Гледам се гледа на тоа што сум го пишал ко: памти па врати, а тоа не може да биде подалеку од вистината.
Тука на некој начин воспоставувам критериуми. Јас од 20+ частенки, 5-6 сум имал повод, другите си се на мене, пари се, биле не биле, се праат.
Мене повеќе ми е за тоа што го зборев што е за вас еден параметар за частење.
Еве пример, другар кола купи, зема возачка, сеа бонусчиња, абер нема, изговори.
Е сеа, за МК збориме, тој 10 коли нема да купи у животов, нема секој втор ден да вади возачка, тоа се некои причини за кои ние како балканци си имаме стаено дека се чека да се почасти, сеа што сме стигнале до безпарица па сеа демек „Ја сум над тоа јас сум ко Америте не глеам така“ е глупо, затоа што ако се има таков став, треба и човек кога е частен да одбие, да каже ја по теркот што глеам нејќам, ама тоа не сум го видел.
Е сеа, ја у кои ситуации се осеќам ко кретен: сум земал возачка - кафана, сум земал бонус - кафана, сум лапал кладилница јаче - кафана, итн итн - кафана, а други луѓе - штама.
Па ако не ти е ќеиф на убаво да почастиш, што човек си, не мене дека ми е дојдено да ме почастат па да искочам и да јадам и пијам, можам и сам, фала многу, но каде е тука социјалата, позитивата.
Па ако се знае дека 4ца зиаме плата на различни датуми и секој части ете така, на плата, на крај на месецот исти пари си дал ама вајбот е позитивен, ко што кажаа погоре, место келнер да стои, фино лепо еден зима остаа и бакшиш и на здравје, никој нема да осиромаши зашто и да калкулираш математиката е таа, а ако немаш или ќе кажеш или едноставно нема да си у таа шема.