Дај бе, напорен си со тој муабет потенцирајќи дека се сликал со деца. Таа патетика вметнувајќи деца не пали, разбери. Одамна никој, поготово западот не се замара за деца. Иљадници деца секојдневно умираат поради глад, иљадници деца умираат поради тоа што немаат основна хигиена, иљадници деца умираат од болести, од војни предизвикани од тој запад, милиони деца живеат во тешка мизерија и сиромаштија. За многу од овие работи, баш тој западен свет има големи заслуги. Е толку западен човек се замара за деца. Толку ќе се замараат и за овој што се сликал со деца. Голем дел од дијаспората, поготово тоа е карактеристично за постарите, мислат дека ние живееме уште у камено доба. И ние тука имаме интернет. И ние тука можеме да дојдеме до било каква информација што се случува на било која точка на светот. Така да не се брукај со информации од типот, цел западен свет ќе го мрзи, 98% од луѓето во Мелбурн не го сакаат и слични глупи муабети, поради твои лични фрустрации или апатија према Новак. Ти имаш потполно право да не го сакаш и да не сакаш да влезе у Австралија, ама не можеш да кажуваш како цел западен свет или 98% од Австралија, Мелбурн исто ко тебе мислат.