Охрид

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Сѐ што напиша за Скопје е вистина, ако сакаш кафе за 50 ден, седни во Мавровка. Ако сакаш да го јадеш најдобриот бургер во градот, оди во Тетекс и земи си батак. :noze:

Скопје е презагаден, од воздух до реките и речните корита. Тоа е вистина. Цените во кафичите во строгиот центар се релативно високи, и тоа е вистина. Храната таму е крш.

И да, можеби немаш директна зависност од туризмот, не издаваш соби, но дел од парите од издавањето на апартманите треба да одат во локалниот буџет, чија висина зависи од успешноста на туристичката сезона. Значи имаш индиректна зависност. Тие пари се пласираат во општината.

Моите критики е да биде уште поубаво, вашите се релативизирања, контракритики и контранапади. Ете соломонското решение-земете и морски и слатководни ежиња, чим таа е единствената разлика меѓу плажите на Јадранот и вашите, претпоставувам туристите ќе бидат луди по нив, плус на сите ќе им погодите. :icon_mrgr:

И не земајте сѐ на срце. Додека реагирате како оставена тинејџерка, секогаш ќе има некој да провоцира. Лично пренесувам само импресии и искуства. Поради завивањето на оџата една година го променив пансионот. И да одам 10 дена, одам да се одморам. Поради ладната вода за туширање и лошата плажа не одам во Елешец (до душа јас на плажа одам или рано сабајле или навечер, не сакам сонце и гужва). Тоа се места каде нема да одам (додека не се промени нешто), секако дека има и други туристички локации, во Охрид, каде може да се оди иако последниве години преферирам планина.

Градот е преубав, навистина, ама за средување, треба постојано да се средува. Сличен проблем имавме во Матка. Матка може да биде рај, се сеќавам кога цветаше, се сеќавам кога се капев таму. Сега е оставен на милост и немилост. Се надевам дека со новата локална власт нешто ќе се промени.
 
Член од
3 март 2021
Мислења
579
Поени од реакции
994
Ami ako sakaat Struga da odat ili samo da pominat.
Da ne vi opnime nie edna na Bukovo, edna na Podmolje, kucinjata so loj nema da ve jadat. Greojte nema da vi se gledat.
Zamisli Struzani da vi manat rampa pred aerodromot, sakas Ohrid, 1000. Za Struga nema problem, ok e, povelete.
Ke ve sakatat ali sonot ke vi se ostvari barem. Ohridskiot del na Ohrid na Ohrigjani. Cernobil povekje lugje ke ima od Ohrid :pos:
Што ќе опните вие бе :lolzz:
Аеродромот е во Дебарца, инаку општина со 5.000 души има:
-Аеродром
-Езеро
-Независен градоначалник
-Прва слободна Македонска територија во ВСВ
-Скопје пред миграцијата на Дебрчани во 1920 беше српско село со 10.000 луѓе
-Со Охриѓани сме си брачеди иако не нѐ сакаат многу ама тоа е братска кавга

Што има Битола жити сѐ, па еден стадион не успеавте да ги убедите да ви направат 30 години, општина со 200.000 еееј :vozbud:

ПС не бе ај шо не ти е срам дека немате аеродром, ама трговски бее па во Скопје 20тиот го отворија годинава
 
Последно уредено:
Член од
28 октомври 2021
Мислења
1.091
Поени од реакции
2.145
Го решивме проблемот со туризмот во Охрид. Ценете го тоа што го имаме, а главно мото им е "ак не ти чини не идај". Ко ваш да е Охрид. Значи никој од сега не смее да се жали за нешто во Скопје. Наше си е, ценете го, најдоброто што го имаме во Македонија.

Ако плаќам некое јадење 300 денари, нека вреди за тие пари. Толку е математиката. Не може да ти е крш услугата, јадењето суво барут,да те услужат чекаш 10 минути и да се правиш дека чини све.

Иделе да се опуштат на одмор, не да броеле пари и да гледале какво било јадењето. Извини, не знаев дека штом отидеш на одмор, буџетот магично не ти се троши, туку ти останува ист.

Од една страна, на Охрид не му требале туристи, а тријат кутрите раце, се надеваат на баби и дедовци од Холандија...

Да не ви доаѓа никој 5 месеца, има за по 10-20 евра од вечер да ги давате шупите што ги викате апартмани со поглед на езеро. Среќа па не ви текнало нова фора, со поглед на месечината, па да додадете уште некое евро плус.

Ако немам пари за Сејшели - не одам. Па да, ама тоа е Сејшели. Нема никаква логика Охрид, да се става рамо до рамо со светските туристички атракции. Еднаш беше зборено, ако Охрид е познат и убав по историјата, црквите, природата, водете таков туризам. А не плажарски, со по 100 евра коњопој на плажа, журки со најголемиот шлајм од балканот и наплаќање лежалки како да престојувате на Малдиви.

Убав град, ама џабе.

Тешете се само Охриѓани, и оние кои имаат стан таму.
Еве искрено, што очекуваш од јадење кое кошта 5 евра?

Иначе има соби со поглед на езеро или на планина, тоа ради ориентација, да не се загините додека ги туткате пиперките низ торба.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Јас мислам дека од пусто мерење кому е поголем, ја утнавте поентата.
Факт е дека Охрид е или беше убав град, најубав во Мк, за енѕероно немаТ збор, Охриѓани не се лоши луѓе, дури напротив.
Ама има еден факт кој треба да си го признаат: не ги бива за туризам и точка.
Пишвете кољку сакате тоа е.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Јас мислам дека од пусто мерење кому е поголем, ја утнавте поентата.
Факт е дека Охрид е или беше убав град, најубав во Мк, за енѕероно немаТ збор, Охриѓани не се лоши луѓе, дури напротив.
Ама има еден факт кој треба да си го признаат: не ги бива за туризам и точка.
Пишвете кољку сакате тоа е.
Се шо си напишал е ок.Ама немој да го користиш ова енsероно аман,ми се кревет сафриве.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Се шо си напишал е ок.Ама немој да го користиш ова енsероно аман,ми се кревет сафриве.
Па јас во нормален разговор и не го користам, не сум скопјанец :D Повеќе како стимул за реакција, како провокација го напишав, оти знам дека освен такозвани скопјани никој не го користи тој израз;)
 
Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.916
Поени од реакции
9.521
Шо беше она бе градоначалникот укотвен беше во Тино чинам некоја предновогодишна забава дан беше за општинариве. Слушам и К-15 дан му дал заслужено немат шо. Читам рампа Подмолје стружани да клаеле Абе море кај ќе ојме ние стружани ак клајме рампа ќе си пукаме в колено со тој потег. Убав си е Охрид вие многу паламудите зш ко ќе дојте навака се понашате ко пештерски луѓе истото говно сте и вие по СК,БТ и остали чак и полоши
 
Член од
18 март 2019
Мислења
435
Поени од реакции
1.975
FB_IMG_1640425829374.jpg

Еве ви на тие шо ви е скупо цел апартман во Охрид по 40 еур за нг, повелете одете во Другово за само 130 еур од вечер, in the middle of fuckin nowhere, во прекрасен амбиент, зачинет со завивањето на кралот на тезгарската турбо фолк сцена, еден и единствен, маестро Џони Живион.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.169
Поени од реакции
3.467
Брат не заебавај.

Две вечери за двајца со доручек е 130 евра.

Тоа ти е по 65 евра од човек, со карта за прослава на нова година.

За мене и ова е неприфатливо, ама не е 130 евра од вечер по човек како што сакаше да го прикажеш.

Локацијата е бош нормално, ама местото како објект мене ми е сосема океј.

Да беше истово во Охрид, тука ќе се истрчавте да кажете "Ам Охрид е, шо сакаш" ; "Ам шо, за нас попуст да не имат" ; "Ам Скопје поевтино ли е".

Не оправдувам никакви цени во било кој град за нова година, со изговорот дека била нова година. 1500-2000 се сите понуди по човек било каде.

Најлошо е, барем во Македонија, што голем број луѓе се осеќаат боље коа ќе купат нешто скапо, па си бараат оправдувања за цената.

"Топ си пројдов" , "Виде ли колку испивме?" , "Центар е, колку да биде?" , "Ти знаеш колку е у Белград!?"

И 2000 да дадам, знам дека тоа нема да ми гарантира добар провод, пошо ретко веќе кај има квалитетен провод, сѐ е ради реда.

Извинете за офтопик.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.924
Поени од реакции
12.417
Абе зш Камелеон го имет сменето пејачон?
 
Член од
18 март 2019
Мислења
435
Поени од реакции
1.975
Брат не заебавај.

Две вечери за двајца со доручек е 130 евра.

Тоа ти е по 65 евра од човек, со карта за прослава на нова година.

За мене и ова е неприфатливо, ама не е 130 евра од вечер по човек како што сакаше да го прикажеш.

Локацијата е бош нормално, ама местото како објект мене ми е сосема океј.

Да беше истово во Охрид, тука ќе се истрчавте да кажете "Ам Охрид е, шо сакаш" ; "Ам шо, за нас попуст да не имат" ; "Ам Скопје поевтино ли е".

Не оправдувам никакви цени во било кој град за нова година, со изговорот дека била нова година. 1500-2000 се сите понуди по човек било каде.

Најлошо е, барем во Македонија, што голем број луѓе се осеќаат боље коа ќе купат нешто скапо, па си бараат оправдувања за цената.

"Топ си пројдов" , "Виде ли колку испивме?" , "Центар е, колку да биде?" , "Ти знаеш колку е у Белград!?"

И 2000 да дадам, знам дека тоа нема да ми гарантира добар провод, пошо ретко веќе кај има квалитетен провод, сѐ е ради реда.

Извинете за офтопик.
Епа во Охрид за смештај ќе поминиш по 20 еур од вечер и со тие 45 што ќе ти останат можеш сите кафани да ги свртиш на по некоја пијачка и + ќе си во Охрид, што колку сакате не признавајте е број 1 дестинација во Македонија. Истиве цени од ова во Другово се и во сите хотели во Охрид налик на овај. И сега да прајме споредба хотел во Другово со хотел во Охрид кој коштет исто пари?
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.927
Поени од реакции
10.554

Значи проба да манипулираш па сеа пак нешто ја вртиш
Ај жити се најди хотел со две ноќевања и прослава вклучена у Ох за 130е
сегде е организирано кој ке те пушти пијачки да пиеш само
Може е топ дестинација за некој што не бил и ке му е интересно еднаш два пати и толку

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Во ред, моја грешка не видов дека било за 2 вечери. Сепак прескапо за во некое свирипичино што нема ништо околу, ни па некоја убава природа, но тие се цените за нг секаде нема да навлегувам повеќе.
Инаку за 130 еур ќе најдеш аранжмани за сите просечни хотели на охридска ривиера, освен тие "елитните", а можеш да влезеш во секој кафич, каде што нема кујна па да има некои специјални понуди со мениа и да пиеш пијачка лабаво. Ако нема место ќе застанеш на шанк и чао пријатно. Во ноќните клубови ако не сакаш да се расфрлаш со флаши и маси можеш само карта да платиш и да стоиш во гужвата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom