Заебано е кога да ли тимот ќе победува или не зависи од еден единствен играч
А тој играч има стаклени нозе...
Врати се малку наназад, АД е еден од подобрите играчи што беше достапен а сакаше да дојде во Лејкерс. Кавај/Џорџ беа повикани, не дојдоа (пошто Лејкерс одбија да ги третираат со специјален статус, приватни авиони, недоаѓање на тренинзи, итн)... Муабетот е тим правиш со тоа што е достапно. АД има нежно здравје ама е извондреден играч.
Вестбрук рачунај го за минус еден играч во плејоф
Вестбрик освен негативни има и позитивни страни, работата на добар тренер да направи ситуација каде ќе се истакне второто а ќе се скрие првото.
Најголеми фактори за Лејкерс ќе бидат здравјето на АД/Леброн, средување на одбраната, шутирање 3-ки.
Да, но колку ќе можат пензионерите да го испратат темпото на ГСВ
Лејкерс не мора да ги пратат со темпо Вориорс, доволно е да стигнат релативно здрави во плејоф и да си ја средат одбраната и односот кон играта. Макар како 6-ти (да нема замарање со плеј-ин. А потоа би било фино со Вориорс да се сретнат во серија од 7 утакмици па да се решат дилемиве овде.
Да не почнувам дека на Запад има екипи што ги рачунам за далеку поголема закана за идењето на Лејкерс во финале... Не дека Вориорс не изгледаат добро на почетоков од сезоната, туку баш тоа дека е почеток на сезона. Некаде после ал-стар утакмицата ќе имаме реална слика кој е, што е, како е.
Кажувам што се фактите, не давам никакви предикции. Пошто ако Лејкерс не си ја средат си ја средат одбраната и односот кон играта нема ни до плејоф да дојдат.
Ама дека немале шанси за титула е нереално.
За мене овој Лејкерс е преценет и мислам дека немаат шанси за титула.
Сега се сите две години постари, и тие повреди (фрик или не) има поголеми шанси да се случат.
Не правам споредби ниту предикции која екипа без главен играч освојува или не, тоа не е тема на дискусија што ја почнав. Јас зборувам конкретно дека Дејвис е направен од стакло и едноставно не може да издржи една сезона целосно. Ниту хејтам ниту ми е гајле, од друга страна и го почитувам како играч, ама ова се фактите.
Повреди секогаш има шанси да се случат, ама нереално е да кажеш дека возраста е фактор во повреда што се дешава од рeтардирано странично фрлање право во ноги (на глупакот Саломон Хил во неважна утакмица). Тука и било кој помлад играч ќе изедеше повреда.