Пазарот се штити таму на по-суптилни начини: нови и нови регулации за квалитет на храна, нови регулации за „издувни гасови“ на коли и камиони, и слични работи... На економски план ќе биде добро за произведувачите на храна, за произведувачите на вино, за се она што е во аграрната индустрија - овде е потребна само работна рака. За производствената (ако имаме таква) ќе мора да одговараат на овие стандарди. Ќе има странски инвестиции коишто ќе користат ефтина неквалификувана работна рака, и масовно иселување од Македонија.
Според оваа графа, 1/4 од извозот е непознат, 1/4 е текстил, по-малку тутун, конзервни фабрики, некои рудни богатства и од две-трите фабрики што останаа медикаменти и кабли. Што значи почнуваме од нула. Среќа во несреќа е што во Кина БДП/човек/година е $12,990 додека во Македонија е $6,143 човек/година. Ова за текстилот којшто е 1/4 од извозот е инвестиција којашто се состои од столче, машина за шиење и покрив на глава, и пак имаме 15% невработеност.
Гадно ни требат странски инвестиции - барем ќе создаваат работни места, а за утешна награда владејачката класа ќе добие пристап до Еврофондовите - кои како и во Бугарија - ќе се искрадат набрзина.
За ова со Бугариве, 30 години држава си играме на сметка на рајата, и после се чудиме зошто сме биле 1.8 милиони, зошто имало незнам колку попишани и непопишани надвор од државата, зошто се ваделе Бугарски пасоши, и се доведовме во незавидна економска и внатрешно-политичко-етничка состојба. Ова со Бугарите го прифаќаме и слушаме што ќе каже ЕУ (не како сега де-јуре сите ЕУ закони донесени а де-факто ни-еден спроведен во дејство) ако сакаме да одиме напред, ако не прифаќаме одиме напред со нашата народна мудрост (претпоставувам ќе тераме како што си теравме, нема да го рушиме удобството, нели?, или ќе смениме нешто?).
Не ми се смета сега после колку години ќе ја стигнеме Германија да речеме со нашите растови од 2..4% при услов Германското БДП/човек/година да е замрзнато (да не расте или опаѓа се додека не ја стигнеме).
По интересното е како тоа Бугарија успеа економски да ја претркне Србија и Македонија, а пак Романија да ја претркне Бугарија (БДП/човек/година), ако немаше бенефит членството во ЕУ?
Прегледај го приврзокот 320046