Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Некој може се прашува за кој кур е оваа траума што ја ствараат, одговорот е едноставен.....траумата не прави подлежни на нивните методи на контрола, манипулација и владеење.
 
За влез во МАЛАКА ЕЛАДА сега ни 10 дози не се доволни:kuracc::
 
Во Норвешка не може да се пие алкохол во барови. Океј сокчиња ќе пиеме, у пивото корона има. :pos: После ова кога ќе размислам па можеби и не сме воопшто лоши со мерките ние.

До кај нема да иде ова бре. :tapp:
 
Нова студија за омикрон: Заканата би можело да биде голема
Омикрон се реплицира поинаку од другите варијанти на коронавирусот во дишните патишта и белите дробови, рекоа истражувачите, додавајќи дека наодот може да помогне да се предвидат ефектите на омикрон и неговите здравствени последици.
508149.jpg



16 декември 2021, 23:26

Тие објаснија дека омикрон се репродуцира побрзо во дишните патишта и побавно во самите бели дробови.

download2.jpg

„Луѓе умираат поради истрошено срце и крвни садови! Запомнете го тоа еднаш засекогаш!“, тврди Александар Симјаноски

Во споредба со претходната варијанта на коронавирусот, делта, омикрон се размножува 70 пати побрзо во ткивата што ги обложуваат дишните патишта, што може да го олесни неговото пренесување од човек на човек, велат тие.
Но, во ткивата на белите дробови, омикрон се реплицира 10 пати побавно од оригиналната верзија на коронавирусот, што може да резултира со развој на помалку тешка форма на болеста.
Во соопштението за печат издадено од Универзитетот во Хонг Конг, водачот на студијата Др. Мајкл Чан Чи-ваи напишал: „Важно е да се забележи дека тежината на болеста што се развива кај луѓето не се одредува само од репликацијата на вирусот, туку и од имунолошкиот одговор на поединецот на инфекција, кој понекогаш се развива во воспаление опасно по живот“.
Во тек е финалната рецензија на официјалниот извештај за резултатите од истражувањето на омикрон, по што тимот на истражувачи од Хонг Конг ќе го објави во стручно списание.
„Ако зарази повеќе луѓе, овој високо заразен вирус може да предизвика тешки форми на болест, па дури и смрт, иако самиот вирус е веројатно помалку патоген. Затоа, ако ги земеме предвид резултатите од сите неодамнешни студии кои покажуваат дека омикрон делумно може да го избегне природно стекнатиот имунитет , како и оној постигнат со вакцинација, „целокупната закана од оваа варијанта многу веројатно би можела да биде голема“, рече Чан Чи-Ваи за тамошните медиуми.
Начинот на кој омикрон се врзува за клетките и антителата фрла нова светлина врз неговото однесување и може да помогне во создавањето неутрализирачки антитела, велат научниците.
Користејќи компјутерски модели на шилестиот протеин на површината на омикрон, експертите ги анализирале молекуларните интеракции што се случуваат кога протеинот на шилецот се врзува за ACE2 рецепторите, дозволувајќи му на вирусот да навлезе во клетката.
„Само со оригиналниот вирус се ракуваше со АЦЕ2 протеинот, а во случајот со омикрон, таа интеракција повеќе личи на интеракција на пар кој се држи за раце со испреплетени прсти“, објасни Џозеф Лубин од Универзитетот Рутгерс во Њу Џерси.
„Молекуларната анатомија“, подмножество на микроскопска анатомија што ги идентификува и опишува молекуларните структури на клетките, ткивата и органите во телото, може да помогне да се разјасни како мутациите на омикронот „соработуваат“ и на тој начин помагаат да се инфицираат клетките, додаде Лубин.
Истражувачкиот тим направил модел на шилци со различни видови на антитела кои се обиделе да го нападнат. Научниците појасниле дека антителата напаѓаат од различни агли, „исто како што одбраната на фудбалскиот тим напаѓа играч кој ја води топката“, при што едниот му се меша одзади, а другиот однапред, рече Лубин.
Се чини дека некои антитела ќе „паднат“ во процесот, додека други најверојатно ќе останат ефективни.
Комплементарните вакцини без сомнение ги зголемуваат нивоата на антитела, што резултира со „повеќе ветерани“ и тоа донекаде може да го компензира „послабиот стисок на едно антитело“, рече Лубин.
Асимптоматските инфицирани луѓе можат да дадат значителен придонес во преносот на САРС-КоВа-2, што претставува 40,5 отсто од потврдените инфекции ширум светот, а резултатите од студијата биле објавени во вторникот на веб-страницата JAMA.
Истражувачите здружиле податоци од 77 претходни студии во кои биле вклучени вкупно 19.884 луѓе со потврдена инфекција SARS-CoVom-2.
Откриле дека околу 40 отсто од заразените се асимптоматски. Исто така, откриле 54 отсто од заразените трудници, 53 отсто од патниците заразени додека патуваат со авион или крстарења, 48 отсто од заразените жители на пензионерските домови и 30 отсто заразени во здравствените установи, без разлика дали се медицински персонал или хоспитализирани пациенти.
Вкупниот процент на асимптоматски инфекции во Северна Америка е околу 46 проценти, во Европа околу 44 проценти и во Азија 28 проценти.
„Високиот процент на асимптоматски инфекции укажува на потенцијален ризик од асимптоматско пренесување на инфекцијата во заедниците“, напишале Мин Лиу и неговите колеги од Кинескиот универзитет во Пекинг.

Kanal 5
 
Можи е време да направат вакцина за дебелина.

1639736692335.png

Ова на Нов Зеланд можи е време да забрани да бидиш дебел.
Автоматски споено мислење:

До пред три недели имаше 58.276 позитивни, до оваа недела 64.963. Разлика 6.687.
До пред три недели имаше 17.896 позитивни вакцинирани, до оваа недела 20.894. Разлика 2.998.
По недели:
40: 37%
41: 41.3%,
42: 43.4%,
43: 41.9%
44: 45.3%
45: 45.1%
46-47: 41.8%

Во 48-50 недела 44.83% од сите позитивни биле вакцинирани.


До пред три недели имаше 1.986 починати, до оваа недела 2.272. Разлика 286.
До пред три недели имаше 415 починати целосно вакцинирани, до оваа недела 482. Разлика 67.
По недели:
40: 27.8%
41: 24.7%
42: 21.8%,
43: 25.5%
44: 31.25%
45: 42%

46-47: 30,8%
Во 48-50 недела 23,42% од сите починати биле вакцинирани.
 
Последно уредено:
Ова не ми е баш јасно, само 2% од хоспитализираните се вакцинирани, а 21% од починатите?
 
Ова не ми е баш јасно, само 2% од хоспитализираните се вакцинирани, а 21% од починатите?

Абе гол тестис, му е статистиката, исто ко пред еден месец ко излезе дека 100% од позитивните биле вакцинирани.

Иначе Фајзер неќел да ги вакцинира мигрантите, затоа што никој не го заштитувал од тужби од последици од вакцините. :pos:

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom