Молам за совет:
Имам 182cm / 63 kg, изгледам навистина слабо особено раце и нозе, пример на рака: зглоб 16,5cm, подлактица 25.5cm, бицепс 26cm.
Сало тешко складирам природно и немам апетит - најмногу сум тежел 69 кг, на 2 пати до таму доаѓав од 55кг, и јадев преку цел ден се и сешто, и психички е алармантно некој со месеци да јаде најголемиот дел од таа количина со сила. Проблемот е што најголемиот дел од јадењето отиде во стомак, задник и нешто бут. Ужасно чувство и пак ништо од рамења, раце, нозе.
И здравствено и естетско решение е да набилдам мускул, целта ми е едноставно да личам "нормално" и малку дефинирано, како за пример никако како овој лево, а супер како овој десно -
https://fitnesslifeadvisor.com/wp-content/uploads/2021/01/bulky-lean.png
Сум вежбал со тегови по дома и имало резултат (обем на бицепс пример +1cm за 1 месец, 3cm за 3 месеци биднаа, не знам дали е малку тоа), но ми треба некој искусен кој ќе ми посочи многу работи што и како да правам (кои вежби, како правилно се прават, сетови репови, кои и колку протеини во прав итн итн).
Не ми е опција одење во теретана, чисто се што може да се прави "по дома" - тегови, бајк, стомачни, склекови, чучњеви... има многу по YT, ама нема баш сумирано комплет, ниту тоа што го гледам што е за bulk а што за strength.
Пари не се проблем но замолувам да ми посочите некој одличен за консултација од овој тип (кој ќе разбере дека имам мала мана на срце, дека месо не можам да поднесам, и сл), веројатно ќе се видиме еднаш, ќе утврдиме што и како да правам и тоа ми е доволна мотивација да си продолжам кон целта, макар траело и 5 години.