Далечната 2009та година, тешки времиња, режимски, овие храбри дечки искачаат на плоштад да пеат против изградба на религиозни објекити. Нормално како и сега, и во тоа време фокусот е само на страната кај каурите, додека изградба на религиозни објекти од другата страна на Вардар е тема која не ги интересира. Под превезот на "Не за религиозните објекти на нашиот плоштад!" се искажува една силна порака дека се против СИТЕ религиски објекти, но, да не се лажеме, ова е далеку од реалноста.
За иронијата да биде уште поголема, после 8 години, на истово место каде што е снимено видеово, нивниот пулен и човекот кој требаше да го заштити Скопје од ликови како Груевски и Коце кои го упропастија градот (нивни зборови), човекот кој беше донесен како херој на градоначалничката функција, големиот Петре Шилегов, гради едно огромно пасиште за овци, за да можат овците како нив да имаат каде да пасат. Они напасени, градот спасен. WIN WIN !