Концептот „Частење“

  • Креатор на темата Креатор на темата YoucancallmeV
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 јули 2021
Мислења
421
Поени од реакции
880
Јас по принцип частам многу често, обично и без некоја причина, а скоро и да не сум частен па затоа ме интересира вашето мислење на темата за овој концепт.
Пример, во година и пол - две сум частел над 20 пати, што со што без причина, а коа ќе кажеш на некој да части СО ПРИЧИНА (што според мене не треба да му се каже а сам да се сети), на пример зел бонус, К-15, сменил работа, го унапредиле, купил кола, добил возачка итн., се почнува со изговори, „Не можам сеа“, „Па кога не сум частел“ (никад не частел), „Па ти каква плата зимаш ја каква“ итн креативни и интересни изговори. Според мене не е ок да се изнудува частење дури и за арно, ама па би сакал да чујам ваше мислење и да земам и ја да лимитирам тоа частењето според некоја дефиница, зашто вака малку се осеќам ко идиот.

П.С. Не зборам за една тенденција на ликови кои знаат дека не задржуваат пари, частат ко луди и после чекаат шлепање до судни дан или следни пари што ќе ги склопат од аванта или коцка, туку за нормално частење што не бара реципроцитет, ама што сепак бара осет.
 
Не очекувам частење, ако некој се реши на тоа сум благодарен ако е во нормална граница. Пијалок, ручек итн. Не би прифател прескапо частење за да избегнам и некојпат да ми биде префрлено или да бидам прекарен. Чат пат частам ако сме излезени ете да преземам сметка или нешто, немора да има повод. Ако викам на пијачка или јадење секако частам оти сум ги поканил. Ама па како што практицираат некои кога за све купено да почастат - не. Претерано е. А тие што викаат абе си купил кола, телефон, итн. ај да частиш ми се најбезвезни ситуации. Тоа не е повод за мене. Викам ете повели кај мене на едно кафе. Па ќе видиш дали се искрени со намерите или само муфте бараат јадење вресторан. Имам и роднини (постари) сами се покануваат ајде треба да частиш, па тие да бираат ресторан и таму најскапото ќе порачаат, и тоа двапати. Нема врска што ќе повратат од прејаденост туку дека ќариле нешто муфте.

Иначе како за све: ако се претера ја губи смислата.
 
Јас по принцип частам многу често, обично и без некоја причина, а скоро и да не сум частен па затоа ме интересира вашето мислење на темата за овој концепт.
Пример, во година и пол - две сум частел над 20 пати, што со што без причина, а коа ќе кажеш на некој да части СО ПРИЧИНА (што според мене не треба да му се каже а сам да се сети), на пример зел бонус, К-15, сменил работа, го унапредиле, купил кола, добил возачка итн., се почнува со изговори, „Не можам сеа“, „Па кога не сум частел“ (никад не частел), „Па ти каква плата зимаш ја каква“ итн креативни и интересни изговори. Според мене не е ок да се изнудува частење дури и за арно, ама па би сакал да чујам ваше мислење и да земам и ја да лимитирам тоа частењето според некоја дефиница, зашто вака малку се осеќам ко идиот.

П.С. Не зборам за една тенденција на ликови кои знаат дека не задржуваат пари, частат ко луди и после чекаат шлепање до судни дан или следни пари што ќе ги склопат од аванта или коцка, туку за нормално частење што не бара реципроцитет, ама што сепак бара осет.
,,,za da ne se osekjash kako_,,,_ prestani da chastish,,,a ako vekje go pravish toa ne baraj za vozvrat ,,,
 
Oд частење, само кафе може да прифатам. Сум частел и за коли, родендени, и за се и сешто по кафани. Никогаш не очекувам некој да ме части назад. Со тек на време сфатив дека со некои луѓе се гледам само на моите частевки, и едноставно, го намалив кругот на пријатели. Со оние со кои сега се дружам, никогаш не се гледа кој и колку пати ке части. Едноставно, да имаш друшто што ти одговара и каде ти иде муабетот е бонус. За пари ретко кој гледа.

Покриво ми беше што кога на другари им беше роденден, место да ги викнат сите другари да се видиме пред се и да си помуабетиме, на кафе најмногу кое нема повеќе од 500 денари да го чини, фаќаат негде на страна, мислејки дека некој ке им бара не дај боже кафана, и овој начин им е да избегаат од тој трошок. Мислат нафта се пие.
 
Ако честиш и после очекуваш вратка, тогаш тоа не е честење.
Честам и кога има повод а и кога имам ќеф на душата.
Не правам проблем кога сака некој да ме чести а и не ми останува во глава па да мислам дека треба да вратам на честењето.
Скроз спонтано.
 
Хаха ОК реална ситуација:
Како се справувате со сметката кога сте седнати четворица на маса и иде келнер ви носи "биланс штетата" и сега сите ја земате па броите ја испив толку, Ахам Ја имав и Јадење и испаѓате едниот 230ден. другиот 400 округло третиот 250 и четвриот 180ден.
И сега келнерот тапоти вместо. И Вие ваѓате новчаниците и тројца од четворица викаат - ТИ Имаш ситно!?!? Чек вака да се префатиме.... Не чекај ти плати за сите па ќе се раздужиме ко ќе излеземе да купам кутија цигари...
:)
Дали сте такви пичкици кретенчини или еден АЛФА МАЖЈАК во друштвото скока ја граба сметката и вика Дај бе колку е тоа? 1060... Заокружи 1100!!!
 
Ако честиш и после очекуваш вратка, тогаш тоа не е честење.
Па не е ни честење некој цело време да чести, а на другиот ич да не му чуе.
Или да ситничи кога се во прашање ептен ситни пари.

Со најблиските обично сме на принципот јас денес честам, ти следен пат и не загледуваме кој колку платил. Или едноставно сметката ја делиме на еднакви делови.

Не сакам цело време да ме честат без да вратам.
 
Па ако ти частиш 20 пати, тие ниеднаш, престани да частиш и најди си нови пријатели, зашто очигледно те гледаат ко банкомат.

Океј е частење, се дури не гледаш дека те искористуваат и се прават на тошо. Јас презирам мизерно скржави луѓе што ќе ти бројат до денарче колку им должиш, а тие никад никому не должат демек, една од најлошите варијанти на луѓе ми се.
 
или еден АЛФА МАЖЈАК во друштвото скока ја граба сметката и вика Дај бе колку е тоа? 1060... Заокружи 1100!
Така прајме со другари кога идеме на кафе или да каснеме. Еднаш едниот ќе плати друг пат друг, трет пат трет, се остава бакшиш и тоа е тоа. А не сега ќе глеаме у сметката па броење дали има секој посебно точно колку што е на сметката, губење време и на нас и на келнерот, глупости у црно бело.
 
Хаха ОК реална ситуација:
Како се справувате со сметката кога сте седнати четворица на маса и иде келнер ви носи "биланс штетата" и сега сите ја земате па броите ја испив толку, Ахам Ја имав и Јадење и испаѓате едниот 230ден. другиот 400 округло третиот 250 и четвриот 180ден.
И сега келнерот тапоти вместо. И Вие ваѓате новчаниците и тројца од четворица викаат - ТИ Имаш ситно!?!? Чек вака да се префатиме.... Не чекај ти плати за сите па ќе се раздужиме ко ќе излеземе да купам кутија цигари...
:)
Дали сте такви пичкици кретенчини или еден АЛФА МАЖЈАК во друштвото скока ја граба сметката и вика Дај бе колку е тоа? 1060... Заокружи 1100!!!

Ако, кога се раздели сметката, секој треба да плати приближно исто не е проблем да се раздели на 4 и да платиш плус минус 100 денари. Ама не сум должен јас на некој да му плаќам сметка ако јас сум излегол со 500 денари и гледам да испијам помалку за да платам помалку. Има такви фаци што ке испијат 7-8 пива и после сакаат да делиме сметка а јас имам испиено 1-2. Не секој има доволно финансии за да плаќа сметки и на друг.
Околу частавањето. Частам кога има повод или некогаш од кеф, кога сум расположен. Секогаш е скромно частење, освен за роденден пример ако си ги поканил во кафана. Не сакам ни јас да бидам частен без врска од некој и после да очекува да му возвратам со исто.
 
Па не е ни честење некој цело време да чести, а на другиот ич да не му чуе.
Или да ситничи кога се во прашање ептен ситни пари.

Со најблиските обично сме на принципот јас денес честам, ти следен пат и не загледуваме кој колку платил. Или едноставно сметката ја делиме на еднакви делови.

Не сакам цело време да ме честат без да вратам.
Јас другари се случува да честам неколку пати во годината што би излегло во просек на 3 месеци, не сум и многу ќефлија чоек за да чест многу често.
За 5-6 пати во годината (лупам) и тоа некогаш со причина а некогаш без е глупо да се размислува и трга цртички.
тоа што некој пиша на 20 пати честења да не те почестат, тоа е сосема друга дискусија.
 
Тоа што го пишав јас е за честење без причина. Ако има причина и повод за радување кај некого, не ни треба да очекува да му биде возвратено честењето. Од срце и душа честам кога имам причина и повод и сакам да ја споделам радоста со луѓето кои што ги сакам.
 
Гледам се гледа на тоа што сум го пишал ко: памти па врати, а тоа не може да биде подалеку од вистината.
Тука на некој начин воспоставувам критериуми. Јас од 20+ частенки, 5-6 сум имал повод, другите си се на мене, пари се, биле не биле, се праат.
Мене повеќе ми е за тоа што го зборев што е за вас еден параметар за частење.
Еве пример, другар кола купи, зема возачка, сеа бонусчиња, абер нема, изговори.
Е сеа, за МК збориме, тој 10 коли нема да купи у животов, нема секој втор ден да вади возачка, тоа се некои причини за кои ние како балканци си имаме стаено дека се чека да се почасти, сеа што сме стигнале до безпарица па сеа демек „Ја сум над тоа јас сум ко Америте не глеам така“ е глупо, затоа што ако се има таков став, треба и човек кога е частен да одбие, да каже ја по теркот што глеам нејќам, ама тоа не сум го видел.
Е сеа, ја у кои ситуации се осеќам ко кретен: сум земал возачка - кафана, сум земал бонус - кафана, сум лапал кладилница јаче - кафана, итн итн - кафана, а други луѓе - штама.
Па ако не ти е ќеиф на убаво да почастиш, што човек си, не мене дека ми е дојдено да ме почастат па да искочам и да јадам и пијам, можам и сам, фала многу, но каде е тука социјалата, позитивата.
Па ако се знае дека 4ца зиаме плата на различни датуми и секој части ете така, на плата, на крај на месецот исти пари си дал ама вајбот е позитивен, ко што кажаа погоре, место келнер да стои, фино лепо еден зима остаа и бакшиш и на здравје, никој нема да осиромаши зашто и да калкулираш математиката е таа, а ако немаш или ќе кажеш или едноставно нема да си у таа шема.
 
Кога имаш повод и причина не частиш, ред е да си дадеш за арно за убаво, а частиш од ќеф зошто сакаш да уживаш во нечие друштво а ако очекуваш частење назад целиот концепт на частење нема смисла.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom