McDonald's и случувањата со McDonald's во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата еци^^^
  • Време на започнување Време на започнување
Има некој друг што кога порачува од мекдоналц нагласува да не му ставаат од киселите краставички пошто се отров? Не ги можам јас...
 
Мислам некоја година пред затворањето се отвори во Тетово McDonalds и тоа траеше кратко? Не се сеќавам точно колку години опстоја ресторанот во Тетово.

Ќе отвараат ли во други градови или само во Скопје?
 
Можеби неповрзано, порано во 90-тите во центар тоа што беше, се викаше Чикаго Булс или МекДоналдс беше? Имаше принт од Мајкл Џордан исто родендени се правеа за деца... Знам луѓето го викаа Чикаго Булс сеа не знам дали било МекДоналдс и Џордан и Чикаго им биле заштитини лица во тоа време па нашиве го опнале Џордан?
Џордан бил во реклама

Имало и некој си McDonalds Championship кошарка.
 
Не дека сум киснел и редовно сум купувал од Мекдоналдс, али знаев одвреме навреме да се почастам, тоа значи да отидам да потрошам сума на пари за да се најадам, бар 5 чизбургера, помфрит и кока кола. Така ќе биде и сега, само некако наапан сум и планирам првото идење 10 чизбургери да згрмам, памтам 7 дека акнав еднаш.
Киселите краставички сметам дека го прават главниот шмек на овие сендвичи, т.е. ради Мекдоналдс почнав да ставам и јас кисели краставички во сендвичите.
Иначе ко што спомнаа погоре цените беа поволни тој период пред да затворат, кога сендвичите беа по 33 денари, за 100 денари 3 сендвичи беше сосема океј.
Булс хамбургерс се викаше тоа местото што го спомнавте погоре, ми текнува на една телевизија приватна (мтм), не знам дали постои уште, рекламата за овие идеше уште десет години од кога ги затворија, битно си пичеше рекламата, да пополнат програма :D
 
мекдоналдс и нема некое прескапо мени, само со нашиве буџованџиња никад не се знае што цени ќе стават
 
Не знам од каде ја извадиле овие сликава. Точно ли е ова дека има оглас за Mcdonalds Македонија?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom