UEFA Champions League - Season 2021/22

  • Креатор на темата Креатор на темата LostParadise
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион на Европа за 2021/2022?


  • Вкупно гласачи
    208
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
А како да се паднат ко едните биле први во група, другите втори?

Единствено Лил како носител го извлече подолгиот крај со Челзи, Ајакс - Интер е скроз 50-50, а Јувентус е премија за секој од клубовите од втората група.

Мене ми се многу поок вакви дуели во 1/8 финале, барем во 1/4 финале ќе одат или фаворитите, или некој кој успеал да победи некој од фаворитите, за кур ми е Бенфика во четврт-финале само затоа што го тепале Лил претходното коло.

Па тоа ти викам, двојни аршини. Кога некој збореше за Супер Лига, почнаа со дрва и со камења, демек биле алчни. А сега не било интересно Бенфика - Лил да се гледа...


изгледа пак ќе се изврши извлекувањето
 
И да има повторен ждреб пак ке ги сместат Роналдо вс Меси


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Има ли негде да се стаи Јунајтед - Лил, или Јунајтед - Спортинг ако се извлекува пак?
Не знам што ти згрешиле тебе Јунајтед, ама очигледно има нешто.. :D Ждрепкава беше нерегуларна и тоа е тоа, не се паѓа Јунајтед прв пат со ПСЖ па да биде дека ради нив ја повторуваат.
 
Повторување на ждребот ќе биде поголем скандал од првичната грешка.
И опасен преседан.

Се случувале и претходно вакви заебанции, повеќе или помалку, ама инволвираните не биле со таква репутација како Јунајтед и ПСЖ и сето тоа поминувало тивко и без посериозни драми.

Во секој случај, мајмунот Чеферин и УЕФА тотално се избрукаа левел локални избори во општина Врапчиште.
Недостасуваше само да влетаат на ждребот седум-осум души со фантомки и автоматски пушки.
 
Последно уредено:
Има ли негде да се стаи Јунајтед - Лил, или Јунајтед - Спортинг ако се извлекува пак?
И Баерн Челзи би било идеално. :D
Автоматски споено мислење:

Инаку од клубовите највеќе плачење имало од Атлетико. :lolzz:
 
Нека не ја повторуваат, ќе ни паднат Атлетико вториот пат, тоа ќе е полошо и од ПСЖ.
 
Немаше шанси да не се паднат. :)
Ме потсеќа на времето квалификации за Светско или Европско на Југославија мораше Шпанија да и падне :D
Сега ќе видиме чија мајка црна волна преде:D Они се фавотити, ама и пред годините беа, па го окркаа. Колку зла крв има во овој дуел, брееј! Стаорецот, Ерера, Меси, од кај нас Кики, Кавани(ако не збрише до тогаш). Нека бидат здрави сите фудбалери, штимунг нема да недостасува!
 
Најјакото е што Манчестер Јунајтед не се буни засега (господски потег), ама затоа Виљареал и Атлетико Мадрид имаат напишано 18 соопштенија до јавност и 11 тужби.
Случајно или не, противниците на шпанскиве мрсули се Баерн и Сити.


ОФИЦИЈАЛНО: Ќе има ждреб одново, од 15 часот по наше време.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom