Еве вака ако ви е полесно:
1. Песната не смее да има автор
2. Во песната да се споменуваат имиња на градови или нешта од тогашниот градски живот: сокаци, занаетчии, еснафи, пајтони, параходи, куќи или делови од куќи (чардаци, пенџериња...), делови од женска облека, накит или шминки и сл. Значи се што асоцира на градскиот живот од 19 век.
Значи не секоја народна песна е староградска, туку само онаа која настанала во градската средина. Песните за села, жетви, сеење, копање, орање, тикви, берење тикви, волови, коњи, магариња, чифлици, трла, овци, кози, свињи... комити - не се староградски.
Друго: староградската песна била инспирирана од чалгиската музика, но не мора да значи дека секоја чалгија е староградска. Пр. мојата омилена - Стојана мајка учеше е чалгија, но во никој случај не е староградска, туку комитска песна.
Еве ќе се обидам да направам една листа од само староградските песни постирани до сега:
-Невесто калеш убава
-Сејмен да шетам
-Едно време си бев ерген
-Благуно дејче
-Налеј, налеј меанџико (ама не таа верзија постирана тука)
-Ево банке цигане мој (не е македонска ама веројатно е староградска, ќе видиме
@Darklady дали ќе ја прифати)
-Кирјана вино продава
-Од умот се подизгубив
-На Струга дуќан да имам
-Пилето ми пее (не знам???)
-Зошто ми се срдиш либе (Јас ти реков добро вечер)
-Кратовчани, Кратовчанки
-Сношти минав
-Марие млада невесто
-Срце ме боли
-Чифте, чифте пајтонлари (на македонски: Двата, двата пајтона

)
-Три години стана
-Коце берберот
Се што не е на листава, не е староградско - бирајте друго. Сега може и јас сум утнал нешто, ама колку толку е поточно од цел хаос кој го направивте.