- Член од
- 21 јуни 2021
- Мислења
- 1.397
- Поени од реакции
- 3.821
Свештеник не е биолошка функција. Што се правиш со сила проста.Прашањево му доаѓа како -Зошто и мажите не раѓаат деца?
Свештеник не е биолошка функција. Што се правиш со сила проста.Прашањево му доаѓа како -Зошто и мажите не раѓаат деца?
Исто и јас се бунев на форумов за неправдата која ни е нанесена короз историјата на нас, врз жените,која сеуште на жалост постои.Одговори ми де. Баш ме интересира.
Дали е рамнотежа ако едната половина од верниците е одговорна за раѓање успешни мажи, а другата половина е заслужна за успехот?
Лол, менструација и флеки од крв ти се аргумент за небивањето свештеник? Докторка во бел мантил не добива менструација? Полицајка не добива менструација?Исто и јас се бунев за неправдата која ни е нанесена короз историјата на нас, врз жените,која сеуште на жалост постои.
Конкретно за улогата на жената, па во право се, оти ние жените сме емоционално послаби, предодредени да имаме циклус, да раѓаме деца. да ги чуваме и негуваме.....замисли свештеник на кој позади на мантијата му стои флека од крв или капки на подот...некако не одат тие работи нели...
Заслуги нема потреба да бараме, тука е грешката.
Me podseti na temava....Лол, менструација и флеки од крв ти се аргумент за небивањето свештеник? Докторка во бел мантил не добива менструација? Полицајка не добива менструација?
Навистина си заглавена во романот ''Папата Јована'', но мислам дека не си го извлекла вистинскиот заклучок од книгата.
Напротив, мислам дека жените многу посовесно и поблагородно би раководеле со таквата позиција.
Жените не се предодредени да го прават тоа што немаат желба да го прават. Жените се предодредени за истите работи духовно и интелектуално како и мажите. Не гледам никаква разлика.
Амбициите кои што ги имаш, желбата интелектуално да се докажуваш и да му парираш на некого, и да бидеш вреднуван поради твоите квалитети не треба да е барање заслуга, туку императив!
Не се работи за тоа дали совесно или благородно би раководела со таква позиција.Напротив, мислам дека жените многу посовесно и поблагородно би раководеле со таквата позиција.
Зошто да не може да живее подвижнички живот, заради тоа што е предодредена да раѓа деца?Не се работи за тоа дали совесно или благородно би раководела со таква позиција.
Се работи за дали една жена може да живее таков подвижнички живот,живот во кој ќе се откаже од толку многу задоволства,живот кој бара најголема жртва од сите животи - посебно во денешно време.Живот во кој секој ден ќе имаш невидлива борба со самиот себеси.
Не верувам дека жена би можела да се посвети толку многу на асцетизмот и таквиот начин на живеење колку што еден маж може да се откаже од се и да тргне по духовното.
Улогата на жените во религијата е тоа со бројните жени кои станеле светици и обично сите поминале низ маки кои обичен човек неможе да ги замисли во најлошите кошмари.
"Жените не се предодредени да го прават тоа што немаат желба да го прават."Зошто да не може да живее подвижнички живот, заради тоа што е предодредена да раѓа деца?
Хм. Тоа е индивидуално. Ако некоја жена се чувствува способна да води таков подвижнички живот, зошто да биде дискриминирана само заради тоа што е жена? Ја лично за мене ќе кажам дека не би можела да водам таков живот, но постојат жени кои можеби ете имаат такви аспирации, не сакаат да основаат фамилија, не сакаат да имаат дете, сакаат да се посветат на религијата, и не гледам ништо различно во остварување на таквите аспирации во однос на машкиот пол. Тоа би било исто ко да кажиш дека мажот има право да стане свештеник, затоа што има доволно време и нема потреба да поминува доволно време со фамилијата.
Прашав еднаш, кои се квалификации за бивање свештеник настрана полот?
- менструален циклус во 21 ви век
- подвижнички живот
Ок.
Не ти е баш прецизно прашањето, но во Православната Црква со крштевањето човекот станува свештеник, без разлика на полот, и учествува во Црковниот живот, и во зависност од одредени дарби, школски квалификации, возраст, секако и од полот, афинитети, мотивации, сите човечки потенцијали и ресурси што ги има, може да извршува конкретна форма на свештенство која е организациски поставена како Богочовечки организам.Прашав еднаш, кои се квалификации за бивање свештеник настрана полот?
- менструален циклус во 21 ви век
- подвижнички живот
Па ако ја и ти како жени на форумов не сакаме да водиме таков живот, не значи дека и мнозинството жени не сакаат да водат таков живот. Како што кажав, тоа е индивидуално.
Прашањето ми е многу концизно и прецизно и за жал до сега не добив ниту еден одговор кој може да се нарече аргумент вреден за дискусија.Не ти е баш прецизно прашањето, но во Православната Црква со крштевањето човекот станува свештеник, без разлика на полот, и учествува во Црковниот живот, и во зависност од одредени дарби, школски квалификации, возраст, секако и од полот, афинитети, мотивации, сите човечки потенцијали и ресурси што ги има, може да извршува конкретна форма на свештенство која е организациски поставена како Богочовечки организам.
А за типот на свештеничките служби, епископ, свештеник, ѓакон, ѓакониса, монах, монахиња..., кај може жена или маж да служи како биолошка предиспозиција веќе му објаснив на секуларистот @BilboBaggins, може да си препрочиташ.
Па ако ја и ти како жени на форумов...
Прво не сум жена,второ претпоставувам дека жените не сакаат да водат таков живот од икс причини и за нив мислам дека е потешко.Па ако ја и ти како жени на форумов не сакаме да водиме таков живот, не значи дека и мнозинството жени не сакаат да водат таков живот. Како што кажав, тоа е индивидуално.
Свештеник е општ назив за сите Христијани во Црквата.Прашањето важи и за тебе, слободно, одговори ми кои вештини се бараат од едно лице за да биде свештеник? Кои предиспозиции? Освен карактерни особини кои се независни од полот и нешто што е нормална физиолошка работа.
Абе вистина е тоа. Затоа реков на почетокот дека јас правам дистинкција измеѓу верници и верски фанатици кои си ги интерпретираат светите текстови така како што сакаат. Ама ваљда и за тоа треба да вклучиш здрав разум и критичко размислување .
пи.ес. Тоа што го дебатирате е чисто внатрецрковно прашање. Државата не смее да се меша во тие прашања. А ако бараме логика, треба да бараме логика и во најфундаменталните прашања поврзани со самата религија...а таму нема многу логика.
Добро, жената не го може ова?Да е крстен, со Богословско образование, женет и да нема некои канонски пречки кои ги бара Црковното право.