Моја претпоставка е дека планот им беше ова да биде short-term fix, со тоа што како што би им изминувале договорите, дупката би ја рефинансирале со вистински пари од редовни приходи (можда рачунале и на Супер Лигата? Иако ако е така било hell of a gamble со ставање на цел клуб како влог).
Арно ама, удри короната и наместо тоа, само копаа сè подлабоко во дупката.
Сличен потег, само во поинакви околности би бил трансферот на Пинамонти во Џенова. Џенова го зема Пинамонти на позајмица со задолжителен откуп во 2019/20, и со тоа Интер може да запише плус од 20 милиони за таа финансиска година. Наредната, кога веќе нема потреба од тој плус во финансискиот извештај т.е. има реални пари со кои би го покрил, го откупува Пинамонти назад за наредната сезона за 21 милион.
Проблем ќе беше ако и наредната сезона ги немаа парите, и ако требаше пак да се покриваат со сличен дил, и така до недоглед, како што Јувентус стигна до 282 спорни милиони во размени.
Друга разлика е што Интер (а ни било кој друг клуб, особено не тие што се publicly listed) не ги третира поединечните играчи и нивните registration rights како revenue (како што Јувентус ги прикажува на берзата), пошто играчите сами по себе не се т.н. cash generating units, т.е. не можеш да рачунаш на некаков сигурен или предвидлив приход од нив поединечно, туку приходот се рачуна дека доаѓа од тимот како целина (спортски успеси, продадени влезници, дресови, други производи).
Тие players registration rights се исто така незгодни за да бидат прикажани како revenue, бидејќи нивната вредност базирана врз цената на трансферот/размената опаѓа со изминувањето на договорот, па претпоставувам дека Јувентус морал да ги надополнува тие суми за да држи иста пазарна вредност на клубот на берзата.
Иначе во однос на пумпањето пари во клубот од Елкан, колку шо разбирам не ги „пумпа“ тој тие пари, туку инвеститорите, и во самото соопштение на клубот стои дека после сè што се случи е неизвесно дали таа инјекција ќе изнесува 400 милиони колку што е потребно, или помалку, а стои и дека ако е помалку, се става под знак прашалник како ќе продолжи да функционира клубот.
Како и да е, Елкан во најмала рака ќе има многу работа да ги убедува инвеститорите, а откако би ги убедил, работењето на клубот во иднина би било со многу позатегнат каиш, а и без тоа гледаме како се мачат на спортски план моментално.