Здраво на сите,
Би сакал да ве замолам некој да сподели мислење за моето исксутво со печка на пелети (со вентилатор).
Ова е веќе трета сезона како ја имаме печката (8 KW) и со неа затоплуваме простор од окоlу 35 м2.( бидејќи се работи за стара куќа со тавани од 3 метри, не советуваа да земиме 8-ка).
Истата многу брзо ја загрева просторијата, за околу еден час веќе се осеќа жештина иако сите вредности на таблата се сетирани на минимум (јачина на вентилатор, температура), па за да се спушти температурата на некоја нормала во просторијата мораме да ја исклучиме. И вака неколку пати на ден.
Плус, просторот од 35м2 не е целосно отворен, па веројатно и топлината не се распоредува добрo низ целиот простор.
Има пропусти и од наша страна и веројатно 8-ка е многу за просторот, ама можда и ние имавме нереални очекувања од печките на пелети - иако имаат термостат, печката секогаш работи со ист интензитет, нема намалување во однос на постигнатата температура во просторијата. Веројатно се работи за не толку софиситицирани системи.
Дали некој друг има слично искуство или би можел да сподели совет?
Фала ви многу.