Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Се пренесуваат и бодови во плеј оф.Два круга па суперлига, првите 6 плеј оф, од 7 до 12 место плеј аут.
После уште 10 кола се играат, е сеа мислам се почнува од 0, навистина нема логика ама мислам е така![]()
Металург претпоследен и по 4 кола има 4 порази. А тек им следат потешки утакмици...![]()
Тиквеш со пресврт победи и ја продлабочи кризата на Металург
Ракометарите на Тиквеш со пресврт го совладаа Металург со 21-19 (11-13), во рамките на четвртото коло на Суперлигата. Иако гостите од Скопје долго водеа и беа во пол-позиција во Кавадарци, не издржаа и попуштија во завршницата па загубија од Тиквеш.www.gol.mk
Ко ќе видам вака ретроспективно, во право беше претседателкава на Металург, навистина излезе дека ќе се борат за топ 2, али топ 2 со Радовиш во најдолниот дел од табелата.![]()
Тиквеш со пресврт победи и ја продлабочи кризата на Металург
Ракометарите на Тиквеш со пресврт го совладаа Металург со 21-19 (11-13), во рамките на четвртото коло на Суперлигата. Иако гостите од Скопје долго водеа и беа во пол-позиција во Кавадарци, не издржаа и попуштија во завршницата па загубија од Тиквеш.www.gol.mk



А Тиквеш игра кај сакатиот МеталургОхрид победил против Радовиш, борбата за 6 место најнеизвесна
Суперлигата изгледа пак ќе се проширува од следната сезона.
![]()
Повторно ќе се проширува Суперлигата - нема директно испаѓање - 24 РАКОМЕТ
Последните две сезони машката Супер лига постојано го менуваше системот на натпреварување, со проширување, па со кратење. Сега повторно се заговара, и повеќе од сигурно ќе има ново проширување на лигата. Така ќе се задоволат апетитите на сите, најмногу на прволигашите, а секако ќе се обезбеди и...24rakomet.mk
Во федерацијата дефинитивно не знаат кај тераат.. не викам дека не вложува Мукаетов, но факт е дека се нема конкретна стратегија по која се оди. Денес едно, утре друго. И затоа се тапка во место. Ако сакаш конкретни резултати мора да направиш стратегија што ќе даде долгорочни резултати. Кај нас секоја сезона нови правила, воведуваме, укинуваме, па следната пак воведуваме.. и така се вртиме во круг
Да беа 12 до 14 екипи ама во една група, ќе беше разбирливо некако, ама ова шо ги делат во 2 групи уште повеќе го компресира квалитетот на лигата, нз некако глупа идеја.Ако се оствари, ова е тешка глупост. Ние не треба да ја разводнуваме суперлигата, напротив. Реално треба да имаме суперлига од 10 екипи и прва лига од 20 екипи. Така и првата лига ќе има ок квалитет, ќе може пионери/кадети таму да играат, ќе си има доволно изделкани ветерани за да има добар натпреварувачки дух лигата, а во суперлигата ќе си играат посериозните екипи.
Есенски дел
прва лига: 2 групи од по 10 екипи, двокружен систем 18 натпревари
суперлига: 10 екипи, двокружен систем 18 натпревари
Пролетен дел
првите две од прва лига заедно со последните 4 од суперлига играат плејаут
првите 6 од суперлига играат плејоф (може и пренесување на бодови какво што има сега 5-4-3-2-1-0)
Останатите 18 од првата лига се групираат во плејоф и плејаут, и првиот или првите 2 од плејофот во прва лига играат бараж со последните 1 или 2 од плејаутот на суперлига
Вака некако отприлика мислам би било оптимално за нашата држава. Пласман во суперлига, не треба да е гаранција за некого туку нешто за кое ќе треба добро да се испотат.
П.С. Само според текстот не ми е најјасно дали е ова идеја на РФМ или на клубовите. Повеќе личи дека клубови како Радовиш, Скопје, Младост, Јуниор Кисела Вода и слично, си бараат влез/опстанок во суперлига на мала врата. Ништо чудно и Металург да го има смислено со оглед на тоа каков распад систем се моментално.