Марота си докажа дека е врвен во оваа работа. Како ги гаѓа тие free трансферите, човек да му позавиди. Еднаш-два пати да погоди човек ќе речеш на среќа, ама тој искина низ годиниве.
Чалханоглу и на овој учинок да остане, утре да си замине од Интер, пак си стои чувството дека веќе придонел страшно за екипата и има позитивна оценка. Во Јувентус покрај оние трансфери кои сите ги знаат дека беа беспари, најпознатите Пирло и Погба, тука се трансферите и на Љоренте, Кедира, Барзаљи (за 300 илјади евра) и Евра (под милион), играчи кои имаат одличен импакт и придонесоа да се постигне она што го гледавме низ годините.
Да не зборуваме за ниските суми на пари со кои беа доведени Тевез, Видал и Лихштајнер.
Кога ги гледам денес трансферите на Јувентус, ми се повраќа. Преплатени играчи, со високи плати, долги договори, од кои не може со години да се ослободиш.