За два месеца од сега, со експлозија на цени, неминовни ковид проблеми и ново резилење со Бугарија, СДС може да очекуваат уште поголемо тонење, како и да ја вртат. За нив како партија одржување ова зомби од Влада во живот најмногу кошта, коалиционите партнери оштрат ножеви за уште повеќе ресори од тие што несразмерно ги имаат сега, а сметката кога трга се наопачки ја плаќа исклучиво СДС.
Најразумно би било и за нив да прифатат избори поскоро, да пробаат да го прекинат крварењето и да тргнат со ова што го имаат, ама кога гзот е даден под кирија и хипотеките се активираат, нема многу простор за разум.