Визаир бара да бидеш вакциниран за да купиш карта онлине ?
И за Германија може со пцр?
За првото НЕ. Тоа си е на твоја одговорност, дали си вакциниран, истечен пасош, немаш пасош, ти можеш да купиш карта. А дали ќе те пуштат е на твоја е одговорност.
Германија моментално може со вакцина (една од 4те во ЕУ) и поминати 14 дена од втората доза.
За влез во СР Германија од Република Северна Македонија се воведуваат истите ограничувања кои важеа пред нивното укинување во јули годинава. Ограничувањата почнуваат да важат од 22.08.2021 година. За оние кои се престојувале во високоризична земја 10 или повеќе дена повторно е задолжителна електронската регистрација пред патувањето, како и задолжителен 10 дневен карантин по влегувањето во СРГ, кој може да биде прекинат со негативен ПЦР тест по петтиот ден од престојот.
Доказот за вакцинација, оздравување се прикачува на крајот од пополнувањето на дигиталната регистрација за влез Влезот во СР Германија за било каква друга цел, како посети и туризам е возможен само за целосно вакцинираните лица и тоа само со вакцините кои ги признава ЕУ а со тоа и СРГ (Бионтек/ Фајзер, Астра Зенека, Џонсон и Џонсон и Модерна). При тоа последната примена вакцина треба да биде најмалку 14 дена пред датумот на патувањето. За лица кои не се вакцинирани, влез во СРГ е можен само во исклучителни и итни случаи, главно од здравствени причини, како што беше и во минатото.