McDonald's и случувањата со McDonald's во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата еци^^^
  • Време на започнување Време на започнување
Може да се хејта до сабајле, но има некој специфичен вкус, што те потсеќа на мекдоналдс, дали е до сосот, дали е до компирите, сеедно. Нормално дека ќе биде бренд, кога е најевтиното ѓубре што се продава по светот, и е достапно на секој чекор. Само кај нас се смета за "елитна" храна, со оглед на тоа дека ти требаат отприлика 10 евра за да се најадеш.

Инаку се согласувам дека има милион сендвичари и фаст фуд ресторани/киосци што се подобри од нив. Секако дека е доста лесно да си подобар од најлошото
Автоматски споено мислење:

 
Еве во Австралија колку различни вкусови имаат, што може Кано да потврди
 
Има специфичен вкус, вкусот на кечапот, на краставичката, на детството, на родендените во мекдоналдс, на играчките, на балоните, на подот што секогаш лепеше од кока кола, на „излегувањето“ во медоналдс...
Едвај чекам да се отвори, секој ден има да јадам :D
 
Светско 98-ма глеавме неколку утакмици у Мекд.. Ги имам купувано..., па скоро сите играчки што излегоа.
 
Може да се хејта до сабајле, но има некој специфичен вкус, што те потсеќа на мекдоналдс, дали е до сосот, дали е до компирите, сеедно. Нормално дека ќе биде бренд, кога е најевтиното ѓубре што се продава по светот, и е достапно на секој чекор. Само кај нас се смета за "елитна" храна, со оглед на тоа дека ти требаат отприлика 10 евра за да се најадеш.

Инаку се согласувам дека има милион сендвичари и фаст фуд ресторани/киосци што се подобри од нив. Секако дека е доста лесно да си подобар од најлошото
Автоматски споено мислење:
Истото како со Кока Кола. Уште како дете го примаш тој вкус и ти е бенџмарк за хамбургер, кола итн. Не за џабе Мкдоналдс прави толку реклама кај деца, со играчиња итн.
 
Можеби неповрзано, порано во 90-тите во центар тоа што беше, се викаше Чикаго Булс или МекДоналдс беше? Имаше принт од Мајкл Џордан исто родендени се правеа за деца... Знам луѓето го викаа Чикаго Булс сеа не знам дали било МекДоналдс и Џордан и Чикаго им биле заштитини лица во тоа време па нашиве го опнале Џордан?
 
Кога ви кажав дека ќе има Мекдоналдс во Скопје Ист Гејт, мислевте дека се заебавам? :)


Еве, може да одберете што треба да ме части @Anon во октомри, пошто он беше најголемиот неверник.
 
Цените ги поддржувам само заради брендот, бидејки кога нешто се продава правило е да го наплатиш х10.
Како нешто McDonald's продава x10 од нормалната цена, кога практично во сите развиени држави, е меѓу најевтините места за јадење? Кај нас е скапо само ради стандардот, а не дека го наплаќаат x10 ради брендот.
 
Нека дојдат. Не сум ептен фан, али можеби ќе наминам некогаш.

Најдобро кај вакви франшизи е што секогаш е исто на вкус. Луѓето сакаат конзистентност и познат вкус, а не да видиме денес што се паднало. Ние дома не порачуваме ептен брза храна, едино бевме верни на Ројал, еднаш месечно. Пред некој пат кога јадев тоа криспито, трите стекчиња внатре, сите три имаа различен вкус. Не да кажеш ај во различен сендвич се десило, туку во истиот. Па да ти се плукнам на сендвичот, кога веќе ги давам парите за јадење надвор, секогаш би дала повеќе пари, за да ми биде таман на вкус. И затоа и Ројал полека почнаа да добиваат шут карта, КФЦ ги замени за пилешко.
 
Можеби неповрзано, порано во 90-тите во центар тоа што беше, се викаше Чикаго Булс или МекДоналдс беше? Имаше принт од Мајкл Џордан исто родендени се правеа за деца... Знам луѓето го викаа Чикаго Булс сеа не знам дали било МекДоналдс и Џордан и Чикаго им биле заштитини лица во тоа време па нашиве го опнале Џордан?
Булс се викаше. На место на денешен Тренд. Некаде до 2000та функционираше. Во тоа време работеше и А-ха кафичот во истиот блок и калабалак беше тој дел од центар, навечер поготово.
Џордан и Булс беа многу популарни во тоа време. Не е ниту бренд, ниту франшиза некаква. Мислам дека и Мекдоналдс си функционираше исто тогаш во зградата кај министерство за Правда, до неа ваљда.

Инаку бљувотина е мек, не знам шо се палите. Хемиски производи, подгреани, полни шеќер, палмино уље, соја...
 
Вкусот ми се допаѓа на Мекдоналдс. Ми се допаѓа тоа што се мали сендвичите.

Инаку, сметам дека треба они да ми плаќаат за да го јадам тој отров. Без разлика на вкусот. Глуп сум ако купувам од тоа срање.

И најверојатно ќе купувам, кога ќе дојде.
 
Се сеќавам прв пат кога јадев во Мекдоналдс кај министерство за правда, кога побарав кечап и ми кажаа, дечко се плаќа за кечап. Кој шок беше тоа :shook:


Пред да затворат имаа ОК понуда, хамбургер, мал помфрит и мала кока кола сите по 33 денари. За стотче на пауза си земаш два хамбургери и мал помфрит и си таман. Сеа сигурно ќе биде најмалку дупло поскапо.
 
Во глобала многу ретко конзумирам ваква храна, последен пат кога јадев хамбургер беше во Германија 2019та

Освен што храната не ми се допаѓа, друга работа е што овие франшизи привлекуваат средина што не ми е по кеиф.
 
Одамна беше кога за прв пат се отвори кај нас.....1997-1998 мислам. Ќеифови беа тогаш......со другари идевме да јадеме.....па милк-шејк или кока-кола......нешто како искачање ни беше тоа. Па некој и родендени оргранизираа......горе на кат, колку што памтам :).

Инаку....околу храната.....си има свој уникатен вкус......нешто што не може да се копира.
Изминатите години наназад......секако надвор од МК.....сум јадел, од ликсурлук. Знам дека составот е крајно нездрав.......нешто што треба сите да го избегнуваме.
Но чат-пат за промена.....ретко, може зошто па да не.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom