Кремче, буквално за тоа ми беше мојот втор пасус, сега вс тогаш, во однос на јавниот долг. Само една Хрватска должи многу повеќе од една Југославија, долг без пресметана инфлација. Проблемите на Југославија биле, покрај политички, точно и економски. Но јасно е кога должиме повеќе: сега.
Рачунај дека за една Стопанска банка сме фрлиле вкупно (значи средства од два различни буџети) скоро 200 мил евра без инфлација, а со тоа се зголеми и јавниот долг. Ние имавме умерен јавен долг, под 60% од БДП кој се контролираше се до некаде 2008 кој запопча нагло и неконтролирано да се зголемува. Улога играше и светската економска криза, но и растот на јавната администрација, минималната плата, па и последно (од 2019 мислам) социјалната помош за 300%. Секој буџет е сѐ поголем и поголем. Последниов мислам дека отстапува од последното правило, нешто е помал од тој од 2021, можеби грешам.
Така тато и бато донекаде се во право, но треба да им кажеш дека и државите околу нас имале полош животен стандард (Албанија, Бугарија, Романија и Грција) од Југославија, за кој пишував на темата за распаѓањето на Југославија. Проблемот е во тоа што, по нашата независност, они лошо се држеа и на крај го зголемија стандардот, а ние си останавме на нашиот. Дури и екс-ју државите. Така се појавија одредени разлики во нивна полза каде сите тие дестинации кои некогаш не биле скапи, по тој наш југословенски стандард, сега се скапи.