Снукер

  • Креатор на темата Креатор на темата shadow_rr
  • Време на започнување Време на започнување
Светски Шампионат во Снукер 2021
од 17 април 2021 до 3 мај 2021
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

27 април 2021
Единаесетти ден - Четвртина финале:

Утре, среда, 28 април 2021, треба да продолжат и да завршат мечовите од четвртина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021:

11:00; 20:00. Марк Вилијамс 2:6 Марк Селби;
11:00. Нил Робертсон 8:8 Кајрен Вилсон;
15:30. Антони МекГил 9:7 Стјуарт Бингам;
15:30; 20:00. Шон Марфи 4:4 Џад Трамп.
 
Вртев по страниве и не го најдов ова.




Louis Heathcote produced what has been called 'one of the most extraordinary shots in snooker history' during his World Championship qualifier. The 23-year-old found himself snookered and ....



Веројатно ова е најдобриот снукер потег шо сум го видел у животов. Не бе веројатно, најдобриот е.
 
Веројатно ова е најдобриот снукер потег шо сум го видел у животов. Не бе веројатно, најдобриот е.
Малку е веројатно дека планот му бил да ја „стави“ :)

види го ова :)
 
Последно уредено:
Светски Шампионат во Снукер 2021
од 17 април 2021 до 3 мај 2021
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

28 април 2021
Дванаесетти ден - Четвртина финале:

Нил Робертсон 8:13 Кајрен Вилсон;
Антони МекГил 12:13 Стјуарт Бингам;
Марк Вилијамс 3:13 Марк Селби;
Шон Марфи 13:11 Џад Трамп;

Утре, четврток, 29 април 2021, во полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021 силите ќе си ги измерат:

14:00. Стјуарт Бингам - Марк Селби;
20:00. Кајрен Вилсон - Шон Марфи;

Во полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021 се игра до максимални 33 фрејмови, односно во финалето ќе продолжат играчите кои први ќе освојат 17 фрејмови.

Вртев по страниве и не го најдов ова.


Louis Heathcote produced what has been called 'one of the most extraordinary shots in snooker history' during his World Championship qualifier. The 23-year-old found himself snookered and ....

Веројатно ова е најдобриот снукер потег шо сум го видел у животов. Не бе веројатно, најдобриот е.

И кај нас објавија за потегот на Луис Хиткот за време на неговиот квалификациски меч против Рајан Деј во кој изгуби во последен одлучувачки 11-ти фрејм со резултат 5:6 .

https://off.net.mk/offside/razno/spiesh-li-mirno-roni-osaliven

Спиеш ли мирно Рони О'Саливен?

14 Април 2021 - 13:57

Се вика Лиус Хиткот, има 23 години и според многумина го изведе најјакиот снукер удар во историјата, кој се случи во неделата на квалификациски меч за Светско. Режија за стап си што не ни дозволи да го видиме во живо, па мораше со репетиција да се задоволиме.



318574-spiesh-li-mirno-roni-osaliven.jpg


318573-spiesh-li-mirno-roni-osaliven.jpg
 
28 април 2021
Дванаесетти ден - Четвртина финале:

Нил Робертсон 8:13 Кајрен Вилсон;
Антони МекГил 12:13 Стјуарт Бингам;
Марк Вилијамс 3:13 Марк Селби;
Шон Марфи 13:11 Џад Трамп;

Утре, четврток, 29 април 2021, во полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021 силите ќе си ги измерат:

14:00. Стјуарт Бингам - Марк Селби;
20:00. Кајрен Вилсон - Шон Марфи;
Вчера толку не му беше денот на Трамп тоа беше чудо... Какви нетипични грешки правеше, изгледаше тотално дефокусиран...
Од друга страна драго ми е Марфи што отиде во полуфинале, малце ќе добие поттик.
 
Светски Шампионат во Снукер 2021
од 17 април 2021 до 3 мај 2021
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

29 април 2021
Тринаесетти ден - Полуфинале:

Утре, петок, 30 април 2021, треба да продолжат мечовите од полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021:

11:00; 20:00. Стјуарт Бингам 4:4 Марк Селби;
15:30. Кајрен Вилсон 6:2 Шон Марфи.
 
Супер е што викендов нема да се игра фудбал во Бундес лигата во Германија и нема да има фудбалски преноси на Еуроспорт и така ќе има простор на Еуроспорт во целост да се следи на мир завршницата од Светското првенство.

Мислам дека ќе биде еден вид на космичка правда Марк Селби да ја освои титулата оваа година и да надомести за испуштената шанса за титула од лани. Но сега и Кајрен Вилсон е со много поголемо искуство.

Лани Селби испушти 16-14 во полуфиналето против Рони О' Саливен, и самиот Рони О' Саливен пред некое време даде изјава со која го'' пецна'' Селби изјавувајќи дека Селби нема да го преболи тој пораз долго време.

Да, јас лично самиот има долго да го паметам тој полуфинален меч од Светското во 2020 година кога Рони О' Саливен изведуваше удари без логика на сила т.н '' бог нека е на помош'' и успеваше да остане безбеден. Кога на мене во сеќавање ќе ми остане долго време тој полуфинален меч, јасно е низ каков ментален пекол поминал Селби после тој пораз и како му е тешко.
 
Светски Шампионат во Снукер 2021
од 17 април 2021 до 3 мај 2021
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

30 април 2021
Четиринаесетти ден - Полуфинале:

Денес, сабота, 1 мај 2021, треба да продолжат и да завршат мечовите од полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021:

11:00; 20:00. Кајрен Вилсон 10:6 Шон Марфи;
15:30. Стјуарт Бингам 13:11 Марк Селби.
 
Светски Шампионат во Снукер 2021
од 17 април 2021 до 3 мај 2021
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

1 мај 2021
Петнаесетти ден - Полуфинале:

Кајрен Вилсон 12:17 Шон Марфи;
Стјуарт Бингам 15:17 Марк Селби;

Утре, недела, 2 мај 2021, започнува финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021, каде што силите ќе си ги измерат:

Шон Марфи - Марк Селби.
 
Мислам дека Селби ќе победи во финалето и ќе ја освои титулата. Ова ќе биде космичка правда за она што го пропушти Селби на Светското првенство во 2020.

Првите две титули Селби ги освои со победи од 18-14 против Рони О' Саливен во 2014 и во 2016 против Динг, додека третата титула во 2016 ја освои со победа од 18-15 против Хигинс.
Мислам дека и сега со 18-15 ќе победи против Марфи и ќе освои 4 титула светски шампион.

ПС: Марфи ми беше забавен кога еуфорично прослави победа на Џад Трамп во 1/4 финалето, и кога губеше 10-4 против Кајрен Вилсон и кога успеа на крај на втора сесија да го намали резултатскиот заостаток на 10-6 и тогаш Марфи ги стегна тупаниците. :)
 
Светски Шампионат во Снукер 2021
од 17 април 2021 до 3 мај 2021
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

2 мај 2021
Шеснаесетти ден - Финале:

Денес, понеделник, 3 мај 2021, треба да продолжи и да заврши финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021:

14:00; 20:00. Шон Марфи 7:10 Марк Селби;

Судијата кој го води мечот е 50 годишниот Велшанец Пол Колиер, на кого ова му е трето финале на Светскиот Шампионат во Снукер кое го води.

Во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021 се игра до максимални 35 фрејмови, односно шампионскиот трофеј, титулата Светски Шампион во Снукер 2021 и паричната награда во износ од 500.000 (ПЕТСТОТИНИ ИЛЈАДИ) британски фунти, ќе ги освои играчот кој прв ќе освои 18 фрејмови, додека на финалистот му следува вице-шампионскиот медал и парична награда во износ од 200.000 (ДВЕСТОТИНИ ИЛЈАДИ) британски фунти.
 
Преска, предходната сесија да го земеше Марфи фрејмот кога мислам сината му излезе од дупка ќе беше сега 16-16... како и да е поатрактивна игра од Марфи финалево само што нема воопшто среќа.
 
Светски Шампионат во Снукер 2021
од 17 април 2021 до 3 мај 2021
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

3 мај 2021
Седумнаесетти ден - Финале:

Шон Марфи 15:18 Марк Селби;

На 37 годишна возраст, Англичанецот Марк Селби ја освои 20-та рангирачка титула во својата професионална снукер кариера и по 4-ти пат ја освои титулата Светски Шампион во Снукер, откако во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021 извојува победа над својот 38 годишен сонародник Шон Марфи со резултат 18:15 .

Со завршувањето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021 официјално завршува и снукер сезоната 2020/2021.

Календарот за новата снукер сезона 2021/2022 допрва треба да биде објавен.
 
Преска, предходната сесија да го земеше Марфи фрејмот кога мислам сината му излезе од дупка ќе беше сега 16-16... како и да е поатрактивна игра од Марфи финалево само што нема воопшто среќа.
Според мене еден од решавачките фрејмови беше кога Марфи ја промаши последната црна на средната лева дупка. Уствари како не падна таа, мистерија.

А исто и црвената во последниот фрејм, тие две ситуации можеа мн лесно да го сменат текот на мечот.

Во секој случај заслужена победа на Селби иако не изигра ништо специјално, но доволно за победа.
 
Според мене еден од решавачките фрејмови беше кога Марфи ја промаши последната црна на средната лева дупка. Уствари како не падна таа, мистерија.

А исто и црвената во последниот фрејм, тие две ситуации можеа мн лесно да го сменат текот на мечот.

Во секој случај заслужена победа на Селби иако не изигра ништо специјално, но доволно за победа.
Марфи имаше подршка од публиката, не играше „на сигурно“ за разлика од Селби. Селби е попресметан и одличен во дефанзива. Сепак, публиката не сака „ладни“ играчи барем по мое мислење. Кај него приметувам дека му пречи што ги нема симпатиите како Рони или еве како Марфи.
Како и да е, интересен меч, Марфи се бореше до последно и да не му беше толку лоша претходната сесија имаше реални шанси да победи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom