Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
16 декември 2021
Мислења
478
Поени од реакции
1.014
А на тебе сто пати ти се објасни дека во фудбалот ништо не е вечно, работите се гледаат долгорочно и ситуацијата се проценува според повеќе фактори. Тоа го знае секој кој гледа фудбал повеќе време. И уште сто пати можам да ти кажам дека за секој паметен играч Барса е подобар избор од твојот Јунајтед во моментот. Со секој коментар на темава изгледа како само што си почнал да гледаш фудбал.

И каде од сите можни опции го даде баш Сосиедад за пример, единствена екипа што сезонава ја демолиравме со четири комада во мрежата?
Така е, ситуација се проценува според повеќе фактори ама јас ќе ти ги објаснам најважниот фактор: Барселона во моментов е МНОГУ слаба. Не знам како да ти објаснам, послаба е од еден просечен премиерлигаш. Би испаднала во двомеч против Вест Хем на пример. Арсенал би ја растртил. На Барселона не и потребен само Халанд, на Барса и се потребни 6-7 засилувања. Барселона нема бекови, освен ако Алба уште не го сметате за играч. Погледај ги бековите на Ливерпул колку трчаат и што прават во еден меч, и спореди ги со Алба и Дест, или со Алвеш . Барселона нема никаква одбрана, нула, ништо. Араухо делува како талентиран, ама далеку е тоа од комплетен играч. Пике е бивш играч, а најголема мистерија ми е како Гарсија играше во Сити и сега во Барса, теле на векот.

Барселона нема холдинг мидлфилдер, со Бускетс ќе се носат со животни кои играат на таа позиција во други клубови? Барселона нема напад. Феран Торес е солиден, ништо повеќе од тоа. Фати е повеќе повреден од здрав, и плус е детиште. Барселона нема крилни фудбалери, ниту еден. Депај е мајтап на векот.

Пари требаат, огромни вложувања, 6-7 фудбалери треба да се купат. Јунајтед потроши една милијарда евра во 10 години, доаѓа Ливерпул и на Олд Трафорд им дава 5 гола. На истиот Олд Трафорд каде што во времето на Фергусон екипите на сакаа да доаѓаат, затоа што беше само прашање колку ќе изгубат.

И сега Барса имала проект. Не разбирате колку е компетитивен врвниот фудбал. Со Гави и Педри ќе игра Барса против Гундоган, Де Брујн и компанија, со Алба и Алвеш ќе се натрчуваат со ТАА и Робертсон, со Гарсија Пике и Араухо ќе се бранат од Салах, Жота и Мане.

Проект имале, мајко мила. Неверојатно е во какви делузии живее еден просечен навивач на Барселона.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Пола аргументи ќе ти појдеа по вода ако навиваше за друг тим а не Јунајтед.

Другата половина пропадна ко го спореди овај фудбал со тој Роналдињо ко го направи трансферот.
Од каде ме најде мене за Јунајтед? :) Си се смешал нешто...

А што тоа е толку различно во фудбалот откога дојде Роналдињо? Ако мислиш дека сега има финансиски помоќни клубови, така е. Секој друг аспект е повеќе клише муабет. Баш споредбата е на место, дека некогаш најбараниот фудбалер во тој момент може да направи избор што на прв поглед изгледа нелогичен, но подоцна се покажало како правилен избор.
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.298
Од каде ме најде мене за Јунајтед? :) Си се смешал нешто...

А што тоа е толку различно во фудбалот откога дојде Роналдињо? Ако мислиш дека сега има финансиски помоќни клубови, така е. Секој друг аспект е повеќе клише муабет. Баш споредбата е на место, дека некогаш најбараниот фудбалер во тој момент може да направи избор што на прв поглед изгледа нелогичен, но подоцна се покажало како правилен избор.
Како сум се помешал ко два пати во два поста го спомна Јунајтед, во дискусија за Барса и Халанад.

Па освен мега агенти, статусот на сега Халанад и тогаш Роналдињо, главен фокус на пари. Ваљда ништо друго. И секако дека Роналдињо тогаш бил баран колку малиот сега.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.762
Поени од реакции
52.738
Реал, Баерн, Сити, ПСЖ. Ова се единствените опции на Халанд според мене.

Лично за него, иако зависи што точно сака, мислам дека најдобра опција му е Баерн. Веќе ја врти лигата на мал прст, ќе си игра без некој посебен притисок, а сепак во еден од најценетите клубови. Нека си остане таму, секоја сезона по 50+ голови ќе дава и ќе ја заврши кариерата со 10+ титули, веројатно бар 2-3 ЛШ и срушени сите индивидуални рекорди. Ама некако и најмалце шанси мислам има Баерн сериозно да загриза од овие клубови, освен ако Левандовски сега им каже дека е решен да си оди на лето и да проба нешто ново. А не сум видел нешто такво, иако има последниве две години муабети дека ако му се пружи шанса, би можел да оди.

Кај Реал и ПСЖ најмногу зависат работите од Мбапе. Ако отиде во Реал, ептен ќе ме изненади и Халанд да успеат да го земат. Не толку од финансиски причини, туку од индивидуалните амбиции на играчите. Цел свет, а мислам и они сами се гледаат како Меси и Роналдо на нивната генерација. А ако сакаат да достигнат такви нивоа и такви индивидуални награди, скоро невозможно е да го направат во ист тим. Не дека нема никакви шанси да завршат во Реал, ама ептен ми е нереално такво нешто.
ПСЖ ако го изгубат Мбапе би требало без проблем да понудат се што е потребно за Халанд, ама прашањето е дали он би сакал да оди таму и да игра во Франција. Тоа им е најголемата пречка.

Кај Сити нема некој посебен проблем и веќе излегоа англиски медиуми со вест дека Халанд им е планот за лето, па верувам дека сериозно ќе пристапат и ќе достават понуда уште сега. Единствен прашалник е тоа што претпоставувам би отишол таму за Пеп, па веројатно ќе сакаат некои гаранции околу неговите планови за уште колку планира да остане во Сити.

Ќе има интересна борба, ама би требало рано да заврши. Можеби ситуацијава со Мино малце ќе ги одложи работите, ама ништо чудно следниве два месеци да се реши се.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.367
Поени од реакции
7.136
Мислам дека неколу пати ти објаснија зошто би било чудно и нелогично да је избере Барса, ама ти се водиш по системот што је баби мило то јој се снило. Барса не е, и нема да биде конкурентна на врвните типови во Европа во следните 4-5 години ни финансиски, ни резултатски. Толку е просто. Халанд сега ќе го потпишува најважниот договор во кариерата, со кој ќе се обезбеди за цел живот.

Сигурен сум дека ќе дојде во Барса дека има проект со Гави, Педри и Фати, за да губи два пати годината од Реал Сосиедад, Севиља и Бетис, и да биде горд на поразите од Реал.
Eте за инает ќе го земи Барса :P
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.922
Поени од реакции
10.236
После Роналдо имал лош карактер ами џуџево шу се мисли дека е. :pos:
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.367
Поени од реакции
7.136
Карагер ЈадиБурек:tapp:

тролање на еден од најдобрите фудбалери кои сте имале привилегија да ги гледате(не да играте заедно) е тотална глупост и безсмисленост, па уште го споделувате бедни лузерчиња
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.634
Поени од реакции
5.628
Карагер ЈадиБурек:tapp:

тролање на еден од најдобрите фудбалери кои сте имале привилегија да ги гледате(не да играте заедно) е тотална глупост и безсмисленост, па уште го споделувате бедни лузерчиња
А уште победно е така да реагираш на некој што те искритикувал и тоа што е во право. Да забораивме дека не може никој да го критикува богот Меси кој секое дно го допре во Псж досега.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.367
Поени од реакции
7.136
А уште победно е така да реагираш на некој што те искритикувал и тоа што е во право. Да забораивме дека не може никој да го критикува богот Меси кој секое дно го допре во Псж досега.
стореното на фудбалскиот терен може да каже кој кого да критикува, а да го правдаш карагер не е баш паметно
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.634
Поени од реакции
5.628
стореното на фудбалскиот терен може да каже кој кого да критикува, а да го правдаш карагер не е баш паметно
А да го правдаш Меси пошто почнал со лични навреди поради тоа што е искритикуван е паметно?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom