НБА сезона 2021/22

Кој ќе биде новиот шампион?

  • Вкупно гласачи
    75
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.140
Келдон Џонсон е пикот што го добија Спурси од Торонто во трејдот на Каваи.
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.140
За малку ќе се обрукаа Лејкерс на крај против тим кој нема ѕвезда во ростерот и без стартниот центар Пелтл па се извадија со доминацијата на АД.
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.155
Поени од реакции
7.858
КОМПЛЕТЕН ЛЕЈКЕРС напишав, а не полуинвалидизиран со 15 изостаноци секоја текма. Ова го кажувам зашто нема играч што може да го брани Дејвис, едноставно е.
Ова е можеби најголемото "ако" во спортската историја. Дејвис е за мене најстаклениот играч што некогаш заиграл, а да биде толку добар. Едноставно телото не му издржува ваков напор, не знам каде точно има проблем ама човекот никогаш немал ниту ќе има можност да изигра целосно регуларна сезона + плејоф без повреда (без да го штедат со load management).
За мене овој Лејкерс е преценет и мислам дека немаат шанси за титула.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.202
Поени од реакции
34.793
Можеби... Ама истото го слушавме и преклани, па освоија титула.
Исто го слушавме и лани, ама само пар фрик повреди стоеја меѓу нив и титула. :)

Од друга страна ајде направи сценарио каде на било кој од шампионите ќе им се повреди најдобриот играч, и кажи ми дека сепак ќе ја освоеле титулата... Во спорт повреди и среќа се составен дел колку и знаење и талент и стратегија.
Автоматски споено мислење:

Пар повредени се вратија и веднаш се осеќа (Вестбрик помалку шанси има усерува, а не дека не усеруваше)... Втора година руки е момаков иначе.
 
Последно уредено:
Член од
29 ноември 2014
Мислења
1.014
Поени од реакции
4.077
Да, но колку ќе можат пензионерите да го испратат темпото на ГСВ
Вестбрук рачунај го за минус еден играч во плејоф
Заебано е кога да ли тимот ќе победува или не зависи од еден единствен играч
А тој играч има стаклени нозе...
 
Сега се сите две години постари, и тие повреди (фрик или не) има поголеми шанси да се случат.
Не правам споредби ниту предикции која екипа без главен играч освојува или не, тоа не е тема на дискусија што ја почнав. Јас зборувам конкретно дека Дејвис е направен од стакло и едноставно не може да издржи една сезона целосно. Ниту хејтам ниту ми е гајле, од друга страна и го почитувам како играч, ама ова се фактите.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.202
Поени од реакции
34.793
Заебано е кога да ли тимот ќе победува или не зависи од еден единствен играч
А тој играч има стаклени нозе...
Врати се малку наназад, АД е еден од подобрите играчи што беше достапен а сакаше да дојде во Лејкерс. Кавај/Џорџ беа повикани, не дојдоа (пошто Лејкерс одбија да ги третираат со специјален статус, приватни авиони, недоаѓање на тренинзи, итн)... Муабетот е тим правиш со тоа што е достапно. АД има нежно здравје ама е извондреден играч.

Вестбрук рачунај го за минус еден играч во плејоф
Вестбрик освен негативни има и позитивни страни, работата на добар тренер да направи ситуација каде ќе се истакне второто а ќе се скрие првото.
Најголеми фактори за Лејкерс ќе бидат здравјето на АД/Леброн, средување на одбраната, шутирање 3-ки.

Да, но колку ќе можат пензионерите да го испратат темпото на ГСВ
Лејкерс не мора да ги пратат со темпо Вориорс, доволно е да стигнат релативно здрави во плејоф и да си ја средат одбраната и односот кон играта. Макар како 6-ти (да нема замарање со плеј-ин. А потоа би било фино со Вориорс да се сретнат во серија од 7 утакмици па да се решат дилемиве овде. :)

Да не почнувам дека на Запад има екипи што ги рачунам за далеку поголема закана за идењето на Лејкерс во финале... Не дека Вориорс не изгледаат добро на почетоков од сезоната, туку баш тоа дека е почеток на сезона. Некаде после ал-стар утакмицата ќе имаме реална слика кој е, што е, како е.
Кажувам што се фактите, не давам никакви предикции. Пошто ако Лејкерс не си ја средат си ја средат одбраната и односот кон играта нема ни до плејоф да дојдат.

Ама дека немале шанси за титула е нереално.

За мене овој Лејкерс е преценет и мислам дека немаат шанси за титула.
Сега се сите две години постари, и тие повреди (фрик или не) има поголеми шанси да се случат.
Не правам споредби ниту предикции која екипа без главен играч освојува или не, тоа не е тема на дискусија што ја почнав. Јас зборувам конкретно дека Дејвис е направен од стакло и едноставно не може да издржи една сезона целосно. Ниту хејтам ниту ми е гајле, од друга страна и го почитувам како играч, ама ова се фактите.
Повреди секогаш има шанси да се случат, ама нереално е да кажеш дека возраста е фактор во повреда што се дешава од рeтардирано странично фрлање право во ноги (на глупакот Саломон Хил во неважна утакмица). Тука и било кој помлад играч ќе изедеше повреда.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813
Многу е рано бе за титула муабети, самите играчи да ги прашаш ќе ти се изнасмеат и ќе си продолжат да работат понатака, 12-13 натпревари се изиграни само.

На Лејкерс им е битно да се здрави после јануари, на ГСВ им беше битен ваков старт после 2 ужасни сезони, да видат дека можат и да качат самодоверба ама дека сегашнава форма ќе го одлучи шампионот е нон сенс.

Ни минатата некој се надеваше на Милвоки нит па сезона претходно луѓе ги ставаа Лејкерс во фаворитите па и двете екипи си освоија, нормално прво треба да се гледа на повреди, после од кај да знаеме дали Ирвинг ќе се врати во Бруклин, Мајами се една екипа од сенка според мене која ќе чека да биде потценета и да си ги искористи шансите.

Има доста тимови и доста време до тогаш, рано е за вакви караници :D

п.с Хортон е доста добар, затоа Лејкерс одбиваа да го вклучат во било каков трејд.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.202
Поени од реакции
34.793

Oва е навистина убава офанзивна кошарка... Ама во плејоф играат екипи со подобри одбрани, посебно од втора рунда па натаму. Во плејоф играта се успорува, шутот често заладува, а екипите со еден навистина добар играч гледаат удвојувања и утројувања на истиот. Тогаш рол-плеерите ќе бидат тие кои треба да понесат дел од товарот, што со шут што со одбрана.

Како ќе се покажат младичиве од Вориорс во такви услови, тоа останува да се види. Во каква форма ќе се врати Клеј. Дали нападот ќе компензира за просечна/послаба одбрана. Итн... Сѐ се тоа непознати варијабли.
Ќе видиме. Јас повеќе сум загрижен од екипи како Денвер, па дури и Клиперс (ако Џорџ задржи форма и во плејоф, што обично не му успева).
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.202
Поени од реакции
34.793
Судиите ги спасија. Го исклучија АД за врзување патики, инаку ќе им ја онадеше мамата... :свиркам:
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.125
Поени од реакции
11.655
Кој не му се спие, гледајте си вечерва ГСВ со Бруклин, идниот шампион од овие две екипи иди.

Позз од Кер, тренериште.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom