Значи Евреите биле ко луѓе, ко сорта угнетувани, ова нема врска со тоа. Од топ 100 само он не е вакциниран, не ќе да е попаметен од сите, иако реално негово право е тоа. Мада веќе кога Владата има такви мерки тоа е тоа, мора СИТЕ да ги почитуваат. Не ми споредувај Евреи со закон што е на сила во ек на светска пандемија. Може да им се чудиме на нив ама не за џабе имаат најниски стапки на смртност и заразеност у свет.
Види, законот е закон, но што праиме со неправичниот/дискриминаторски/ирационален закон?
И тој треба така да се перцепира? Не се согласувам.
Мене ми е скроз вон памет да мислам дека ова е plot против Србија или балканството… Тој наратив не ми се коментира воопшто, бидејќи е дебилен. Не може ни членовите овде ни општо популацијата правните прописи да ги гледа како црно/бело, ТОА Е ТОА, ПРАВИЛА СЕ ПРАВИЛА. Штосот во правилата е кога не е баш така црно или бело. Ѓаволот е во детаљите, барем кога станува збор за овие правни заврзлами.
Јас искрено не ги знам сите детали и пикантерии околу целата оваа драма, дали лажел, фингирал, праел пустел и тн и тн. Верувам дека и он не е чист.
Она што овој случај покажа е баналноста на целава ковид пандемија и го разобличи суптилниот фашизам на навидум "најпросперитетната држава" во светот. Исто е и за редица други "прогресивни/просперитетни" држави кои не би попуштиле пред ваков случај.
Овој случај го разобличи лицемерието на сите "прогресивни" сили во светот и самиот парадокс на правилата околу Ковид пандемијата.
Имаш од една страна тенисер, здрав ко дрен, 10000 тестови неделно му се вршат за се и сешто, BMI му е под 10%, и не му даваш пристап во државата бидејќи не бил "ваксан". Од друга страна, можеш да имаш човек од 160 кг, БМИ у пм, има 5 хронични заболувања, и со 20 вакцини веројатно ќе има тегоби при ковид заразеност. И тој нема проблем, ќе помине, ама овој "здравиот", нема. Тука е парадоксот, и тука е фашизмот и ѓаволштината.
Плус, до 1ви ноември 2021ва Австралиската влада не ги признаваше Кинеските и Индиските вакцини. Фажизам 2.0. Ваљда под притисок попуштиле некако. Иначе нема шанси ради своја хипокризија или лицемерие да попуштиле, гарантирам.
И не приметуваш како денес во 2022 луѓето се делат на 2 сорти - вакцинирани/ваксери и анти-ваксери? Не е тоа предуслов за постоење на дискриминација, фашизам и тн и тн?
Мислам доколку овие "слободни/прогресивни" држави се толку прогресивни а не дискриминаторски, ќе го реализираа фактот дека постои нешто сиво измеѓу црното и белото кое е воспоставено од "законот е закон/правилата се правила".
Плус, нивен заеднички интерес и на Новак и на АО е тој да биде негативен и претпазлив и да не се зарази... Ама правилата се правила, нели...
Настапот на Новак веројатно и на Австралија носи многу пари преку даноци од карти, спонзори, реклами и тн и тн. Плус, богата нација, ваљда може да му обезбедат секојдневно тестирање ако веќе не сака да се вакцинира. Дури и самиот може да си ги плаќа тие тестови за да се обезбеди дека не е преносител на Ковид. Зошто баш "мора" да биде вакциниран ако е здрав прав и ако при престојот не е заразен ?
Тоа е дискриминација 101.
Плус, се гледа од километар дека австралиската влада и целиот систем си пецка политички поени со овој случај.
Јас сум вакциниран, верувам на медицинската фела, но сфаќам дека нешто смрди у целава ситуација, и сметам дека секој треба да има право на избор дали ќе се боцне или не.
Случајно или не, Новак допринесе да се разобличи целата таа дискриминаторска лакрдија околу вакцинирањето, целиот западен фашизам поврзан со вакцинирањето и со целата таа приказна околу пандемијата, која веќе е вон секаков разум и иде во забегани крајности.
Никад не ми бил симпатичен или да сум го сакал нешто екстремно, но мислам дека во овој случај објективно и реално е обесправен и жртва на суптилен, модерен фашизам и идиократија.