Замрзнување на цените на основните производи

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.316
Поени од реакции
34.723
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Последно уредено:
Ајмо, да видиме како размислувате.
PROS & CONS, односно добрите и лошите страни на оваа одлука.

Колку и да сум против државни интервенции на пазарот, ова е неопходно за да се стабилизира малце од малце ситуацијата, само истово да го направеа и со цените на горивата таман ќе сме, на пример можат да намалат државната акциза за 5 денари на 2 месеци за колку толку да се растерети притисокот врз домаќинствата а и врз фирмите.
 
Во основни прехранбени продукти спаѓаат:
  • месо (освен обезкостено) - свинско, говедско, јагнешко месо и пилешко
  • смрзната риба
  • масло, сончогледово масло и путер;
  • млеко и млечни производи 2,5% и 3,2%;
  • јајца;
  • шеќер и сол;
  • Чај
  • пченично брашно;
  • Леб и пекарски производи
  • ориз; леќа; просо;
  • компири;
  • тестенини;
  • зеленчук - кромид, моркови, зелка (свежи);
  • овошје - само јаболка.
Какво е тоа замрзнување цени на само 4-5 артикли?
 
Во основни прехранбени продукти спаѓаат:
  • месо (освен обезкостено) - свинско, говедско, јагнешко месо и пилешко
  • смрзната риба
  • масло, сончогледово масло и путер;
  • млеко и млечни производи 2,5% и 3,2%;
  • јајца;
  • шеќер и сол;
  • Чај
  • пченично брашно;
  • Леб и пекарски производи
  • ориз; леќа; просо;
  • компири;
  • тестенини;
  • зеленчук - кромид, моркови, зелка (свежи);
  • овошје - само јаболка.
Какво е тоа замрзнување цени на само 4-5 артикли?

Само тоа што доволно во државата го произведуваме и не сме зависни целосно од увоз, удри по земјоделците ионака они се научени да работат за трошки

Иако е краток период ене кај е крај на Јануари не сум сигурен колку ова ќе функционира, да не испадне да нема на рафтовите дел од овие производи поради замрзнатите цени. Ако X фабрика за масло за готвење не се уклопува со сегашнава цена и не и одговара да увезе поскапа суровина ќе нема ни зејтин тогаш, или пак со млекото на сточариве храната им е покачена за добри 50% до 100% скоро се така да со замрзната цена ќе ги затворат фармите па се ќе биде увозно во иднина

Популистичка мерка која ќе донесе повеќе штета во иднина отколку корист..
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Килава одлука која само ќе ги отстрани од пазарот овие продукти бидејќи или се увозни или суровините кои се користат премногу зависат од увоз или актуелни цени на производство како струја и нафта.

Така што никој нема да увезува ниту произведува еден артикл чија цена е фиксна и очигледно пониска него набавната.

Кој не живеел во деведесеттите кога 100 грама кафе беа луксуз кој можеше само да се купи на црно, ќе има шанса во наредниве месеци
 
Леб ќе има сигурно поради Србија која произведува и повеќе од доволно пченица ама за која ќе биде цената е друга работа
Цена на црно. Ќе има илегални пекари и дилери на леб и брашно. Ќе те прашуваат сакаш брашно за јадење или за шмркање? :facepalm:
 
Ништо нема да се добие ниту да се одземе со оваа мерка. Беше очекувана па голем дел од производите веќе се поскапени, така да ако нешто драстично не се смени не очекувам никакво влијание.

Закасната реакција, исто како и техничките прегледи за јавниот превоз. Прво несреќа па после ајде сите на технички. Така и сега, прво поскапување па после мрзнење на цената.

Sent from my LM-V450 using Tapatalk
 
нема ништо негативно, пошто цените и така се напумпани од шпекулации, не дека има некаков недостиг од тие производи.
 
нема ништо негативно, пошто цените и така се напумпани од шпекулации, не дека има некаков недостиг од тие производи. треба вака и на зеленчукот и овошјето да се регулира цената
Знаеме што прават контрола цени на некој му треба потсетување. Ќе чекаш за леб у 5.00 на -20Ц и ќе молиш за 2 литри бензин и 100 грама кафе.
 
Па и 2020 на почеток на корона кризата во МК беа замрзнати цените на истите производи.
 
нема ништо негативно, пошто цените и така се напумпани од шпекулации, не дека има некаков недостиг од тие производи.

Рекордно ниски приноси/жетви насекаде поради сушната 2021 година
Цената на гасот качена кој има главен удел во производството на вештачки ѓубрива кои се преку 100% отидени
Струјата исто така качена преку 100% пример кај нас на малите бизниси

И викаш само поради шпекулации се напумпани цените ?
 
Рекордно ниски приноси/жетви насекаде поради сушната 2021 година
Цената на гасот качена кој има главен удел во производството на вештачки ѓубрива кои се преку 100% отидени
Струјата исто така качена преку 100% пример кај нас на малите бизниси

И викаш само поради шпекулации се напумпани цените ?

Поскапувањето на производите е само изговор за подебел ќеш лапање од народот. Државата не регулира бадијала него зошто тоа се злоупотребува од разно разни трговци да направат килер диал да продадат поскапо. И сето тоа го јаде задниот купувач.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom