Таму работат од јутра со сутра за пристоен живот, тука работат од јутра до сутра да преживат во беда. А за реинвестирање во знаење освен ИТ, другите можат да сањаат само.
А за цигарите и алкохолот и јас сметам дека се луксуз да ги конзумираш. Не само што ти ги кратат парите, ти го кратат и животот. А што се однесува до кафаните излези прошетај малце, може ќе видиш дека таму има повеќе кафани и локали него тука. Сигурно не ги спонзорира државата, туку луѓето кои ги посетуваат.
Еднаш се преживува, а после 2500 евра требале за пристоен живот. Малку логиката е нелогична, ама шта чеш...
Просечна возраст на кафанџиите тука е до 30 годинки, самци што можат да си дозволат и последната фунта да ја дадат на пиење и дрога и не им смета да јадат макарони за вечера, или па ич да не јадат.
Централен Лондон е полн со такви, афтерворк, секој ден во неделата.
Ама појди во резидент ареа, да им го видиш пабовите какви им се.
Не збориме за Челзи и Кенсингтон каде сите резиденти имаат најмалку 10 милиони на сметка и се апсолутниот крем на Европа.
Збориме за луѓето од помали градови кои работат за минималка. Или полошо, живеат од социјалната помош која таман стига за најосновните трошоци, каде што кафански луксуз не постои.
Децата во школо јадат во менза и веќе од 16 работат и си заработуваат за себе.
Другар англичанец, од 17 години плаќа по 350 фунти месечно за стан