Халанд е веќе топ фудбалер, веќе звезда. Зашто Барселона би била одличен избор за него?
Халанд би бил одлично решение за Барселона, но не и обратно. Барем не сега, не во ваква ситуација.
Не гледам зашто еден од најдобрите млади играчи во свет којшто е веќе звезда би потпишувал во тим што е во транзиција, ако може да бира каде ќе иде во европа
За тоа каде ќе заврши некој играч има куп фактори. Посебно кога е млад играч во прашање кој уште не го достигнал врвот на кариерата, не може да се гледа само краткорочно. Зборам за Халанд.
Барса може на прв поглед не изгледа логичен избор во моментот. Ама на подолг рок би била одлична дестинација за него, ако е паметен. Би дошол баш во прав момент, по заминување на Меси, кога на тимот му фали лидер. За година-две би станал прва ѕвезда на екипата со потенцијал да стане клупска легенда, ако продолжи со овие бројки на голови. Барса е еден од најголемите брендови во фудбалот па секој би сакал да остави печат во таков клуб. Со него во тимот уште следната сезона пак ќе биде конкурент за лигата а за 2-3 сезони и за ЛШ.
Уствари најдобар пример е Роналдињо. Дојде во 2003 кога Барса беше во далеку полоша резултатска криза од оваа. Без пласман во ЛШ, без никакви изгледи за трофеј во тој момент, далеку зад тогашниот Реал. Ама тој сепак ги одби Јунајтед и Фергусон, потпиша за Барса и што се вика се' останато е легенда. Од денешен аспект испадна ептен паметна одлука.
Пак не сфаќам зошто во Барса само би бил лидер и би освојувал титули, а во Сити на пример не? Во Јунајтед нема лидер да биде и да ги издигне за неколку нивоа? Барса не може да дели плати ко што делат Сити и ПСЖ, не може ни ко Реал, а и целата операција би коштала некаде 340 - 350 милиони евра. Прашањето е зошто таму би отишол освен ако не е дајхард фан на клубот од мал, ко што е случајот со Мбапе и Реал, а не е, пошто се утепа од лајкање слики на играчи на Реал.
Јас мислам дека ќе сака да ги здружи силите со Мбапе и да ја стартува новата ера на новиот Бернабе. Догодина мириса на нов галактико проект во Мадрид.
Барса треба да го разгали и тоа мнооооогу ако сака да го донесе. Гризман фати магла, Дембеле.. Доколку дојде во Барса и не успее тимот да се крене ќе му заврши кариерата пред да почне, додека во Реал, Сити, ПСЖ итн шансите за потоп му се доста помали.
Фудбал е, се е можно, ама скептик сум да замине во Барса, како најбаран играч во светот моментално
Барса има проект, па кој сака ќе отиде кој не и не мора...... вакви младинци ко нико, гави, педри, ерик, феран се јадрото, за жал фати премногу е склон на повреди(или касапите од барса треба да се сменат, играч немаат излечено, ги уништија умтити, дембеле еве фати сега)....... екстра голгетер за дечкиве ќе значи многу помал притисок на нив,со помалку шанси за креирање да се зголеми далеку ефикасноста во нападот...... Нема сомнеж дека барса со лапорта ќе се врати на голема врата со огромната фан база која ја поседува барса, па халанд ќе ги врати тие 300 милиони за најмногу една сезона од продажбата на дресови
Добро мислев дека во 2015 завршија муабетите со продажба на дресови и исплаќање на трансфер. Не никад нема да заработат 300 милиони од продажба на дресови. Аман.
Еве објаснување за тоа кој и колку заработува од dRE$oVi:
With Juventus selling an insane 520k Ronaldo jerseys in only 24 hours we ask the question, can shirt sales actually pay for a transfer? We have a look at the...
Барса има проект, па кој сака ќе отиде кој не и не мора...... вакви младинци ко нико, гави, педри, ерик, феран се јадрото, за жал фати премногу е склон на повреди(или касапите од барса треба да се сменат, играч немаат излечено, ги уништија умтити, дембеле еве фати сега)....... екстра голгетер за дечкиве ќе значи многу помал притисок на нив,со помалку шанси за креирање да се зголеми далеку ефикасноста во нападот...... Нема сомнеж дека барса со лапорта ќе се врати на голема врата со огромната фан база која ја поседува барса, па халанд ќе ги врати тие 300 милиони за најмногу една сезона од продажбата на дресови
Пак бе со проектот? Три пати напишав, моментално единствениот проект на Барса е да не банкротира. Не игра со младинци затоа што има проект и така сака, игра затоа што мора. Да ги има Гундоган, Де Брујн и другите од средниот ред на Сити, ќе видиш дали би играле тие или Гави, мави и остала боранија.
Друга работа, некој на Барса во моментов да им понуди големи пари за некои од децата од проектот има раката да му ја скинат. Лани зборуваа дека Де Јонг и Тер Штеген се недопирливи, оваа година можело и да ги продадат. Така и за оваа дечурланата на која им ставаат по милијарда евра откупни клаузули, 30 милиони некој да им даде за Гави, ќе им го испратат во целофан со панделка.
Али секоја чест за пи арот на Барса, онакво продавање ветар на магла не дум видел од времето на Гвујо. Спрема нив, пола европа на чело со премиерлигашите се заинтересирани за Гави и Педри, ама тие не ги даваат.
Какви бе црни 75 милиони евра? Прво, не е потврдено дека е вистина за откупната клаузула на Халанд дека воопшто постои. Второ, ако се земе во предвид се што ќе побараат Халанд и Мино на име на бонуси, провизии за Мино и целото поблиско и подалечно семејство на Халанд заедно со куќните миленичиња, па платата на Халанд која ќе биде како онаа на Роналдо на пример, трансферот ќе достигне астрономска сума.
Пак не сфаќам зошто во Барса само би бил лидер и би освојувал титули, а во Сити на пример не? Во Јунајтед нема лидер да биде и да ги издигне за неколку нивоа? Барса не може да дели плати ко што делат Сити и ПСЖ, не може ни ко Реал, а и целата операција би коштала некаде 340 - 350 милиони евра. Прашањето е зошто таму би отишол освен ако не е дајхард фан на клубот од мал, ко што е случајот со Мбапе и Реал, а не е, пошто се утепа од лајкање слики на играчи на Реал.
Никој не вика дека сигурно ќе отиде, не може тоа да се прогнозира. Муабетот е дека нема ништо чудно и нелогично во тоа да ја избере Барса во моментов. Секако дека финансиски не можат да се носат со Сити или ПСЖ, па останува на тоа кои ќе му бидат приоритетите на Халанд и што сака да постигне во кариерата. Дека би бил лидер во тие тимови тешко, со оглед на тоа колку ѕвезди ќе доаѓаат во иднина таму. Јунајтед е во подолгорочна криза и се покажа како крајно токсична средина. И нема никаков показател дека тој тим во догледно време има шанси за титула во ПЛ.
Ова со лајкањето слики не мора ништо да значи. Ако добие добра понуда од друго место ќе потпише со двете раце. Иско цел живот беше хардкор фан на Барса па со години игра во Реал. Искрено не го гледам Халанд во Реал. Сигурно ќе тргнат тие по Мбапе а ако тој потпише мислам нема шанси да го земат и Халанд.
Никој не вика дека сигурно ќе отиде, не може тоа да се прогнозира. Муабетот е дека нема ништо чудно и нелогично во тоа да ја избере Барса во моментов. Секако дека финансиски не можат да се носат со Сити или ПСЖ, па останува на тоа кои ќе му бидат приоритетите на Халанд и што сака да постигне во кариерата.
Мислам дека неколу пати ти објаснија зошто би било чудно и нелогично да је избере Барса, ама ти се водиш по системот што је баби мило то јој се снило. Барса не е, и нема да биде конкурентна на врвните типови во Европа во следните 4-5 години ни финансиски, ни резултатски. Толку е просто. Халанд сега ќе го потпишува најважниот договор во кариерата, со кој ќе се обезбеди за цел живот.
Сигурен сум дека ќе дојде во Барса дека има проект со Гави, Педри и Фати, за да губи два пати годината од Реал Сосиедад, Севиља и Бетис, и да биде горд на поразите од Реал.

А на тебе сто пати ти се објасни дека во фудбалот ништо не е вечно, работите се гледаат долгорочно и ситуацијата се проценува според повеќе фактори. Тоа го знае секој кој гледа фудбал повеќе време. И уште сто пати можам да ти кажам дека за секој паметен играч Барса е подобар избор од твојот Јунајтед во моментот. Со секој коментар на темава изгледа како само што си почнал да гледаш фудбал.
И каде од сите можни опции го даде баш Сосиедад за пример, единствена екипа што сезонава ја демолиравме со четири комада во мрежата?

Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.