Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
@Ron Burgundy каде се скри? Уште ти го паметам ова:

После се премисли и го напиша ова:

Изборите поминаа, владата ќе падне, до каде се мотивациските мерки!? :coffee:

не се секирај Дамби, ќе ве цвикнат :coffee: имате среќа што нема министер и саглам влада, што може да биде поразително у периодов што претстои. Али тоа е тоа.
 
Со еуфорија го чекаме падот на оваа влас. Се надевам дека ќе се поклопи датумот со падот на Берлинскиот ѕид. Влас (со жаргонот на Заев) која постави ѕидови во самото општество, кое направи граѓани од втор ред, која ја урна кревката економија, која остави зад себе економска, енергетска, финансиска, здравствена и фискална криза.

Очекувам на владина седница да се укинат мерките, тоа е попатно гласање, 5 мин работа и Нова да си чекаме во кафана. :pijani:
 
не се секирај Дамби, ќе ве цвикнат
Ронче, не се грижи за антиваксериве многу, остави ги ти нив, туку ти дали се вакцинира со трета доза? Да знаеме дали ја исполни својата граѓанска должност кон старите и болни лица.
 
Последно уредено:
Со еуфорија го чекаме падот на оваа влас. Се надевам дека ќе се поклопи датумот со падот на Берлинскиот ѕид. Влас (со жаргонот на Заев) која постави ѕидови во самото општество, кое направи граѓани од втор ред, која ја урна кревката економија, која остави зад себе економска, енергетска, финансиска, здравствена и фискална криза.

Очекувам на владина седница да се укинат мерките, тоа е попатно гласање, 5 мин работа и Нова да си чекаме во кафана. :pijani:

Дамби, со сите ствари што ги наброја, тебе кафаните први ти се на списокот. :vrtioci:
 
Ронче, немам моќ и улога да влијаам врз политичките одлуки и решенија поврзани со сите набројани проблеми.

Но тоа не значи дека не треба да пронајдам мигови за уживање со моето семејство во овие бурни времиња. :)
 
Се утепа од уживање гледам 24/7 на кајгана откога почна пандемијава. Цела криза ја помина во детската со конфедерациското знаме над тебе, та до кафаните му дошло.
 
Дамби, со сите ствари што ги наброја, тебе кафаните први ти се на списокот. :vrtioci:

Инаку јас фатив корона од кафана во затворен простор и седев со невакцинирани. Нив ништо не им беше а јас сеуште се оправам а бев вакциниран.

Поентата ми е џабе ти се вакцини и кога тогаш ќе дојдеш со контакт со вирусот и ќе мора да си го стекнеш природниот имунитет.
 
Секој со своето друже. Мене не ми е еден од приоритетите моментално да се заразам.
 
https://www.jutarnji.hr/vijesti/svi...8CVxjkMSIFD_PPyHgUTFOLAoig339zIvgEPrCdFMWzMb0
Автоматски споено мислење:

ОХИ, нема ЛЕК за настинка... а има Супер настинка , бидејќи луѓето со маските го намалија имунитетот на настинката
 
Секој со своето друже. Мене не ми е еден од приоритетите моментално да се заразам.
На никој не му е приоритет да се зарази. Јас можеби и повеќе сум се пазил од тебе ама ете се случува и да не бидеш изненаден ако пројавиш симптоми оти вакцината има минимална заштита за против зараза.

Вирусот е мутитан неколку пати и нема поента да се вакцинираш ако си млад и здрав со вакцина која гледаме дека нема никаква заштита од зараза, секако ја имаш истата заштита против хоспитализација и смрт со две или двеста вакцини.
 
тешки зборови фрлаш друже. Немале вакцините никаква заштита против хоспитализацијаа или смрт. Од каде го донесе овој заклучок?
Од кинеските што штитат како дупнат куртон или од другите?
 
тешки зборови фрлаш друже. Немале вакцините никаква заштита против хоспитализацијаа или смрт. Од каде го донесе овој заклучок?

Од официјална статистика на МЗ.

Кажи ми цел живот ли имаш план да се вакцинираш против коронава? Ќе ја примиш ли евентуалната 4та доза? Знаеш ли колку смешно звучите?

Не можеш ти животот да го живееш како да си хермитички затворен, прифати ја реалноста дека кога тогаш ќе се заразиш.
 
која статистика на МЗ, дај линк
 
која статистика на МЗ, дај линк

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со ковид-19, во период од 6 август заклучно со 4 ноември.

Според статистиката, во овој период починале 1.688 пациенти со ковид 19. Од нив, 1.376, односно 82 отсто не биле вакцинирани, а 18 отсто, односно 312 примиле вакцина. Починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

Во истиот период, на територија на државата 48.955 граѓанин, се позитивни од тестирани на ковид-19, од нив 28 отсто биле целосно вакцинирани, односно 13.886 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид-19. Според статистика за изминативе два месеци, 35.069, граѓани, односно 72 отсто од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани.

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 78 проценти, додека 22 отсто од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom