Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Kolku sto ne e argument deka cenite se skapi tolku i ne e argument deka Ohrigjani ziveat cela godina so tie ceni. A i vo Ohrid ima poeftini mesta, samo nema da sedis pokraj ezero, neli. Inace so ogled na cenite sum pragmaticen. Dur e nekoj spremen da gi plati cenite si se na mesto. Duri bi rekol nema da mu steti na Ohrid da ima poskapi ceni ama od druga strana toa sto go dobivas za tie pari da bide opravdano. Ne e problem da ima skapi ceni vo restoran ama kvalitetot da ja opravduva cenata. Delumno Ohrid ima problem so toa (posebno restoranite) ama na kraj veruvam deka lugjeto so izborot mozat da go resat. Tuku da se vratam na muabetot, neka ima poskapi ceni i da nema masoven turizam, Ohrid ednostavno ne e pogoden za masoven turizam. Surovo malce ama koj ne moze da si dozvoli neka ne pravi tamu odmor. I ja ako ne mozam da si dozvolam Seychelli ednostavno ne odam.

За ресторани и угостителство до негде се согласвиме (зато ќе скокниме до Атва или Бабино, Трница итн. и ни се исплаштат со си патот).

Ама цениве во маркети, на локален пазар (овошје , зеленчук), месарници итн. се секогаш повисоки.Бутици исто така, а изборот оскуден.

За режиски трошоци да не прајме муабет.Најскап вода кубик во Македонија, па за нефункционален Колектор со седиште во Скопје и други слични заебанции.
 
Го нема Берик, па морам јас. Како може во самиот центар на градот, во ек на туристичка сезона, сабајле, да те буди оџа? Сигурно туристите, кои доаѓаат од страна, доаѓаат да уживаат во вокалните способности на некој кој штотуку се вратил од боиштата на Авганистан. Сигурно дека стои во туристичките флаери како една од поубавите страни на самиот град. :pipi:

Не се работи само за наоѓање замерки, ако имаш одредени високи очекувања, и истите не ги изреализираш, секако дека ќе ги потенцираш само негативните страни. Дали има одредено подобрување по тие критики? Дали сите плажи се песочни? Плажата кај Елешец е камења! Додека да стигнеш до одредени ниво подобно за пливање, треба да ги искршиш нозете на камења! Лагадин исто е камен! Тоа треба да си средуваат концесионерите ако сакаат да привлекуваат туристи, па и ако сакаат да ти изнајмуваат квадратура за поставување на приколка.

Ние планиравме да купиме приколка во Градиште или Елешец. Покрај тоа што наплаќаат годишно над 500 евра, наплаќаат и дневен паушал! Да бидеме искрени, тоа ни е исплатлива инвестиција, имаш каде да отидеш тие 10-20 дена и може да се издава, само со текот на времето ќе ти се здосади едната иста локација. Се предомисливме! Во Елешец плажата е крш, притоа вистинско чудо е, во самиот камп, да начекаш топла вода за турирање. Мора самиот да набавиш туристички туш каде ќе си грееш вода! Тоа е повеќедецениски проблем кој лесно се решава. Требаат повеќе приватни инвестиции, ако сакаат привлекување на туристи и наплив на капитал. Така таа мини инвестиција, сега за сега, е одложена.

Локалните проблеми, кои треба да ги санира локалната власт, самите мештани најдобро си ги знаете. Тука не коментирам. :backa:
 
Абе океј цене, ке ги прегл'тамо, едн пут се живи,а и Оксрид е убаф,ама охриѓани не ги бива.Едноставно такфи су, од ген не се бега.Да не постоесфа штипјани, убедљиво најлош народ ке бесфа у државу ни.
А затој ли идесва доста Кумановци порано да учив туризам, а Штип скоро па комшије и нејќев куде Гоцета Делчев :icon_mrgr:
 
Го нема Берик, па морам јас. Како може во самиот центар на градот, во ек на туристичка сезона, сабајле, да те буди оџа? Сигурно туристите, кои доаѓаат од страна, доаѓаат да уживаат во вокалните способности на некој кој штотуку се вратил од боиштата на Авганистан. Сигурно дека стои во туристичките флаери како една од поубавите страни на самиот град.
Ај сега кажи предлог што охриѓани можат да направат во врска со ова прашање?
Во Скопје нема џамии? Не се дерат никаде освен во Охрид?:cautious:
Значи да не се разбереме погрешно и мене ми смета дерењето на локалниот оџа, не верувам дека ќе најдеш охриѓанец кој ќе го оправда. Но, тоа е прашање на централната власт, заедно со локалната власт. Охриѓани протестираа, пишуваа писма и никому ништо, кучињата си лаат, карванот си врви.
Џамијата е со амин на Зајко, букаке за гласови и толку.
Ајде туристите ќе дојдат 10 дена, 2 недели, па ќе си одат. Што да кажат мештаните кои живеат тука? Нив оџата не им пее 10 дена, туку нон стоп.:toe:

Следното лето кога ќе доаѓаш на одмор, кажи, ќе му напишеме барање на локалниот оџа, „додека е Дамби во Охрид, аман не пеј“ :icon_mrgr: и толку може да направиме ние, а дали барањето ќе биде прифатено или не, веќе не е во наш домен :toe:

Централната власт во координација со локалната самоуправа треба да имаат стратегија за развој на туризмот и да ја имплементираат таа стратегија, која што ја имаат само на хартија и која што ја отвораат само пред избори, да препишат некоја реченица. Да се грижат за инфраструктурата, со хигиената, културната понуда и сл. Без тоа самите охриѓани се немоќни.

Дали сите плажи се песочни? Плажата кај Елешец е камења! Додека да стигнеш до одредени ниво подобно за пливање, треба да ги искршиш нозете на камења! Лагадин исто е камен!
Кој рекол дека СИТЕ плажи се песочни?:cautious: Некој сака камења, некој сака песок. Ние во Охрид имаме за сите по нешто:icon_mrgr:
Јадранско море, имаш плажи со камења? Албанија плажите секаде се песочни или?
Имаш избор, ќе одиш таму каде што ти се допаѓа. Зборот ми е дека не по секоја цена треба да се плука по се она што е наше, а туѓото е поубаво.
НЕ, туку треба да си го цениме тоа што го имаме.
 
Џамиите се тука пред Зајко, сем ако не дозволил да се изгради некоја во меѓувреме. Не може џамија по џамија во централното градско подрачје, посебно не во туристичките зелени зони. И не, кај мене нема џамии. :love:

И да, тоа е релативно сериозен проблем, каде мора да се решава на локално ниво. Твоите сограѓани живеат од туризмот, големината на буџетот на Охрид успешноста на туристичката сезона, каде потоа може да ги сервисира локалните проблематики, проблеми и потреби.

И нели, на око, поубаво изгледа една песочна плажа отколку плажа со камења! И тоа зборуваме за едни од најатрактивните плажи. Ако сакаат да привлекуваат туристи, ќе мора да инвестираат во локалниот туризам, што приватно, што државно. Тоа не е плукање, туку тоа е критика. Плукање не е дека нема топла вода по камповите, туку е отсликување на реалната состојба утврдена на терен.

И знаеш како велат купувачот секогаш е во право. :pipi:

пи.ес. Сеуште сметам дека водата е или баена или штедите на хлор. Дел од младоста оставив во Охрид поради таа вода. :pipi:
 
Очигледно бараш најмала ситница колку да се фатиш за нешто, само да не испаднит Дамбо крив..Ејј, Охриѓани биле криви за локалната џамија и гласниот оџа.Еве една џамија ми е блиску станот, се дешавало и во 6 сабајле да ме разбудат, па никому ништо, ти си дошол 2 дена охрид и одма драма, шушкал оџата...Немат шо поќе да дискутираме, но сенс..За вториот дел околу вложувањето, ти брат пратиш вести или? Сите можни платформи ги срушија(не навлегувам дали биле во право или не), кој да вложит?За да си е све легално како шо сакат Унеско, видовме годинава, пиши пропало..Ќе вложам во воздух, е јбг..
За водата нз, јас еве, дома, до сега сум немал никаков проблем, чиста петка освен шо плаќаме поскап кубик, хлор немам сретнато долго време(вклучувајки го и летниот период)..
И нас ни сметет пола градови шо поради високи цени, шо поради паркинзи, локални кафани, па не ојме околу да се прајме паметни...Сите мирисате само Охриѓани смрдет, ма важит..Иаме 100 недостатоци ко сите, ама ова вашево, санкир кралот од Катар дошол на одмор па све нешто драма
 
Каде реков дека вие сте криви за вревата од џамиите? Никаде. Ја коментирам сликата за градот како турист. Дали ти, ако оди некаде на одмор, сакаш да се будиш во 5 часот наутро со звукот на џамијата која се наоѓа непосредно до твоето одмаралиште? Не. Тоа е локален проблем и може да се реши локално. Може да се забранат звучниците на џамиите, тоа не е противуставно, дури и не се кршат религиските права...затоа што никаде во Куранот не се споменуваат звучниците. Тие се одраз на самоволието на ИВЗ, и да, се слика и прилика во сите средини каде има мешано или доминантно исламско население. Може да се промени? Да.

И да, не се инвестира доволно и треба да се инвестира. Едно е што ги рушат платформите и дивоградбите (иако технички тоа и не е инвестирање), друго е да се имплементираат минимум туристички стандарди, како на пример топла вода за туширање во камповите. Во Градиште имаше, до душа, ако стигнеш прв. Плажите треба да се средуваат. Апартманот (сместувалиштето) и плажите се главните компоненти околу кои се врти туризмот кај вас.

За водата, се закачав. :pipi:
 
Не може џамија по џамија во централното градско подрачје, посебно не во туристичките зелени зони. И не, кај мене нема џамии.:love:
Блазе тебе, ако немаш џамии околу тебе.
Не можело џамии во централно градско подрачје:pos:ете гледаш дека може. Што значи дека го имаме и невозможното:icon_mrgr:

Луѓе, живеете во Македонија, земјата на чудата, знаете и сами како функционираат работите кај нас.
Кумулативно долгот на сите општински јавни претпријатија плус долгот на Општина Охрид изнесува 1 354 432 649 денари или околу 22 милиони евра.
Спичкани се 22 МИЛИОНИ еУриЌи друже :vozbud:И никому не му паѓа на памет да сноси одговорност, отчет.
Зградата на Општина Охрид ќе падне од превработеност. Немаат места повеќе каде да ги седнуваат. Вработените се плашат фиока да отворат, затоа што ги фаќа уплав да не им излезе некој вработен од фиока. Секои избори има нова тура нововработени, оние најзаслужните:icon_mrgr: „најмногу излепени плакати“, „најбрзо купување бурек и јогурт“, „најроднина“ и слично.
Косте предходникот, 2 години 1 улица реконструираше, среде сезона машини на сите страни, копни тука, копни таму, секоја година иста песна. Во јули месец на сред сезона тие решија да отстрануваат платформи, да се вршат градежни активности.
Овој сегашниов, место да се зафати со приоритети, а тоа е изградба на паркинзи, катни гаражи, тој зел да ја проширува „Македонски просветители“ :свиркам:.
Туристичката понуда и сезона се работи преку цела година, а не во јули месец, во сите гужви. Со оглед на фактот дека Охрид е туристички град, градот треба да води грижа за секое поле, од апартманско до хотелско сместување, преку плажи и кампови, солидна инфраструктура, хигиена.

Мене ми е друг муабетот:pipi:
Отворија темата - „Одмор во Албанија“
А бе на сите мед и млеко им тече од уста. Ако не си бил, додека ја читаш темата, ќе мислиш дека за Малдиви и Азурна обала зборуваат.
Зошто таму никој не кажува за нехигиена, за водата за пиење, за мирисот на канализација, за магарињата по плажите? Или таму не им сметаат, само во Охрид ги приметуваат сите недостатоци? Некако селективна меморија имаат луѓево.:свиркам:
Муабетот ми е, доколку сакаш да наоѓаш маани, вакво е, такво, ќе ги најдеш сигурно, затоа што секаде има недостатоци и маани. И кога веќе си дошол во Охрид, опушти се и види ги убавите и позитивните работи.
 
Каде реков дека вие сте криви за вревата од џамиите? Никаде. Ја коментирам сликата за градот како турист. Дали ти, ако оди некаде на одмор, сакаш да се будиш во 5 часот наутро со звукот на џамијата која се наоѓа непосредно до твоето одмаралиште? Не. Тоа е локален проблем и може да се реши локално. Може да се забранат звучниците на џамиите, тоа не е противуставно, дури и не се кршат религиските права...затоа што никаде во Куранот не се споменуваат звучниците. Тие се одраз на самоволието на ИВЗ, и да, се слика и прилика во сите средини каде има мешано или доминантно исламско население. Може да се промени? Да.

И да, не се инвестира доволно и треба да се инвестира. Едно е што ги рушат платформите и дивоградбите (иако технички тоа и не е инвестирање), друго е да се имплементираат минимум туристички стандарди, како на пример топла вода за туширање во камповите. Во Градиште имаше, до душа, ако стигнеш прв. Плажите треба да се средуваат. Апартманот (сместувалиштето) и плажите се главните компоненти околу кои се врти туризмот кај вас.

За водата, се закачав. :pipi:
Сликата за градот во врска со џамиите е долги години(само една е новоизградена во самата чаршија и то е то), така да тој "проблем" е со децении, кога погласно кога потивко, нас веќе не ни смета, навикнати сме, никој не ни е крив шо не слушаме црковни камбани, ама то е веќе друга тематика...Ако така гледаме, ко бев последно Шпанија сместен во центар, се деси едно утре уште зурли не пиштеја па да се пукам в гла..То значит дека Шпанија не ги бидува за туризам?Другарче, Барселона платив 2 лежалки и 1 чадор на дива плажа кај шо немаш буквално ништо освен убав поглед 75 евра(4500 денари за да гледам сонце и вода хехе )..Не прам споредби со такви места ама вие напрајвте од мравка слон..Или Италија каде шо мигрантине прает фрки секоја вечер/утро?колкави се нашиве плажи километарски? Не.Кој фати фати, друг пат порано ..Пс Најуба песочна плажа ти е Љубаништа(дива плажа одма до кампот, ете ако не си знаел, цела плажа со песок без лежалки и екстра вода)..Да не сум шетал па да повервам во муабетиве, ама вака..Па пола Европа обична вода за пиење наплаќа(поради хлор,загаденост итн), секој ресторан е прескап(а верви дека и мн пати сум преплатил а за возврат сум добил ништо)...Единствено нешто шо се сложвам, дека Охрид е потенцијал и треба да се вложи повеќе..Па пола Мк е со раскопани улици, превоз со автобуси ко на филмојне Индија..Не е Охрид толку скапо колку шо стандардот ни е низок,мал , за жал..Не сакам мн да коментирам, бидејки мораш да мешаш баби и жаби за да објасниш некој ситуации
 
Го нема Берик, па морам јас. Како може во самиот центар на градот, во ек на туристичка сезона, сабајле, да те буди оџа? Сигурно туристите, кои доаѓаат од страна, доаѓаат да уживаат во вокалните способности на некој кој штотуку се вратил од боиштата на Авганистан. Сигурно дека стои во туристичките флаери како една од поубавите страни на самиот град. :pipi:

Не се работи само за наоѓање замерки, ако имаш одредени високи очекувања, и истите не ги изреализираш, секако дека ќе ги потенцираш само негативните страни. Дали има одредено подобрување по тие критики? Дали сите плажи се песочни? Плажата кај Елешец е камења! Додека да стигнеш до одредени ниво подобно за пливање, треба да ги искршиш нозете на камења! Лагадин исто е камен! Тоа треба да си средуваат концесионерите ако сакаат да привлекуваат туристи, па и ако сакаат да ти изнајмуваат квадратура за поставување на приколка.

Ние планиравме да купиме приколка во Градиште или Елешец. Покрај тоа што наплаќаат годишно над 500 евра, наплаќаат и дневен паушал! Да бидеме искрени, тоа ни е исплатлива инвестиција, имаш каде да отидеш тие 10-20 дена и може да се издава, само со текот на времето ќе ти се здосади едната иста локација. Се предомисливме! Во Елешец плажата е крш, притоа вистинско чудо е, во самиот камп, да начекаш топла вода за турирање. Мора самиот да набавиш туристички туш каде ќе си грееш вода! Тоа е повеќедецениски проблем кој лесно се решава. Требаат повеќе приватни инвестиции, ако сакаат привлекување на туристи и наплив на капитал. Така таа мини инвестиција, сега за сега, е одложена.

Локалните проблеми, кои треба да ги санира локалната власт, самите мештани најдобро си ги знаете. Тука не коментирам. :backa:

Ам сабајле мене ми сметат ко че собирет џубре од Комуналец ми чкрипит камионон зш се зарѓани ваљда.Да барам да не се собират секој ден...
Кај ги наоѓате маниве па па па.Да речиш немат јавни вц-а или паркинзи доволно на пример, пеки.
Автоматски споено мислење:

Блазе тебе, ако немаш џамии околу тебе.
Не можело џамии во централно градско подрачје:pos:ете гледаш дека може. Што значи дека го имаме и невозможното:icon_mrgr:

Луѓе, живеете во Македонија, земјата на чудата, знаете и сами како функционираат работите кај нас.
Кумулативно долгот на сите општински јавни претпријатија плус долгот на Општина Охрид изнесува 1 354 432 649 денари или околу 22 милиони евра.
Спичкани се 22 МИЛИОНИ еУриЌи друже :vozbud:И никому не му паѓа на памет да сноси одговорност, отчет.
Зградата на Општина Охрид ќе падне од превработеност. Немаат места повеќе каде да ги седнуваат. Вработените се плашат фиока да отворат, затоа што ги фаќа уплав да не им излезе некој вработен од фиока. Секои избори има нова тура нововработени, оние најзаслужните:icon_mrgr: „најмногу излепени плакати“, „најбрзо купување бурек и јогурт“, „најроднина“ и слично.
Косте предходникот, 2 години 1 улица реконструираше, среде сезона машини на сите страни, копни тука, копни таму, секоја година иста песна. Во јули месец на сред сезона тие решија да отстрануваат платформи, да се вршат градежни активности.
Овој сегашниов, место да се зафати со приоритети, а тоа е изградба на паркинзи, катни гаражи, тој зел да ја проширува „Македонски просветители“ :свиркам:.
Туристичката понуда и сезона се работи преку цела година, а не во јули месец, во сите гужви. Со оглед на фактот дека Охрид е туристички град, градот треба да води грижа за секое поле, од апартманско до хотелско сместување, преку плажи и кампови, солидна инфраструктура, хигиена.

Мене ми е друг муабетот:pipi:
Отворија темата - „Одмор во Албанија“
А бе на сите мед и млеко им тече од уста. Ако не си бил, додека ја читаш темата, ќе мислиш дека за Малдиви и Азурна обала зборуваат.
Зошто таму никој не кажува за нехигиена, за водата за пиење, за мирисот на канализација, за магарињата по плажите? Или таму не им сметаат, само во Охрид ги приметуваат сите недостатоци? Некако селективна меморија имаат луѓево.:свиркам:
Муабетот ми е, доколку сакаш да наоѓаш маани, вакво е, такво, ќе ги најдеш сигурно, затоа што секаде има недостатоци и маани. И кога веќе си дошол во Охрид, опушти се и види ги убавите и позитивните работи.

Хахахахаха ДА!
И легендарното "Шо сакаш, шо си дошол очлку рано/касно (8:30/12:30)?Ам вака празен не се идат овде?!"

Овие од страна се жалат за цени, кафичи, плажи, комшии, рампине кај пошчана и шо ти знам шо друго.
Абе не пошле в општина да завршет некоја обична работа, па тек тогаш ќе е жалопојки :ROFLMAO:
 
Последно уредено:
Ам сабајле мене ми сметат ко че собирет џубре од Комуналец ми чкрипит камионон зш се зарѓани ваљда.Да барам да не се собират секој ден...
Кај ги наоѓате маниве па па па.Да речиш немат јавни вц-а или паркинзи доволно на пример, пеки.
Модерна општина сте биле, па па па, кај нас ѓубрето го собираат 2 пати во неделата, не секој ден. Само компарацијата не ти е на место. :D

Види, самите го критикувате она што и ние, туристите, го критикуваме, но се лутите кога ние го критикуваме. Сакаш да го критикуваш Скопје, само повели. Претпоставувам дека секоја критика ќе ти биде на место.
 
Виј... Туризам на Охрид ич не му требит реално гледано. Идале не идале епасибир ни е, не ни требите ич, аир од туристиве немат. Ко немаше туристи најубав си беше градон. Така да то шо некој се бунит де ова му фалело де она му фалело, нек се бунит домаму.

Ако сме реални од туризмот ќар имет 20 души шо се газди на нешто, дечурлана нешто шо ќе фатит некој динар. А другите се гужваме и плаќаме скапи цени.
Охрид 2000та ко немаше ни странци ни домашни нешто најубав си беше. Милина божја. Е после ко пропаднаја фабрикине од немајкаде почнаја некој да издавет соби на дечурлана за 200 денари кревет. И после си е*а мајката све пополека...Почна да се градит, да идет битанги, бараби, тепачки, кафани, дроги, ѓурултии, гужви, загадување, опомени од унеско...
Абе Охрид некогаш имал 2000 луѓе и најубав си бил. Глеај слики.

Јас викам најарни луѓе сме Охриѓани и то не кочит. Требит поголеми нопаци да сме зш иначе мама ќе ни се плачит тек допрва.
 
Дали сите плажи се песочни? Плажата кај Елешец е камења! Додека да стигнеш до одредени ниво подобно за пливање, треба да ги искршиш нозете на камења! Лагадин исто е камен! Тоа треба да си средуваат концесионерите ако сакаат да привлекуваат туристи, па и ако сакаат да ти изнајмуваат квадратура за поставување на приколка.
Убавината на плажите во Охрид е што има за секој вкус.. Сега ќе се караме за камењата колега :)
Па во Хрватска плажите не камења, камења со ежеви и шилци има па пак паѓаме у транс по Јадран...
Нашето е најубаво.
 
Модерна општина сте биле, па па па, кај нас ѓубрето го собираат 2 пати во неделата, не секој ден. Само компарацијата не ти е на место. :D

Види, самите го критикувате она што и ние, туристите, го критикуваме, но се лутите кога ние го критикуваме. Сакаш да го критикуваш Скопје, само повели. Претпоставувам дека секоја критика ќе ти биде на место.
Не си свесен само какви маки имаат охригани со туристите.Јас лично не живеам од туризм и одвај чекам да завршит летната сезона.Не за друго туку да одморам ко чоек,да не ги слушам дивите урликања на полна месечина.Искршени клупи,езеро преполно со џубре,пивски шишиња лименки ,паркинзи пред згради блокирани,списокот е огромен.И ево колку за утеха на Ибица било бетар.
 
И кога веќе си дошол во Охрид, опушти се и види ги убавите и позитивните работи.
Да, но така темата немаше да биде интересна.

Со мала провокација, многу лесно, она лошото во вас, доаѓа до израз. Или не сте такви? :noze:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom