Добро, жената не го може ова?
Патем прати ја тука контрадикцијата....попот треба да биде женет и да има фамилијарен живот, а калуѓерката не.
Толку од тоа водење подвижнички живот.
Се разбира дека го може, заедничкиот живот, на човекот со Бог, претставува Литургија. Човекот се поврзува со Бог преку Христос, Кој во историјата беше и човек, по биолошки ентитет маж. Епископот и свештеникот, презвитер(кој е помошник на епископот, бидејќи неможе епископот да служи истовремено во сите храмови, тоа го прават неговите помошнци-свештеници-презвитери).
Затоа, бидејќи Литургиското собрание го предводи Бог, Христос Кој до Второто доаѓање е физички отсутен, него го претставува, иконизира епископот со свештениците. Оттука, логично е тоа е да биде маж, просто глупаво е да биде жена, до толку е разбирливо нели? Со Второто доаѓање тоа ќе биде видливо, едноставно место епископот, свештеникот народот ќе го води Бог, Христос.
Не се работи за капацитетот, способноста на жената туку Богословски е разбирливо како Бог ги поставил работите, а тоа е теократски по Божјо уредување.
Ти гледаш, резонираш, размислуваш од човечко уредување, патријархално, матријархално, демократско итн. кои пред Бог се ирелевантни, бидејќи перспективно во вечноста ќе биде Божјото уредување, каде нема биолошки организации, едноставно и мажот и жената се луѓе, кои Бог ги создал да бидат свештеници т.е. богови по благодат, како крајна цел.
Патем прати ја тука контрадикцијата....попот треба да биде женет и да има фамилијарен живот, а калуѓерката не.
Толку од тоа водење подвижнички живот.
Исто и калуѓерот како калуѓерката, тоа се монаси чиј начин на живот и тоа како има смисла и логика, но тоа е друга тема.
Проблемот во нашава држава е што не се воведе веронаука, затоа вакви едноставни прашања се небулоза, а уште потрагично е кога незнаењето и духовнатата неписменост, служат како подлога за манипулација на разни сатанистички, феминистички, секакви антихумани пропаганди, се разбира за своја цел, да го одвојат човекот од Бог. Но во реализација на крајната Божја цел секако се неуспешни.