Грциве неколку пати седнаа со нашиве да избоксаат билатерално ,,Одбегнување на двојно оданочување'' но нишо од бизнисот. Они имаат со сите балкански држави потпишано договор освен со најсилната, секако
, со нас. НЛБ рецимо ужива во таа привилегија пошо Словенија одамна си ја напиша домашната. Инаку Национална Банка на Грција како сопственик на 95% акции од Стопанска Скопје коа ќе подели дивиденда ќе треба да плати прво 10% данок на добивка кај нас, па 22% Корпоративен данок + 5% данок на Дивиденда кај нив у Грција. Не велам дека нема да исплатат но по тековниве услови оправдано се резервирани во тој правец уше од 2019 година. Но,нивните акционери треба да сфатат дека ,,Еvery cloud has a silver lining'' односно дур конкурентниве банки ги стрижат со дивиденди за претходни години, Стопанска билда мускули и биланси со нови 35 миљони добивка оваа година.
Дивиденда ти е условно најсладок допинг за акционерите но во основа најнездрава работа за самите фирми!