Македонска ракометна суперлига

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Кои 4 екипи ќе влезат во завршната фаза од првенството?

  • Вкупно гласачи
    22
  • Гласањето е завршено на .
Два круга па суперлига, првите 6 плеј оф, од 7 до 12 место плеј аут.
После уште 10 кола се играат, е сеа мислам се почнува од 0, навистина нема логика ама мислам е така :nesumjas:
 
Се пренесуваат и бодови во плеј оф.
 
Металург претпоследен и по 4 кола има 4 порази. А тек им следат потешки утакмици...
 
Ко ќе видам вака ретроспективно, во право беше претседателкава на Металург, навистина излезе дека ќе се борат за топ 2, али топ 2 со Радовиш во најдолниот дел од табелата. :ROFLMAO::ROFLMAO:
Автоматски споено мислење:

ПС Кондев какво прво полувреме изиграл аууу :eek:
 
Последно уредено:
кукаат и Вардар и Пелистер за правилото за домашни играчи, дали размислуваат за ангажирање на мкд играчи од странство ??? ... не знам колку има резон да ги враќаат постарите играчи, но можеби е и корисно, зошто тие постари играчи може после подобро да продолжат ТУКА како Тренери ???
 
Охрид победил против Радовиш, борбата за 6 место најнеизвесна
 
Суперлигата изгледа пак ќе се проширува од следната сезона.

Во федерацијата дефинитивно не знаат кај тераат.. не викам дека не вложува Мукаетов, но факт е дека се нема конкретна стратегија по која се оди. Денес едно, утре друго. И затоа се тапка во место. Ако сакаш конкретни резултати мора да направиш стратегија што ќе даде долгорочни резултати. Кај нас секоја сезона нови правила, воведуваме, укинуваме, па следната пак воведуваме.. и така се вртиме во круг
 
Ако се оствари, ова е тешка глупост. Ние не треба да ја разводнуваме суперлигата, напротив. Реално треба да имаме суперлига од 10 екипи и прва лига од 20 екипи. Така и првата лига ќе има ок квалитет, ќе може пионери/кадети таму да играат, ќе си има доволно изделкани ветерани за да има добар натпреварувачки дух лигата, а во суперлигата ќе си играат посериозните екипи.

Есенски дел
прва лига: 2 групи од по 10 екипи, двокружен систем 18 натпревари
суперлига: 10 екипи, двокружен систем 18 натпревари

Пролетен дел
првите две од прва лига заедно со последните 4 од суперлига играат плејаут
првите 6 од суперлига играат плејоф (може и пренесување на бодови какво што има сега 5-4-3-2-1-0)
Останатите 18 од првата лига се групираат во плејоф и плејаут, и првиот или првите 2 од плејофот во прва лига играат бараж со последните 1 или 2 од плејаутот на суперлига

Вака некако отприлика мислам би било оптимално за нашата држава. Пласман во суперлига, не треба да е гаранција за некого туку нешто за кое ќе треба добро да се испотат.

П.С. Само според текстот не ми е најјасно дали е ова идеја на РФМ или на клубовите. Повеќе личи дека клубови како Радовиш, Скопје, Младост, Јуниор Кисела Вода и слично, си бараат влез/опстанок во суперлига на мала врата. Ништо чудно и Металург да го има смислено со оглед на тоа каков распад систем се моментално.
 
Да беа 12 до 14 екипи ама во една група, ќе беше разбирливо некако, ама ова шо ги делат во 2 групи уште повеќе го компресира квалитетот на лигата, нз некако глупа идеја.
 
Ја мислам ова со потписиве на клубовите е замачкување очи. Целата идеја сигурно е на Алкалоид и неговото раководство (РФМ) во случај да бидат 3 место во прва лига. Таму конкуренцијата за прво место во плејофот ќе биде голема - Голден Арт, Јуниор Кисела Вода и Младост Богданци.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom