Од сметки на швалерки префрливте
Јас од дијаспората малку да прокоментирам, за цените.
Живеам во Лондон, каде што е изгор скапо, од стан, до сметки, јадење, ресторани.
Гледав цената во маркети.
2 литри млеко е околу 90 денари
Леб има од најефтин од 50 денари до 250 денари (бабин леб)
Оризот е околу 100ка
12 јајца, просек цена е 200 денари, има и за 70, има и поскапи
Пилешки гради се околу 700 денари, се наоѓа и поефтино, ама вкус никаков
Телешкото е околу 1400 денари кило, нормално има и поефтино, зависи кој дел од животното е
Свинското е околу 900 денари за кило
Јаболки 200
Банани 80
Портокали 150
Домати 300, и тоа ако најдеш саглам домат, има и за 100ка, ама ни на пластика не личи, а не на домат
Краставицата е 50 денари парче. Да, по една се купува, не е на кило.
Кромид од 70 до 200 за кило, зависи дали е "органик"
Водата е 30 денари за литро ипол.
Пивото, зависи кое, Перони е 360 денари за 1.8л
Жестокото е од 1200 денари за 700мл па нагоре, додуша се начекува и попуст.
Виното е од 350 па нагоре.
Цигарите, околу 1000 денари за кутија. Може има и поефтини, ама тие што јас ги знам дека пушат, плаќаат просек 15 фунти за кутија.
Носат и нашите од мкд, околу 7 фунти (500 денари) се
Цениве се просек од Waitrose, Tesco и Sainsbury маркетите, не ги знам цените на Алди, Лидл, Морисонс и сличните ефтини маркети, оти ги нема кај мене во населба, ама цените се 25% пониски од овие.
Јавен превоз во Лондон е 150+ фунти на месец, пак зависи од тоа каде живееш.
Козметиката за разлика од мкд е многу поефтина, на промоции си земам Palmolive купка за 72 денари (1 фунта) а во Веро ја гледав 240 беше.
Суплементите ги накачија од ко почна ковидот, сега се поскапи. Сепак, слична цена е ко нашите аптеки.
Кирија, зависи кај сакаш да живееш. Ако си во град далеку од Лондон, станот е поефтин, ама него го тргаме настрана.
Сметките, до скоро беа просек 350 фунти (25 000 денари) на месец, од ко кренаа скоро се, и вода, и струја, и гас, и кансел такс, просекот може и ќе е 450 (33 000 денари) на месец.
Минимална плата е околу 1350 после даноци (не ме држете за збор за точна сума)
Зошто го пишувам ова?
По вашите постови, 2500 е потребно за лагоден живот во мкд.
Не, со 2500 ќе имате лагоден живот во помало место низ Британија, оти цените се слични како кај нас, а приходите далеку поголеми.
Баш ме интересира што толку многу јадете дома, па толку скапо ви изгледа дома зготвено.
И кога јадете во кафана, колку трошите на излегување.
Кај нас секако дома ни ги плаќаат сметките, ни даваат спрат од куќа во најмала рака, најчесто родителите го даваат депозитот за стан и помагаат секој месец со ратата