Мислам дека непотребно се лутиш, не се злонамерни во постовите, мислам дека пријателот те лаже на големо, зимај со резерва негови бројки.
Имам двајца чичковци во Швајцарија, едниот е нешто ИТ, не е програмер, нешто секјурити, не зима ниту приближно толкава плата.
Другиот е шофер со Ц+Е, исто зима на половина.
Бев во иста ситуација како тебе за Германија, бев решен се да заебам и да бегам бидејќи имав другар што ме убедуваше во некои бројки што ми беа чудни ама бев сигурен дека не ме лаже пошто пораснавме заедно, на крај искочи, дека ме лажел.
Затоа, со резерва, не е запад тоа што беше, пола фамилија ми е иселена од тука и не е сјајно.