94 американски филмски награди (Оскари 2021)

Кој филм е твој фаворит за Оскар за најдобар филм од 2021?


  • Вкупно гласачи
    9
  • Гласањето е завршено на .
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.129
The Hand of God!!! Какво филмиште!

Одамна немам гледано вака убав, во секоја смисла комплетен филм. Секоја чест на режисерот. Мене ме освои и остави со голема кнедла во грло.
Женска, после муабетите за Вонг Кар Ваи, ептен ми правиш кејф со филмскиве муабети. :love:
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
И Анет ли е на анкетава бе? Го сфати ли некој тој филм освен несфатениве на Летербокс?
Јас го сфатив крајот, не сфатив зошто мораше да трае цела вечност и да пеат толку многу.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.846
Поени од реакции
36.905
НАЈДОБРА АКТЕРКА ВО СПОРЕДНА УЛОГА (ранг-листа)

1. Kirsten Dunst - The Power of the Dog
Kirsten Dunst.png

2. Aunjanue Ellis - King Richard
Aunjanue Ellis.png

3. Caitriona Balfe - Belfast
Caitriona Balfe.png

4. Ariana DeBose - West Side Story
Ariana DeBose.png

5. Ann Dowd - Mass
Ann Dowd.png

6. Rita Moreno - West Side Story
Rita Moreno.png

7. Ruth Negga - Passing
Ruth Negga.png

8. Marlee Matlin - CODA
Marlee Martin.png

9. Cate Blanchett - Nightmare Alley
Cate Blanchet.png

10. Judi Dench - Belfast
Judi Dench.png

11. Meryl Streep - Don't Look Up
Meryl Strip.png

12. Jessie Buckley - The Lost Daughter
Jessie Buckley.png

13. Gaby Hoffmann - C'mon C'mon
Gaby Hoffmann.png

14. Martha Plimpton - Mass
Martha Plimpton.png

15. Jayne Houdyshell - The Humans
Jayne Houdyshell.png

16. Nina Arianda - Being the Ricardos
17. Haley Bennett - Cyrano
18. Dakota Johnson - The Lost Daughter
19. Salma Hayek - House of Gucci
20. Rebecca Ferguson - Dune
21. Toni Collette - Nightmare Alley
22. Sally Hawkins - Spencer
23. Glenn Close - Swan Song
24. Kathryn Hunter - The Tragedy of Macbeth
25. Olga Merediz - In the Heights
26. Anya Taylor-Joy - Last Night in Soho
27. Cate Blanchett - Don't Look Up
28. Zendaya - Dune
29. Saniyya Sidney - King Richard
30. Diana Rigg - Last Night in Soho
31. Tilda Swinton - The French Dispatch
32. Frances McDormand - The French Dispatch
33. Vera Farmiga - The Many Saints of Newark
34. Olivia Colman - Mothering Sunday
35. Thomasin McKenzie - The Power of the Dog
36. Regina King - The Harder They Fall
37. Judy Davis - Nitram
38. Audra McDonald - Respect
39. Viola Davis - The Unforgivable
40. Revika Reustle - Pleasure
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.846
Поени од реакции
36.905
2/15 The Worst Person in the World / Verdens verste menneske - Норвешка

Е ова е веќе далеку подобро! Негде прочитав совршен опис за филмов, парафразирано: ова е совршен ром-ком за луѓето кои мразат ром-коми. И не можам да не се согласам. Интересна структура, филмот е поделен на 12 поглавја, вовед и епилог, и иако дејството е линеарно, таквата структура му дава некоја дополнителна динамика. Филмот веќе го опишаа како еден од најдобрите во 2021, најверојатно и ќе заработи номинација за Оскар, а со оглед на тоа што веројатно најголемиот конкурент за освојување на Оскарот за интернационален филм, францускиот Titane не ни влезе во конкуренција, ништо чудно да „изненади“ и со освојување на златната статуетка. Единствено што мене тука ми фалеше е малку повеќе емоција, но од Скандинавци што да очекуваш повеќе? 8/10

3/15 Hive / Zgjoi - Косово

Косовско - швајцарско - македонско - албанската копродукција Hive ми остави најсилен впечаток од трите изгледани филма до сега. Не било за џабе фалењето, сепак. Навистина убав филм, со убава симболика, убава (вистинска) приказна, иако малку тежок за гледање, но пак: што друго да очекуваш од балкански филм? Тука некако се ми беше на место да можам да уживам и да не трепнам саат и пол, и да можам да го наречам филмот убав, но многу малку ми фалеше за ова да биде извонреден филм. Можеби приказната толку дозволува, можеби веќе сме гледале многу други слични, можеби требаше фокусот да биде повеќе ставен на емоциите, не знам, само знам дека иако навистина уживав во филмов и се си беше на место, не ме полазија морници, не ми затрепери грлото, не ми насолзија очите... Ама - препорака да го ѕирнете! 8/10
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.129
3/15 Hive / Zgjoi - Косово

не ме полазија морници, не ми затрепери грлото, не ми насолзија очите... Ама - препорака да го ѕирнете! 8/10
Е баш ради ова, и доби 3/5 од мене. Ништо посебно.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.846
Поени од реакции
36.905
4/15 The Hand of God / È stata la mano di Dio - Италија

Никогаш не би помислил дека ќе речам дека ми се допаднал филм на Сорентино. Еден од моите најомразени режисери, зашто сметав (и по малку се уште сметам) дека е претенциозен и копикет на Фелини, повторно по малку го копира Фелини, ама овојпат како да не го крие тоа, туку дури и го додава Фелини во филмот, со што како да ни кажува: ОК де, секој може да е под нечие влијание, така и јас сум под негово. И тоа е некако сосема легитимно и можеби затоа не го мразев филмов. Напротив: првите две третини од È stata la mano di Dio беа вистинско уживање. На крајот кога младиот Фабието остана скршен по тоа што се случи и откако почна да се бара себеси, некако како да ми падна филмот. Се смени и тонот, се сменија и боите (што исто е сосема ОК), се смени дури и динамиката, што го направи малку досаден. Но, генерално - солиден филм! Ова има сериозни шанси да земе Оскар. Од мене, само 7/10

Инаку, најјак дијалог:
Брат му: Да можеш да бираш: да ја ебеш тетка Патриција или Марадона да дојде во Наполи, што би одбрал?
Фабието: Марадона во Наполи.
:pos:

5/15 Lamb / Dýrið - Исланд

Е ова беше... чудно искуство. Приказна инспирирана од исландскиот фолклор и претворена во нешто измеѓу емотивна драма и хорор. Филмов како да не мрднува од место, исто како што не мрднува од место животот на (скоро) единствените двајца протагонисти тука: Марија (Нуми Рапас, ја знаеме по The Girl With Dragon Tattoo, оригиналниот, шведскиот) и Ингвар, кои одглумија маестрално. Е, ама се случува нешто што ќе ве здрма, ќе ве потресе, од што ќе ви се згади, ќе ви се згрози животот и ќе ве извади од патики... (не сакам да спомнувам ништо, внимавајте на спојлери!), а тие мртви ладни, го прифаќаат новиот живот ко да е тоа нешто сосема нормално. Чуден, многу чуден филм, од една страна згрозува, од друга воодушевува и извонредно раскажува една тажна приказна. Фотографијата е маестрална! Музиката токму по мерка како надополнување на целиот амбиент (композитор е Валдимар Јохансон, самиот режисер на филмот! Толку луѓе има во Исланд, мора да се мулти-таскинг. :D ). Глумата и режијата беспрекорни. Но нешто како да ми фалеше. Можеби повеќе објаснување, зашто филмот сака да не нахрани со трошки лепче. Можеби малку поинаков расплет. Но во секој случај, браво и за оригиналноста, браво и за храброста, и се тоа мислам дека мора да се вреднува. Од мене 7/10 и тука!

А, да, ќе заборавев ова: во сцената кај што гледаат ракомет се слуша коментаторот кај што вика: Macedonia, а подоцна се гледа - гледаат натпревар помеѓу Македонија и Исланд, и Македонија победува:

1640713148554.png
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Јапонскиот е тој со колата? Го има по торенти?
Ми бараше еден да го рипнам од еден онлајн фестивал/филм он деманд, 8гб срча слика имам АМА словенечки хард саб :/
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.129
Јапонскиот е тој со колата? Го има по торенти?
Ми бараше еден да го рипнам од еден онлајн фестивал/филм он деманд, 8гб срча слика имам АМА словенечки хард саб :/
Тој е. Го имам со српски хард саб, ама има и одличен скринер од него (мислам со англиски титл).
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Дали Сорентино ќе праеше филм за своето тотално досадно и ултра неинтересно депресивно детство ако не умреше Марадона лани?
Актер без емоции. Коа му умреа родителите он дремеше ко ладен камен па да не очекува мене да ме допре случајно.
Шлепање на култот на Марадона, ко што и очекував кога прочитав за што станува збор во филмот.

Еден од најдосадните, најнепотребните и нај со сила напраени филмови што сум ги глеал.

Сцените у првата половина од филмот постоеја само за да се збори за Марадона и чат пат Фелини.
Втората половина го глеавме детево што личи на Боб Дилан како се ашка натака навака.

Ало друже, не не интересира што си останал сирак јеботе. Па уште сам за себе си напраил филм.
Чао.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.846
Поени од реакции
36.905
6/15 I'm Your Man / Ich bin dein Mensch - Германија

Многу убаво филмче, многу позитивно ме изненади. Прво, зашто е такво, лежерно, не замара, со тон за кој нема потреба од никакво напрегање, едноставно те внесува и пушташ да си тече слободно. И второ - Ден Стивенс! Еден од моите омилени актери, уште попријатно ме изненади кога го видов во филм на германски и тоа со толку многу дијалози, иако имам прочитано дека течно говори неколку јазици. Маестрален, како и секогаш! Филмов е толку наизглед површен и не-захтевен, а сепак толку длабок и може да отвори многу дискусии, за човековата среќа, за љубовта, за сродните души, за вештачката интелигенција, за можноста да сите бидеме среќни во љубовта и сл. Ова беше ко една од ретките епизоди на Black Mirror со среќен крај! Најдобар од кратката листа до сега! 9/10

И препорака!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.846
Поени од реакции
36.905
7/15 Drive My Car / Doraibu mai kâ - Јапонија

Оу, каков филм! Потсетува многу на филмовите на Нури Билге Џејлан, кој е еден од моите најомилени режисери - и по должината, и по дијалозите кои му се стожерот. Нема некакво дејство, всушност ништо и не се случува. Само дијалог, дијалог, дијалог... Сценариото - masterpiece! Плус, провејува духот на Мураками тука (филмов е направен според расказ / новела на Харуки Мураками, со истиот наслов), што е уште еден голем плус, зашто и Мураками е еден од авторите кои многу ги сакам. Го има тој меланхоличен сензибилитет, типично муракамиевски, кој навистина многу ми се допаѓа. Прекрасно! Штотуку видов дека и покрај тоа што еден Фархади и еден Сорентино се во истата конкуренција, баш овој филм е главен фаворит за Оскарот, пред нив. A Hero не сум го гледал, но во споредба со другиот, секако дека доколку овој освои, би било позаслужено. @Shawn Spencer погоди дека овој филм најмногу ќе ми се допадне. До сега, заедно со германскиот (погоре), во топ 2 фаворити! 9/10

И уште една препорака! (y)

(NOTE: филмов е ептен slow burner, па така - стоп за оние кои сакаат дејство - тука нема да го најдат)
 

Maksimot

Психијатриски случај
Член од
28 јули 2021
Мислења
277
Поени од реакции
290
Дали има шанси Willem Dafoeда биде номиран за најдобар спореден актер за Spider man: no way home, зашто филмот излезе доцна во 2021?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.846
Поени од реакции
36.905
Дали има шанси Willem Dafoeда биде номиран за најдобар спореден актер за Spider man: no way home, зашто филмот излезе доцна во 2021?
Нема врска дали филмот изглегол рано или доцна, друго е важно:
1. Дали воопшто продуцентите на филмот го пријавиле во таа категорија;
2. Дали доволно луѓе членови на актерската гранка од Академијата (значи доволно актери) гласале за него.

Е сега, побарав на сајтовите за предвидувања, Вилем Дефо се спомнува 2 пати како актер со можна номинација за Оскар за споредна улога, но за Nightmare Alley и The Card Counter. За SpiderMan: No Way Home никој никаде не го спомнува, а од мое искуство, никогаш не се случило сајтовите за предвидувања да погрешат толку многу, па некој кој воопшто не ни бил на листите на крај да заврши со номинација. Значи - не, нема шанси.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom