Е да се добиваа бодови за секое вадење статистика за Мек Томинеј, Фред, било кој друг играч, општо Јунајтед, кај ќе ни беше крајот. Статистиката е најголемата превара у фудбалот. Реалноста е дека Фред и Мек Томинеј се обични просеци, какви ги имаш во скоро секој ПЛ тим од 15-ти до 6-7 место. Едино во што се добри се полуконтри и контри додека сме во дефанзива и тоа е се што нудат. Одлика на тимови од средина на табела и тимови блиску до дното на табелата. Никаква контрола немаат на средината, дури и против Норвич, Њукасл и слични екипи што се борат за опстанок. Гледам 8-мици оцени за вчера. Со едно изиграно полувреме? Прово полувреме беа криминални, Брентфорд ни се шетаа низ средина како и кога сакаа. Местото на табела, го отсликува и квалитетот на најголем дел од играчите моментално. Ќе изиграат од време на време добра утакмица и тоа е тоа. После таа добра утакмица, ќе извадите тука статистики колку се добри, а следните 2-3-4 ќе бидат мизерни, па пак добра утакмица и статистики и така во круг. Доволно е да погледнеш утакмица на Ливерпул, Сити, Челзи, Баерн, Реал, Ајакс, да го видиш влијанито во играта и техниката на нивните играчи во средина, па да сватиш колку нашиве се просеци, далеку од квалитетот на играчите на погоре набројаниве и зошто Јунајтед е таму каде што е, средина на табела, заостанува 20 бода позади Сити во Јануари, а секоја утакмица, со исклучок на 3-4, средината делува изгубено, во споредба со противникот.