Serie A 2021/2023

  • Креатор на темата Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.
Многу слабости имаме, и никаква игра. На сила ако влезе, на индивидуални потези. Многу мачна ситуација, ама во лигава има некои 6-7 екипи кои можат да одиграат нешто, другите се преслаби и резултатите како овој моменталниот не залажуваат.

Тренерите што некогаш беа за од четврто до седмо место , сега се од прво до трето :icon_lol:
 
Тренерите што некогаш беа за од четврто до седмо место , сега се од прво до трето :icon_lol:
Стварно, кој би рекол дека Спалети, Пиоли и Симоне Инзаги некогаш ќе играат за титула. :LOL:
 
Колку и да е лесно да се правиме генерали после војната во овие 11 кола(иако е сеуште рано) сепак мора да се потенцира уште еднаш споредбата на Алегри и Конте како тренери посебно од кај Јувенташите кои го возвишуваа Алегри дека е тактички подобар од Конте и генерално подобар тренер....чиста илузија.

Лесно е да си тренер кога имаш готова екипа што треба да ја надоградуваш...тешко е кога немаш тим и треба да градиш од ново...тука се гледаат тренерските квалитети и капацитет...со Конте никогаш Јувентус немаше да има толку порази и да игра вака мизерно.

Мене лично ми одговара и дај боже никогаш да не се кренат...ама факт е дека Конте е премногу потценет тренер....Конте е роден победник и гаден лик каде што нема лабаво...тој е чоекот што всадува победички менталитет и ти прај филм дека си подобар ...можеби е комплексен лик шо се расправа ама нема појак од него.

Ќе видите ако оди во Јунајтед како ќе играат...ќе ги трансформира за неколку месеци и ќе личат на екипа.
Тоа е зашто фановиве на екипите се субјективни до максимум а конте не ја држи устата затворена. Пример навивачи на интер го хејтаат иако им донесе титула после богзнае колку години, зашто си отиде поради намалување на платите. А објективно да глеаме, истото би го напраиле и Гвардиола и Зидан и било кој тренер кој се возвишува до максимум.
Истото беше и во Јуве, ретко кој фан ќе му одаде признание за тоа што го напраи. Зашто? Зашто тренираше други тимови и ради неговите изјави. Нема ниеден објективен да каже дека Конте го извади Јуве од тешки говна, од позиција на underdog и им остаи далеку полесна работа на наредните тренери.
 
Прв хет-трик на Влаховиќ во Сериа А сезонава, трет вкупно во кариерата во Италија. После оној против Беневенто и Јувентус, падна курбан и Специја.

Ако Комисо бараше 80 милиони по шоуто со Јуве лани, сега сигурно италијанските медиуми ќе стиснат хајп-гас и цената ќе достигне 120, 130 милиони евра.

Неверојатно.
 
Добро бе, па нема да одиме по бајачки да прават магии за Влаховиќ да пропадне. :)

Нека стигне дечкото до врвот, но...

...тешко пред Халанд :D
 
Ако Комисо бараше 80 милиони по шоуто со Јуве лани, сега сигурно италијанските медиуми ќе стиснат хајп-гас и цената ќе достигне 120, 130 милиони евра

Тешко, уште една година има од договорот,а несака да потпише нов...максимум што можат да му извадат се 60 до 70 милиони (Слично како со Киеза)
 
Тешко, уште една година има од договорот,а несака да потпише нов...максимум што можат да му извадат се 60 до 70 милиони (Слично како со Киеза)


Знам, туку бев саркастичен и реферирав на некои претходни себебербатења на темава деновиве.
 
Го гледам составот на Салернитана и само двајца фудбалери ми се познати.

А нешто демек пратам италијански фудбал.
 
Го гледам составот на Салернитана и само двајца фудбалери ми се познати.

А нешто демек пратам италијански фудбал.

Па освен ако не гледаш и Серија Б тешко да знаеш повеќе од Бонаѕоли, Рибери и тој Кастанос, кипарецот од Јуве.
На клупа од Серија А играчи ги имаат Сими и Жоел Оби.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom