Квалификации за СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2022

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Доаѓа време кога САД ќе биде најдобра фудбалска репрезентација надвор од Европа или барем меѓу двете најдобри со Бразил.
Секое вложување кога тогашќе даде резултати! Дали баш такви какви што прогнозираш не знам, ама ќе отидат доста понапред. Имајки во предвид дека до скоро и не знаеа како се шутира топка, сега се супер.
 
Доаѓа време кога САД ќе биде најдобра фудбалска репрезентација надвор од Европа или барем меѓу двете најдобри со Бразил.
Би требало тука некаде да се. Огромни пари вложуваат Американците. Башка имаат огромен број на латиноси кои примарно сакаат да играат фудбал. Тоа е само популација голема колку цела Франција (62 милиони латиноси) плус и голема експат дијаспора низ западна Европа каде што децата на американските војници растат играјќи фудбал низ европските школи.
 
Уште многу јарди треба да освојат Америте за и малку да се приближат на Бразил, Италија, Германија, Франција.... :ROFLMAO:
 
Збориме за репрезентации надвор од Европа. А не би се изненадил, ако продолжат вакви трендови, САД да бидат поблиску до Бразил, отколку Бразил до најдобрите европски репрезентации.
 
Горе долу едни исти екипи претендираат. 2006 беше раритет со Того, Ангола, Гана, Брегот на Слоновата Коска. :D Убаво би било да се паднат Мали против ДР Конго, па да биде мало освежување на СП. Мали нон-стоп е блиску, ама никако да се пласира. Можеби овој пат ќе им успее.
А на тој Тунис нека му падне Алжир или Мароко, па да испадне.

ДР Конго казнети се и нивното место ќе го превземе Бенин.
Автоматски споено мислење:

Доаѓа време кога САД ќе биде најдобра фудбалска репрезентација надвор од Европа или барем меѓу двете најдобри со Бразил.

Се надевам дека не си сериозен.
 
Уште многу јарди треба да освојат Америте за и малку да се приближат на Бразил, Италија, Германија, Франција.... :ROFLMAO:
Одат натаму. Во моментов сите најдобри играчи им имаат до 23 години возраст,а тек ќе излегуваат нови. Не е репрезентација да се потцени. Пулишиќ, Рејна, Дест, МекКени, Адамс се веќе силни или солидни имиња во Европа, а ако погледнеш низ МЛС има еден куп тинејџери со сериозни улоги. Колку и да е слаба лигата во споредба со топ лигите во Европа, сепак се работи за пристојно ниво на квалитет и не е мала работа да ја доминираш на 18-20 години. Еден куп има млади американци низ Европа и МЛС.
Времето на САД тек доаѓа.
 
На секои 4-5 години им се појавуваат по некои играчи што ќе пркнат малце и одма се почнува со возвишување на семоќните владетели на светот САД, доека не дојде некој Камерун и ги врати во реалноста.

Така последни беа Хауард, Донован, Демпси, Алтидор, Бредли.

Еве сеа се хајпаат Пулишиќ кој е поише повреден отколку фит, Меккени што успеа да фати место лани у Јуве а ни сам не е свесен како и зошто, тој Реина глеам игра у Дортмунд, Дест од Барса жива патарушка кој дојде ради сплет на околности.
У Рома имаат еден фијаско од играч Рејнолдс којшто најверојатно ќе се врати у Тампа Беј.
И од англиско првенство имаат двајца ако не се лажат еден од Тотенхем Картер-Викерс и уште еден не ми текнува кој беше, десен бек игра мислам.
Де Андре Једлин сеа ми текна.
 
Џонтра, гледај процеси. Растот на фудбалот во САД и опаѓањето во Јужна Америка е нешто што си има причини, не е тоа случајно или прашање на добра или лоша генерација на фудбалери.

Системски се причините. Во САД имаш фудбалски средини кои работат како во европските силни клубови, а во Јужна Америка го немаш тоа.

Е сега, нормално дека тоа се држави со фудбалска традиција, таму фудбалот е прв спорт, секако дека се талентирани нации, но без големи промени само ќе одат надолу.

А талент има и во САД, но таму најголем проблем е талентираните деца за спорт да ги насочиш во фудбал, а не во рагби или кошарка каде има повеќе пари. А имаат се, од европјани, преку јужноамериканци до африканци.

Не за џабе се повеќе европски клубови се повеќе обрнуваат внимание на тој базен.
 
Оваа генерација на играчи е каде каде подобра од претходната, а ваков базен на млади таленти никогаш немале.

Дека ќе го стигнат Бразил, се сомневам, но во топ 5 неевропски екипи мислам дека би влегле сигурно во наредните 5-10 години.
 
Џонтра, гледај процеси. Растот на фудбалот во САД и опаѓањето во Јужна Америка е нешто што си има причини, не е тоа случајно или прашање на добра или лоша генерација на фудбалери.

Системски се причините. Во САД имаш фудбалски средини кои работат како во европските силни клубови, а во Јужна Америка го немаш тоа.
Како?
По што приметувате дека расне фудбалот во САД а опаѓа во Јужна Америка не ми е јасно.
На клупско ниво врска немаат a тоа најубаво може да се види по Светското клупско првенство каде од КОНКАКАФ зоната никогаш не ни имало претставник од САД, и таму губат од мексиканците. Едино Златниот куп што го освојуваат преку една година.
Дека ќе го стигнат Бразил, се сомневам, но во топ 5 неевропски екипи мислам дека би влегле сигурно во наредните 5-10 години.
Ее сеа од после Бразил најјака неевропска репрезентација со тенденција да го помине и Бразил стигнавме до топ 5 што е и реален домет да речеме, мада и тоа е дискутабилно со оглед на тоа што има бар 3 Јужно Американски репрезентации појаки од САД (Бразил, Аргентина и Уругвај), па и Јапонија и Алжир кои би се носеле со американците.

Точно е дека мрдаат малце од мртва точка како што беа пред 15 години, се појавуваат некои американчиња у европските клубови ама сеа за сеа тоа е ништо. Плус додај на тоа фактот што ниеден од овие не е израснат и истрениран у Америка.
 
Џонтра, гледај процеси. Растот на фудбалот во САД и опаѓањето во Јужна Америка е нешто што си има причини, не е тоа случајно или прашање на добра или лоша генерација на фудбалери.

Системски се причините. Во САД имаш фудбалски средини кои работат како во европските силни клубови, а во Јужна Америка го немаш тоа.

Е сега, нормално дека тоа се држави со фудбалска традиција, таму фудбалот е прв спорт, секако дека се талентирани нации, но без големи промени само ќе одат надолу.

А талент има и во САД, но таму најголем проблем е талентираните деца за спорт да ги насочиш во фудбал, а не во рагби или кошарка каде има повеќе пари. А имаат се, од европјани, преку јужноамериканци до африканци.

Не за џабе се повеќе европски клубови се повеќе обрнуваат внимание на тој базен.

Така последни беа Хауард, Донован, Демпси, Алтидор, Бредли.
Од ова до сега, немале САД подобар играч од Донован, а и не знам дали во скоро време ќе имаат (Америте сега се мачат со Јамајки и Панами, веројатно ќе изгубат од Канада на наредното гостување). Тој им беше брз и спретен, а и играше супер за Америка. Другите, како што кажа со некои привремени блесоци.
 
На секои 4-5 години им се појавуваат по некои играчи што ќе пркнат малце и одма се почнува со возвишување на семоќните владетели на светот САД, доека не дојде некој Камерун и ги врати во реалноста.

Така последни беа Хауард, Донован, Демпси, Алтидор, Бредли.

Еве сеа се хајпаат Пулишиќ кој е поише повреден отколку фит, Меккени што успеа да фати место лани у Јуве а ни сам не е свесен како и зошто, тој Реина глеам игра у Дортмунд, Дест од Барса жива патарушка кој дојде ради сплет на околности.
У Рома имаат еден фијаско од играч Рејнолдс којшто најверојатно ќе се врати у Тампа Беј.
И од англиско првенство имаат двајца ако не се лажат еден од Тотенхем Картер-Викерс и уште еден не ми текнува кој беше, десен бек игра мислам.
Де Андре Једлин сеа ми текна.

Јас мислам дека и некои американски играчи намерно се купуваат од страна на големиве клубови за поголема промоција во САД.
Нешто што се правеше пред десеттина години со азијските играчи. Меккени и Дест се чист пример за ова што го зборам.
Да не биле американци никогаш немале да стигнат до Јуве односно Барса. Можам да набројам најмалку по 15 десни бекови и везни играчи од нивно ниво кои играат за Гранада, Сасуоло, Каљари (лупам тимови колку да доловам поента)...

И никогаш нема САД да биде најјаката репрезентација со исклучок на европските. Бразилците а и јужно американците во глобала се талентирани за овој спорт и кај нив е светост. Тоа што американците имаат една добра генерација во последниве 10 години не е показател дека напреднале на ниво на Бразил. Јас повеќе простор за напредок гледам кај Канада од причина што допрва они ќе имаат прилив на имигранти (имаат план за екстремно зголемување на популацијата, особено во Западна Канада) и како и сите претходно тие ќе си донесат свои традиции, вредности. А фудбалот е една од тие. Во САД овој спорт не е ниту топ 3 на национално ниво и едноставно атлетите таму се одлучуваат за бејзбол, баскет или рагби. Играа секакви ѕвезди во МЛС последниве неколку години, ниту малку не рипна популарноста на лигата.
 
Растот на Америка се должи на Германците. Еден куп играчи зимаат на млади години за во нивните школи и од таму се пробиваат. Глејте скоро сите почнале во Германија или евентуално Англија, МЛС нема никаква врска со растот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom