под дифолт го помислил тоа од девојките со кои се гледал)..и на прашањето ми одговори дека не сакал да ме повреди, што мене ми падна чудно..Како би можел да ме повреди? ..и останавме на тоа. Продолживме да се муваме.
По неколку месеци откако се разделивме ми разјасни дека погрешно сфатил. Бев многу изненадена од погрешната проценка и дури тогаш почувствував болка. Толку време се гледавме, а тој помислил дека јас сум уште една од неговите лесно примамливи девојки.
Околу нашата разделба.. се обидував да ја решам ситуацијата, но тој глумеше недостапен. Подоцна сфатил што навистина загубил, ме побара, но веќе беше доцна. Јас бев во ВРСКА со друг човек, а тој очекуваше дека ќе го чекам.
Бев убедена дека сфатил дека погрешил и ми ветуваше најубава врска во иднина.. му поверував, искрен беше, но не можев да сторам ништо. Јас продолжив натаму. Тој премногу ме навреди и повреди.
Потоа ме бараше пак и пак и цело време така завршувавме со расправии на крајот.
Уште ми е криво што така заврши сето тоа. Знаев дека е добар, но се обидуваше да биде некој кој не е.
Но, битно јас се почувствував понижена. Можеби во друг смисол, но сепак... Тој сакаше авантури и со други девојки покрај мене (беше очигледно), што е понижување за мене бидејќи самата решив да го одолговлечувам нашето гледање, мислејќи дека некогаш ќе основаме сериозна врска.
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Мува е инсект, а мување е мува која раѓа/изведува мали муви. ААААахахахахаха!
 

Вилинско коњче

It is my party :))
Член од
31 декември 2009
Мислења
550
Поени од реакции
62
Јас лично не сум искусила мување во љубовниов живот...не дека сум поминала поарно ако сум имала долги врски кои на крај завршиле со разделба...

Сепак, освен краткотрајно мување-летна авантура или слично кое можам да го разберам и подржувам тоа секој да го искуси во тинејџерските или младешки денови...мување-влечење со месеци, демек слободна врска на ништо не личи и не би го прифатила односно би ме понижило доколку тоа краткотрајно мување не премине во врска или конечно се разделиме
Позз:smir:
 
Член од
31 јануари 2010
Мислења
37
Поени од реакции
1
Според мене мувањето Е понужување, бидејќи ако некој сакаш/те сака, нема да дозволиш/дозволи да не бидете заедно.
Извинете на израз, ама ќе се полапаш со него 15 минути, ќе и ги собереш лигушките на некоја пред тебе и после адиос-можеби никогаш нема да се видите, а ако евентуално се видите, вие нема да се познавате.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Извинете на израз, ама ќе се полапаш со него 15 минути, ќе и ги собереш лигушките на некоја пред тебе и после адиос-можеби никогаш нема да се видите, а ако евентуално се видите, вие нема да се познавате.
И каде е овде понижувањето кое погоре го спомена?
 
L

Liberation

Гостин
секогаш кога некој ќе почуствува дека другиот не е праведен спрема него... треба да се разговара. ако тоа не вроди со плод... ВРЕМЕ Е ДА СЕ ПОБАРА ДРУГ КОЈ ЌЕ ВЕ ЦЕНИ КОЛКУ ШТО ЌЕ САКАТЕ. :smir:
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.555
За женските да, сите ќе викаат курва курва со сите се мува, а за машките гордост.:toe:
 
Член од
22 септември 2008
Мислења
412
Поени од реакции
32
За женските да, сите ќе викаат курва курва со сите се мува, а за машките гордост.:toe:
Ради вакви работи женските глумат недопирливи.

Не гледам ич на тоа како понижување, гледам на тоа како обострано задоволство кое кратко трае.
Инаку, имам приметено дека и женските се фалат кога муваат, али не го прават тоа како повеќето машки: не си ги дигаат акциите.
 
Член од
22 март 2010
Мислења
54
Поени од реакции
2
Не дека е понижување..Али тоа се осмоодделенски глупости,
т.е незрели ствари..Или си со некој, или не си!
А не денес со еден, еј па чекај само на мување сме, и ај утредента со друг. -.-
Глупо ми е веќе.. Можда затоа што веќе како растам барам посериозно.. незнам.. :toe:
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Не дека е понижување..Али тоа се осмоодделенски глупости,
т.е незрели ствари..Или си со некој, или не си!
А не денес со еден, еј па чекај само на мување сме, и ај утредента со друг. -.-
Глупо ми е веќе.. Можда затоа што веќе како растам барам посериозно.. незнам.. :toe:
Епа со текот на годините мувањето прераснува во секс за една вечер :) Ако во 8мо одделение за мување се зема 15минутно лигавење со некој во Процес, подоцна прераснува во секс без обвски, ама замислата е иста.
 
Член од
22 март 2010
Мислења
54
Поени од реакции
2
Епа со текот на годините мувањето прераснува во секс за една вечер :) Ако во 8мо одделение за мување се зема 15минутно лигавење со некој во Процес, подоцна прераснува во секс без обвски, ама замислата е иста.
Па да. До негде си во право, али мувањето е незрела работа..
детска.. а сексот не. :) барем така мислам. х) :pos2:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom